ХОМОСЕКСУАЛНОСТ И НАУЧНИ СТУДИИ

Дали хомосексуалците се „такви од раѓање“ и дали тоа е важно?

 

Хомосексуалните активисти често тврдат дека се родени како хомосексуалци и дека нивната сексуална ориентација е иста како што се бојата на очите и родените како левичари. Трој Пери, поранешен пентакосталец, основател на „Црква“ на метрополитански заедници на хомосексуалците, за својата хомосексуалност вели: „Јас едноставно така сум роден“. Со други зборови, поради биолошките фактори многу хомосексуалци тврдат дека нивната сексуална склоност е неминовна и непроменлива и поради тоа општеството мора да го прифати хомосексуалниот начин на живот како нешто нормално и дека треба да биде заштитен со законите за граѓански права за да се спречи неправедната дискриминација против хомосексуалците. Погледајте како оваа идеја за биолошки детерминизам во последните години се повеќе се користи: во 1940 г. само 9 проценти од хомносексуалците тврдат дека се „такви од раѓање“, а до 1983 г. тој број е пораснат на 22 проценти, додека до 1990 година веќе изнесува преку 35 проценти. Но, ова истовремено значи, дури и денес, дека две третини од хомосексуалците не веруваат дека „такви се од раѓање“, а зошто тогаш во тоа да веруваат повеќето хетеросексуалци?

А доколку хомосексуалецот навистина е хомосексуалец од раѓање, тогаш следува аргументот дека општеството не може рационално да очекува од него да престане со таквото однесување или да стане хетеросексуалец. Не е праведно од било кого  да се очекува да промени она што биолошки е. Ова значи дека хомосексуалноста е „нормално“, па дури и „морално“ однесување за еден хомосексуалец. Разгледајте ја силата на овој аргумент. Ако личноста е хомосексуална поради вродената биолошка состојба, тогаш својата хомосексуалност може да ја промени само ако најде начин да ја промени  својата биолошка природа. Но, и ден денес не постои доказ дека е возможно да се направи таква длабока физичка промена. Од ова произлегува дека хомосексуалецот нема никакви шанси да се промени.

Импликациите од овој став се следни: хомосексуалецот не може да се промени и поради тоа мора да се променат сите аспекти на општеството вклучувајќи ги образованието, религијата и законите. Биолошкиот детерминизам не само што влијае на нашиот генерален став кон хомосексуалноста, туку и на нашиот пристап на советување и лечење – тоа е бескорисно затоа што промената е невозможна.

Ова логично води кон легализација на хомосексуалните видови. Тие не само што мораат да бидат прифатени како социјално легални за хомосексуалците, туку преку образованието тие мора да се промовираат како „опција на нормален начин на живот“ бидејќи секогаш ќе постои еден процент на деца кои ќе бидат „такви од раѓање“.

Некои тврдат дека и самата Црква мора законски да биде принудена, доколку тоа е потребно, да ја напушти својата „нормална“ дискриминација против хоносексуалното однесување и да прифати позиција која е во склад со научните „факти“.

Но, дали е вистина дека хомосексуалните мажи и жени биолошки се предодредени за одредена врста сексуалност?

 

ДАЛИ СЕ ВЕРОДОСТОЈНИ ОНИЕ СТУДИИ КОИ ТВРДАТ ДЕКА ПОСТОИ БИОЛОШКА ОСНОВА?

 

Истражувањата кои се обидуваат да покажат биолошка или генетичка врска кога во прашање е хомосексуалност потекнува уште од минатиот век. Но, преку годините  ниту едно истражување никогаш не ја докажа физичката основа на хомосексуалноста. Јасно е дека некои научни истражувачи веруваат дека хомосексуалноста е вродена. Често нивните резултати можат да се пронајдат во хомосексуалната литература. Но, понекогаш, дури и хомосексуалците имаат причина да се сомневаат во овој заклучок. На пример, во своето дело Хомосексуализација на Америка, хомосексуалниот активист Денис Алтман приметува во врска со големата студија на Кинзи институтот: „Тие се импресионирани од големите напори на биолози, ендокринолози и психолози да ја докажат оваа заснованост, но мене повеќе ме импресионира тоа што со многу години истражувања не се постигна ништо освен „наговестување“. Исто така, мораме да го признаеме и својот скептицизам во врска со едно, ако не и големо дело на денешните истражувања. Се прашуваме колкав е бројот на истражувачи кои и самите се под влијание на широко распространетите, но лажни идеи дека хомосексуалците не можат да го променат своето однесување, и поради тоа, не намерно трагаат за биолошка основа која би ги „објаснила“ нивните претпоставки. Со други зборови, дали модерната наука се користи во објективна потрага за вистината или пак можеби, најверојатно, е прифатена поради „политичка коректност“?   

Ако нашето читачко искуство е некаква индикација, се чини дека повеќето популарни статии напишани во врска со скорешните студии заклучиле дека истражувачите пронашле „цврсти научни докази“ дека хомосексуалноста, барем донекаде, е биолошка природа. Но, ова едноставно не е вистина.

Веќе повеќе од 30 години внимателните научници одбиваат да изјават дека хомосексуалноста биолошки е основена од една едноставна причина: поради недостатокот на докази кои би го поткрепиле ова тврдење.

Хомосексуалните мажи и жени  не се родени како хомосексуалци, а промената е возможна. Студиите докажуваат ддека и самите хомосексуалци често ја менуваат својата сексуалност. Во својот извештај од 1970 година Кинзи институтот приметува дека 84 проценти од хомосексуалците барем еднаш ја промениле или измениле својата сексуална ориентација. 32 проценти од хомосексуалците изјавиле дека три пати ја смениле, а 13 проценти изјавиле дека направиле барем пет промени. Во 1981 г. Бел, Вејнберг и Хамерсмит исто така пријавиле слични бројки.

Ако тие кои што „целиот свој живот“ ја практикуваат хомосексуалноста, всушност ја променуваат својата сексуална ориентација, тогаш ова е смртен удар на тврдењата на хомосексуалното движење. Еве што покажува едно современо истражување за хомосексуалците кои преминуваат во хетеросексуалност:

  • Шварц и Мастерс (кој учествувал во Институтскиот извештај на Мастерс и Џонсон од 1984 г.) откриваат дека 79, 9 проценти хомосексуалци успешно ја менуваат својата сексуална ориентација во хетеросексуалност.
  • Др Ван Ден Ардверг (1986 г.) пријавил стапка на успех до 65 проценти.
  • Др Николоси му рекол на др Анкерберг, кога Анкерберг го интервјуирал во 1992 г.:„До денес имам работено со 175 мажи, и што се однесува на тврдењата за излекување, ако тие мажи останат на лечење, по неколку месеци почнуваат да ги доживуваат промените во својот живот.“

Дури и либералниот активист телевизијскиот водител Фил Донахју, кој некогаш веруваше во биолошката теорија, сега на хомосексуалците им говори: „Ако сакате да се промените, можете да се промените.“ затоа, не може да се одрекне дека оние хомосексуалци кои сакаат да ја променат својата сексуална ориентација тоа редовно и го прават. За  некои промената може да биде тешка поради факторите како што се мотивација, сила на волјата и околностите. Но, со вистинска терапија, со вистинска мотивација и помош, промената за сите е возможна: „Одвикнување од хомосексуалните навики, како и одвикнувањето од алкохол е возможно и тоа го прават десетици илјади луѓе секоја година“ („Институт за семејни истражувања, Што предизвикува хомосексуалноста?, стр. 5).

Според анкетата на Институтот за семејни истражувања од 1982 г. која опфатила 4340 возрасни:

  • 82% жени кои во моментов се лезбејки и 66% мажи кои во моментов се хомосексуалци се изјасниле дека некогаш биле вљубени во личност од спротивниот пол,
  • 67% лезбејки и 54% хомосексуалци изјавиле дека сега сексуално ги привлекува личности од спротивниот пол, и
  • 85% лезбејки и 54% хомосексуалци како возрасни луѓе имале сексуални односи со личност од спротивниот пол.

Др Ирвинг Бајбер во Канадскиот журнал за психијатрија истакнува: „Ја пративме состојбата на некои хомосексуални пациенти и по 10 години тие целосно стануваа хетеросексуалци“.

Опишувајќи ги двете книги чиј што уредник бил самиот тој, Хомосексуалност: фантазија, реалност и уметност (1990) и Терапевтски процес (1991), др Сокаридес приметува: „Овие две книги содржат текстови на преко 30 психоаналитичари, еманентни професори и медицински работници и сите тие сведочат дека хомосексуалноста е психопатолошка состојба која може да се промени доколку се знае како тоа се прави.“

Ако голем број на различни терапевти и истражувачи преку годините гледале како илјадници хомосексуалци преминуваат во хетеросексуалност и ако ова лично го имаат потврдено и поранешните хомосексуалци и нивните сопружници, тогаш на која основа било кој може да тврди дека хомосексуалците никогаш не можат да се променат?

Информациите во овој текст не треба да се сфатат како атак на хомосексуалците како поединци. Реакцијата на христијаните кон хомосексуалците мора да биде полна со сочувство бидејќи и тие се создадени според образот Божји и за нив се распна Христос. Како такви, тие имаат вродена вредност и достоинство. Сепак, христијанинот мора да има храброст и на хомосексуалецот да му ја каже вистината. Светото Писмо учи дека хомосексуалноста е грев, и дека, хомосексуалците, а исто така и непокајаните сексуални грешници во хетеросексуалната популација, нема да влезат во Царството Небесно.

Џон Анкеберг и Џон Велдон

Превод: А.Т.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *