Уште еден екуменистички симпозиум

Во манастирот Преображение Господово – Бозе во северна Италија на 6 септември 2017 г. започна со работа меѓународниот симпозиум на тема Гостопримство во источното и западното христијанско предание. Ова е јубилеен 25 научен собир од областа на источното духовно предание, кое се одржува во монашката заедница Бозе, која е позната во христијанскиот свет како духовен центар кој ги собира и негува различните традиции.

Собирот, со своето присуство и поздравен говор, беше почастен од Цариградскиот патријарх Вартоломеј и Александријскиот патријарх Теодор 11, како и поглаварот на Американската Православна Црква митрополит Тихон. Заедно со нив, од различни православни јурисдикции, беа присутни 15 архиереи и многу претставници од редот на клирот и верници. Присутни беа и дохалкидонските Цркви – Сиријска, Коптска, и Ерменска Апостолска Црква. 

Помеѓу мноштвото претставници на христијанските црковни заедници и организации од западната традиција присуствуваа бискупи, клирици, монаси и монахињи од сите краеви на Европа и Америка, вкупно околу 250 учесници. Поздравни писма упатија папата Фрањо и патријарсите руски, романски, бугарски, поглаварите на Кипарската, Грчката и Албанската Црква и многу други од православниот свет. Симпозиумот заврши на 9 септември.

Преземено од Борба за Веру.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *