ЦРКВА И РЕВОЛУЦИЈА: „Одвојување“ на Црквата од државата

На дваесетти јануари/2 февруари болшевистите го издадоа својот декрет за Одвојување на Црквата од државата и училиштата од Црквата, а беше прикриен под насловот „Декрет за слобода на совеста, црквите и религиозните организации“. До тогаш, тоа беше најголемиот напад на болшевиците на интегритетот на Црквата. Со овој декрет, на религиозните организации им е забрането да поседуваат свој имот, да зимаат прилози, да се организираат во иерархиски структури и да им предаваат веронаука на лица помлади од 18 години. Така да, тоа воопшто не беше декрет во корист на слободата на совеста, туку, како што констатираше Соборот, слобода од совеста за оправдување на најголемите кражби по црквите и убиства, често и најѕверски.

            Овој декрет предизвика бурна реакција кај поедини членови на Соборот. Така еден од нив извика: „Ние го симнавме царот и се потчинивме на евреите !“ А друг, рече: „Единствен спас за рускиот народ е мудар православен руски цар!“ Соборот ги повика верните на заштита на црковниот имот и наскоро почнаа да доаѓаат вести за народни групи кои ги спречуваа чиновниците и војската да го спроведат декретот. Во знак на протест неколку стотини илјади луѓе поминале со литија во Петроград.

            Соборската оддел одреден да направи извештај за тој декрет ја даде следната препорака: „Лицата кои имаат државна власт дрско се обидуваат да го уништат и самото постоење на Православната Црква. За да го остварат овој сатански план, советските народни комесари објавуваат декрет за одвојување на Црквата од државата, со кој се легализира отворениот прогон не само на Православната Црква, туку и на сите други верски заедници, христијански или нехристијански. Не срамувајќи се од лагите, непријателите Христови се прикриваат, и се преправаат како демек даруваат религиозна слобода… Под изговор одвојување на Црквата од државата Советот на народни комесари сака да го оневозможи и самото постоење на црквите, црковните организации и свештенство. Под изговорот преземање на црковниот имот, споменатиот декрет тежи да ја уништи и самата можност за извршување на богослужби. Тој вели дека „ниту една црковна или религиозна организација нема право да поседува имот и „целиот имот на постоечките цркви и верски заедници во Русија да се прогласи за национално добро“. Со самото тоа, православните цркви и манастири во кои почиваат свети мошти кои ги почитуваат сите православни, се заеднички имот на сите граѓани без разлика на нивната вера: христијани, евреи, муслимани и незнабошци, а светињите наменети за богослужби, светиот Крст, свето евангелие, свештени садови, свети чудотворни икони се наоѓаат во сопственост на државните власти кои можат да допуштат или да не допуштат (како сакаат) на парохиите да ги користат. Русите нека сфатат, дека тие (т.е. болшевичката власт) сакаат да ги лишат од нивните храмови Божји, со светињите во нив! Бидејќи речиси целиот имот е одземен, невозможно е да се пружи било каква помош. Бидејќи, според замислата на декретот, се што е дарувано ќе биде одземено. Издржувањето на манастирите, црквите и свештенството исто така станува невозможно. Но, тоа не е се: по конфискувањето на печатницата, за Црквата невозможно е независно да издава свето евангелие, како и други свештени и богослужбени книги со потребна чистота и автентичност. На ист начин, декретот го погодува и свештенството на Црквата. Објавувајќи дека „никој не може да одбие да ги исполнува своите граѓански должности повикувајќи се религиозни погледи“, тој самиот ги присилува на вршење воена служба, која им е забранета со 83 Апостолско правило. Истовремено, служителите на олтарот одалечени се од образувањето на народот. Не е допуштено предавање на Законот Божји, не само во државните, туку и во приватните училишта. Освен тоа, сите богословски школски институции осудени се на затварање. Со самото тоа, Црквата е лишена од можноста да школува свои пастири.

            Врз основа на погоре спомнатите причини свештениот Собор одредува:

  1. Декретот издаден од страна на Советските народни комесари за одвојување на Црквата од државата, иако се претставува како закон кој објавува слобода на совеста, всушност е злонамерен напад врз животот на Православната Црква и акт на отворено гонење.
  2. Ниту еден облик на учествување, било во објавувањето на овој закон, кој е неправеден кон Црквата, било во обидите на негово практично спроведување, не е ускладлив со припадноста кон Православната Црква и сите виновници кои припаѓаат на православната заедница се подлложуваат на најтешки казни, се до исклучување од Црквата (согласно 73 правило на Светите Апостоли и 13 правило на Седмиот Вселенски Собор)“.

Овие одлуки беа прифатени на Соборот и станаа официјален одговор на Руската Црква на декретот (25 јануари/7 февруари). Во ист дух, на 15 април Соборот го издаде следниот указ: „Свештениците кои служат во антицрковни установи, исто како и оние кои го спроведуваат на дело декретот за слобода на совеста и други акти штетни за Црквата, подлежат на забрана за свештенодејствие, а доколку не се покајат, ќе бидат лишени од чинот“. Така, преку декретите на советската држава и возвратните акти на Православната Црква отворено е отворено непријателство помеѓу нив.

Прославување на нови Маченици и Исповедници.

На 31 март/ 13 април во црквата на московската Духовна Академија отслужена е Литургија за оние кои се убиени поради православната вера и Црква. Во уредбите од 5 април под наслов „За мерките предизвикани од актуелното прогонство на Православната Црква“ Соборот го востанови следното:

„1. Во храмовите за време на Богослужбите се востановува особено молење за оние кои денес се прогонуваат за православната вера и Црква, и оние кои како Исповедници и Маченици го завршија својот живот;

2, Да се прави свечено молење: а) спомнување на покојникот за упокојување со светиите и б) благодарност за спасение на оние кои останале во живот;

3, на 25 јануари (денот на мачеништвото на Митрополит Киевски Владимир) или во следниот неделен ден (вечерта) годишен молитвен спомен на сите Исповедници и Маченици упокоени во оваа година на лути гоненија;

4, во сите парохии каде што има од оние кои како Исповедници и Маченици пострадаа за Верата и Црквата, во понеделникот од втората седмица по Велигден, да се организира и направи литија до местото на нивното погребение, каде што треба да се отслужат свечени парастаси со прославување свети спомени за нив“.

            Точките 3  и 4 од оваа одредба беа мртво слово на хартија преку најголемиот советски период. Сепак, во ноември 1981 г. Руската Задгранична Црква канонизираше нови маченици, и од тогаш молитвеното почитување на новите маченици и прославувањето на нивните празници се во постојанен пораст во Русија, што допринесе, како што велат некои, пад на комунизмот во 1991 година. Така може да се каже, дека, прославувањето на новите маченици, кое сериозно започна во април 1918 година, претставуваше прв чекор во правец на воскреснување на Русија.

            Овие мерки недвосмислено го осудуваат пристапот на советската Московска Патријаршија која поголемиот дел од дваесетиот век изјавуваше дека новите исповедници и маченици се „политички злосторници“ кои заслужуваат потсмев, а не прославување.

Продолжува…

Превод: СВЕТА РЕВНОСТ.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *