ЦАРИГРАДСКА ПАТРИЈАРШИЈА ИЗВРШИ „ПОГРЕБАЛНА ЦЕРЕМОНИЈА“ НА КУЧЕ

Голем скандал се случи во еден храм на Цариградска Патријаршија во Соединетите Американски Држави. Екуменизмот си го прави своето. Свештеник на Вселенската Патријаршија во Детроит изврши погребална церемонија на полициско куче. Кучето беше кремирано и неговиот прав беше положен пред иконостасот и „испратен“ со звуци на гајда.

Во Успенскиот храм на Цариградска Патријаршија во градот Сент Клер Шорс, Мичиген – САД, се помолија за полициско куче кое е убиено при извршувањето на своите обврски, соопшти РОМФЕА повикувајќи се на телевизискиот канал “FOX 2“.

Офицерите на градот решија да му одадат почит на животното и организираа церемонија на опростување во месниот православен храм кој се наоѓа во јурисдикција на Вселенската Патријаршија. Настојателот на Успенскиот храм отец Михаил прочита молитва во која се заблагодари на Бога Кој ги создаде животните за служење на луѓето.

88 правило на Трулскиот Собор забранува влез на животни во храмот Божји: „Никој да не воведува никакво животно во светиот храм, освен ако некој патник принуден од голема потреба, немајќи куќа и гостилница, треба да преноќи во таквиот храм… Ако пак некој се затекне, според кажаното, без потреба да внесува животно во храмот, ако е клирик нека се расчини, а ако е лаик нека биде одлачен (Лаод. 28; Трул. 74, 76, 97).“ По влегувањето на животното во храмот потребно е да се изврши преосветување на храмот.

RIP Axe: A memorial service for K-9 officer Axe at Assumption Greek Orthodox Church in St. Clair Shores. Police said Theoddeus Gray shot and killed Axe as the K9 was trying to track him down. Police shot back and killed Gray. MORE: https://bit.ly/2B6erfW

Posted by FOX 2 Detroit on Среда, 14 ноември 2018

 

Подготовка и превод: СВЕТА РЕВНОСТ.

Извори: spzh.news  БОРБА ЗА ВЕРУ

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *