Учењето на светите маченици за исламот

 

Новомачениците кои пострадале од  агарјаните” и се прославени од Црквата, стојат некако одделно од низата други, древни и нови маченици. Тие не биле убиени од незнабошците како мачениците од првите векови, не биле убивани од џелатите по заповед на безбожниците како во случајот со прославениот хор на руските новомаченици. Нив ги убивале монотеисти. Тоа уште еднаш потсетува дека нервот на сведоштвото на христијанските маченици – не е јавувањето на еднобоштвото, туку исповедањето на Христа, вистинскиот Бог и вистинскиот Човек.

Во огромен број случаи (околу 90%) овие светители или се обратиле или се вратиле од исламот  (т.е. во некој поранешен момент се одрекле од Христа). Тие непосредно, од сопственото искуство го знаеле, некои многу години, а некои и од самото детство, вероучението и религиозната пракса на исламот. Затоа и е важно за нас нивното мислење за таа религиозна традиција.

Во устата на мачениците ние среќаваме најсурови, најнепоштедни зборови во врска со исламот, нивниот пророк и задгробниот удел на муслиманите. Нивната осуда на религијата на полумесечината изразена во едноставни и неизвештачени зборови и потпишана со сосптвената крв е многу пострашна и од најжестоките изјави на православните полемичари и без никаква можност за жалба.

Тоа нема да го сретнеме ниту кај свети Григориј Палама кој себеси си дозволил позитивно да ги оцени некои муслимански обреди, ни кај преподобен Јован Дамаскин кој во Куранот наоѓал нешто согласно со Евангелието. Дури ни кај преподобен Максим Грк кој, без оглед на својот непомирлив однос кон основоположникот на исламот, допуштал дека тој во почетокот бил придвижуван од добри (токму од религиозна страна) побуди.

Согласно со тие маченици  исламот е мрачна и нечиста вера (Св. Марко Хиоски 5/18 јуни), лажно и одбивно суеверие(Св.Теодор Нов(17 февруари/2 март), страшна погубна заблуда(Св. Давид Аргветски(2/15 октомври)).

Мухамед е измамник и ѓавол во тело (свештеномаченик Никита (4/17 април)), непријател на Христос Нашиот Бог и на нашата вера. Никој од луѓето така не го разгневил Бога како Мухамед. Оној што се надева во него и го смета за пророк, тој загинал(Преподобномаченик Јаков(1/13 ноември).

Тој е богоборец и лажго. Со своите измислици и фантазии кон себе го привлекол простиот и неписмен народ, за него било проречено дека ќе дојде да го мами светот (види МТ. 24.11)”(Свети Јован Калфа (26 февруари)).

Бивајки овде на земјата живеалиште на сатаната, тој и сега се наоѓа во прегратката на својот татко ѓаволот. Вас ослепените кои поверувавте во него како во пророк ве очекува иста мака со него. Знајте дека никој толку не го прогневил Бога како вашиот лажен пророк, кој толку души повлекол со себе во пропаст, каде што и вие кутрите, доброволно се стремите. Навистина ви зборувам : ако не ја напуштите верата во лажниот пророк кој ве измамил и ако не станете христијани ќе загинете занавек и ќе бидете предадени на горчливи, вечни маки во пеколот(Преподобномаченик Ефтимиј Нови (22 март/ 4 април)).  

Задгробниот удел на муслиманите – сите кои го следат Мухамед и веруваат во него како во пророк ке загинат(Свети Константин Агарјанин(2/15 јуни)). Ако не поверувате во Христа Бога како што верувам јас, ќе загинете за вечниот живот и ќе се мачите во вечниот оган заедно со вашиот Мухамед(Преподобномаченик Лука(23 март/5април)).

При сето тоа кај овие светители немало ни сенка омраза кон муслиманите кои ги измачувале. Тагувам заради вас, ако не го разбирате тоа, им говорел на своите мачители светиот Дамаскин (16/29 јануари) по исповедањето на Христа. И вам ви советувам да излезете од непроникливата темнина на вашата лажна вера во Мухамед и поверувате во вистинската светлина Исус Христос ги повикувал своите џелати преподобномаченикот Макариј Нов (6/19 октомври).

Што сакаш од мене старецу? го прашал џелатот на светиот Кипријан Нови(5/18 јули).

Твоето спасение, одговорил светителот, остави ги заблудите, откажи се од изманикот  Мухамед, поверувај во искупителот на човековиот род Исус Христос. Крштевајки се, со светото крштение ќе добиеш вечен живот .

Од своја страна, преподобномаченикот Иларион (20 септември/ 3 октомври) обраќајки се на судијата кој го посвоил, го советувал: Многу добрини добив од тебе, не го исклучувам и тоа што ме направи свој син и ме приближи до дворот. Не сакам да останам неблагодарен за твојата милост. Те молам: послушај го мојот совет, да појдеме во Русија каде ќе ја примиш христијанската вера и ќе ја спасиш својата душа. Јас ќе бидам со тебе без да се одделам и ќе ти служам како на татко, се до упокојувањето. Подобра од таа благодарност која може да ја надмине јас не наоѓам.

Горенаведените зборови на светите маченици за исламот, се вистина стекната преку сопствената крв и болка. Тешко може да се објасни тој став со додавањето од страна на составувачот на житијата. Единствено таква и можела да биде позицијата на мачениците. Бидејки, ако можеш да се спасиш како побожен муслиман, тогаш нивниот подвиг е бесмислен. Тој во таквиот случај се лишува од секаква смисла. Уште повеќе, во тој случај се лишува од смисла и самата христијанска проповед која ја заповедал Спасителот во Своите последни зборови на земјата: Одете и научете ги сите народи да се крстат во името на Отецот и Синот и Светиот Дух, учејки ги да држат се што ви заповедав (Мт.28.19-20).

Еве го крстот на кој бил распнат Господ нашиот Исус Христос. Кој верува во Него ќе го наследи Царството Небесно, а кој не верува ќе биде осуден на вечни маки! Вака пред муслиманите ја изрекол неоспорната вистина на христијанството преподобномаченикот Агатангел Есфигменски (19 април/ 2 мај). Тоа е трагична вистина. Лесно е да се предадеш на соблазната, погледнувајки го огромниот број луѓе кои во последните четиринаесет векови умреле во исламот, кои искрено сметале дека со својот живот и со смртта му послужиле на единствениот вистински Бог. И толку многу од тие кои искрено со својот живот поради послушание кон Неговата волја стремеле да го умножат доброто во овој грешен свет. Зарем се осудени тие, зарем е невозможно да бидат спасени, да го достигнат Царството Божјо заради својата праведност и побожност?

Искуството на мачениците говори – не! “Ова е невозможно за луѓето” говори Христос (Мт.19.26). Овие зборови стануваат пресуда за целокупното нехристијанско религиозно човештво. Она што се случи на Крстот е премногу сериозно за да биде возможно спасение без тоа. Вистина, вистина ви велам: Кој не влегува низ вратата во овчото трло туку, а прескокнува од друга страна, тој е крадец и разбојник.. Јас сум вратата; кој ќе влезе преку Мене ќе се спаси(Јн. 10.1,9). Да беше возможно поинаку, – немаше да има христијанство, немаше да има апостолски проповеди, немаше да има симнување на Господа во пеколот заради благовестење (на Евангелието, – заб. СВЕТА РЕВНОСТ) на луѓето кои умреле за Него.

Ова е страшната вистина на христијанството, оваа вистина полага огромна одговорност за душата на сите непросветлени со светлината на Евангелието над самите христијани. Проповедањето на Воскреснатиот Господ е нивна дирекна заповед, содржана во последната Христова заповед: Одете по целиот свет и проповедајте го Евангелието на секое создание. Кој поверува и се крсти ќе биде спасен, а кој нема да поверува ќе биде осуден(Мк. 16.15-16). Еден бивш арапски муслиман, примајки го крштението пред многу години, рекол: Кога сите христијани би биле вистински христијани, исламот денес немаше да постои.

Често дури и од православните се слуша мислењето дека Божјата промисла делувала преку Мухамед на Арапите бидејки само во таква форма било возможно предавањето на знаењето за монотеизмот. Лажноста на ваквиот став е сосема очигледен бидејки не може да постои народ за кој по природа е укината можноста за усвојување на Христовата проповед. Ние исто така во хорот на светите имаме арапи кои Црквата ги почитува веќе од V и VI век (преподобен Јулиан Слепец на пример). Со тоа не помалку би сакале да ги наведеме зборовите на тие истимаченици во врска со ова мислење.

Кога калифот рекол: Како се осудувате да изговорите хулителни зборови на великиот Мухамед… и го негирате според вашето безумие? Бидејки тој ја обратил цела Персија и Арабија и ги одвратил од служењето на огнот и ги привел кон еднобоштвото, Свети Давид Аргветски му одговорил: Иако Мухамед ве одврати од служењето на огнот, не ве доведе до вистинското богопознание. Затоа и не можеше да ви даде спасение.  Тој е налик на лотка, која иако не потонала среде море, близу до брегот  исчезнала  во морските бранови. Каква е ползата од коработ кој не успеал да дојде до брегот? Што му се случило нему, ќе ви се случи и вам.

Диакон Георгиј (Јуриј) Максимов

Превод: Р.К.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *