ХРИСТОС СЕ РОДИ!

Небото и земјата заедно нека се веселат со пророците, ангелите и луѓето нека торжествуваат, зашто Бог Кој се роди од Дева им се јави во тело на оние што седат во темнина и во смртна сенка. Пештерата и јаслите Го примија, пастирите го проповедаат чудото, мудреците од Исток носат дарови во Витлеем, а ние со недостојни усти заедно со ангелите да Му запееме: Слава на Бога во висините, а на земјата мир, зашто дојде Оној што Го очекуваа народите, за да не спаси од ропството на непријателот.

Денес кога се роди Христос, небото и земјата се соединија, денес Бог дојде на земјата, а човекот се искачи на небото, денес невидливиот по природа, заради човекот станува видлив по тело. Затоа и ние, славејќи да Му запееме: Слава на Бога во висините, а на земјата мир, што го дарува Твоето пришествие, Спасителу наш, Слава Ти.

ХРИСТОС СЕ РОДИ !

НАВИСТИНА СЕ РОДИ !

 

Стихири на Рождество Христово

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *