+ ХРИСТОС СЕ РОДИ +

“Слава на Бога во висините, а на земјата мир и меѓу луѓето добра волја” (Лк. 2, 14).

Пееја ангелите на небото, кога Синот Божји се роди во Витлеем. “Слава на Бога во висините” и сега се пее на небото, и во сите векови, не замолчувајќи ниту за миг. Непрекинато Го славословуваат ангелите. “Свет, свет, свет”, воскликнуваат шестокрилните серафими и многуолите херувими, Му се поклонуваат небројното мноштво ангели. Бездушната твар го слуша Него: свети сонцето и со своите зраци ја затоплува земјата, месечината ја растерува ноќната темнина, сјајат ѕвездите, небото материјално, подржувајќи го Небото духовно, според своите сили во висините го слави Творецот на вселената.

А на земјата има ли мир, за кој пееја ангелите во ноќта кога се роди Младенецот Христос во сиромашната пештера?

Св. Јован Шангајски

Превод: СВЕТА РЕВНОСТ.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *