Торжество на Православието

Св. Отци од 7 Вселенски Собор

Извадок од Чинот на Православието кое денес се чита во сите православни храмови.

Верувам во Единиот Бог Отец, Вседржител, Творец на небото и на земјата и на се видливо и невидливо;
И во Единиот Господ Исус Христос, Син Божји, Единороден, Кој е роден од Отецот пред сите векови; Светлина од Светлина, вистински Бог од Бога вистински, роден, нестворен, единосуштен на Отецот, преку Кого се станало;
Кој заради нас луѓето и заради нашето спасение, слезе од небесата и се воплоти од Светиот Дух и Марија Дева и стана човек;
И беше распнат заради нас во времето на Понтиј Пилат и страдаше и беше погребен;
И воскресна во третиот ден, според Писмото;
И се вознесе на небесата и седи оддесно на Отецот;
И пак ќе дојде со слава, за да им суди на живите и мртвите и Неговото Царство не ќе има крај;
И во Светиот Дух, Господ, Кој дава живот, Кој исходи од Отецот, на кого Му се поклонуваме и Го славиме заедно со Отецот и Синот и Кој говорел преку пророците;
Во едната, света, соборна и апостолска Црква;
Исповедам едно крштение за прошка на гревовите;
Го чекам воскресението на мртвите;
И животот во идниот век. Амин.

Ова е верата Апостолска. Ова е верата на Отците. Ова е верата Православна. Оваа вера ја утврди вселената.
Од тоа, ние ги примаме и потврдуваме Соборите на Светите Отци и нивните преданија и списи, кои се во согласност со Божественото Откровение.
И, иако има непријатели на Православието и отстапници од промислителното и спасоносно Откровение на нашиот Господ, сепак, Господ погледна на срамотењето на Своите слуги: зашто хулителите со Својата слава ги поруга, и непријателите на Православието како подмукли и бегалци ги покажа.
Поради тоа ги уважуваме и ги фалиме оние, кои го приклониле својот разум во послушност на Божественото Откровение, и кои се бореле за тоа, и така, на оние кои се спротивставуваат на оваа вистина, чекајќи го нивното обраќање и покајание пред Господа, не се покајат, тогаш, следејќи го Светото Писмо и држејќи с# до Преданието на древната Црква, ние ги отфрламе и проколнуваме.

Тогаш, со јасен глас, вели:

1) На оние кои го одрекуваат постоењето Божјо, и тврдат дека светот е самопостоечки, и дека сите твари во него настанале случајно, без Промисла Божја, нека е: анатема, (трипати).

И возгласува архиерејот со целиот клир: анатема, трипати, а исто така и певците и народот велат: анатема, трипати. Ова се прави по секое анатемисување.
2) На оние кои велат дека Бог не е Дух, туку тело, или дека Он не е праведен, милостив, мудар, сезнаен, и други такви хули, нека е анатема.

Народот: Анатема, трипати.

3) На оние кои се осмелуваат да кажат дека Синот Божји, а исто така, и Светиот Дух, дека не се едно по суштина, и дека не се со иста чест со Отецот, и кои исповедуваат дека Отецот и Синот и Светиот Дух не се Еден Бог, нека е анатема.

Народот: Анатема, трипати.

4) На оние кои говорат хули, дека доаѓањето во овој свет на Синот Божји во тело и Неговото доброволно страдање, смртта и Воскресението не биле потребни за наше спасение и очистување од гревот, нека е анатема.

Народот: Анатема, трипати.

5) На оние кои ја отфрлаат благодатта и искупувањето кои се проповедани со Евангелието, како единствени средства за наше оправдување пред Бога, нека е анатема.

Народот: Анатема, трипати.

6) На оние кои се осмелуваат да говорат дека Пречистата Дева Марија не била Дева пред раѓањето, при раѓањето и по раѓањето, нека е анатема.

Народот: Анатема, трипати.

7) На оние кои не веруваат дека Светиот Дух ги вдахновувал Пророците и Апостолите, а преку нив нè упатува и нас на вистинскиот пат за вечно спасение и го потврдува истото со чудеса, а и сега пребива во срцата на сите верни и вистински христијани, и Ги води кон секоја вистина, нека е анатема.

Народот: Анатема, трипати.

8) На оние кои ги отфрлаат бесмртноста на душата, крајот на векот, идниот Суд, за добродетелите вечна награда на небесата, а за гревовите осуда, нека е: анатема.

Народот: Анатема, трипати.

9) На оние кои ги отфрлаат сите Свети Тајни држани и пазени од страна на Црквата Христова, нека е анатема.

Народот: Анатема, трипати.
10) На оние кои се одрекуваат од Соборите на Светите Отци и од нивното Предание, кое е во согласност со Божественото Откровение, и побожно е чувано од страна на Православната Соборна Црква, нека е анатема.

Народот: Анатема, трипати.

11) На оние кои помислуваат дека православните цареви не се поставуваат на престол по особеното за нив Божјо благоволение, и дека при нивното помазание даровите на Светиот Дух врз нив не се излеваат, и така против нив се дрзнуваат на бунт и промена, нека е: анатеа.

Народот: Анатема, трипати.

12) На оние кои ги навредуваат и ги хулат светите икони, кои Црквата ги прима во спомен на делата Божји и во спомен на оние кои Му угодиле, за да оние кои ги гледаат ги вдахнат на побожност и ги поттикнат да се угледаат на нивните примери, и на оние кои велат дека иконите се идоли, нека е анатема.

Народот: Анатема, трипати.

13) На оние кои ги омаловажуваат светите Вселенски Собори и ги презираат свештените и божествени канони на нашите Свети Отци, кои Црквата Божја ги примила и кои водат кон вистинско богопочитување, нека е: анатема.

Народот: Анатема, трипати.

14) На оние кои што светлината при Преображението Господово, ја исповедаат како создадена, нека е: анатема.

Народот: Анатема, трипати.
15) На гонителите на Христовата Црква, нечестивите отстапници, кои дигнаа раце на помазаникот Божји, кои убиваат свештенослужители, и ги уништуваат и разрушуваат храмовите Божји, кои ги мачат браќата наши и кои ја осквернаа нашата татковина, нека е: анатема.

Народот: Анатема, трипати.

16) На теософите еретици, кои се дрзнуваат да велат и безумно да учат, дека нашиот Господ Исус Христос не еднаш дојде на земјата и се овоплоти, туку многу пати се овоплотил, а исто така и одрекуваат дека вистинската Премудрост на Отецот не # Неговиот Единороден Син, спротивно на Божественото Писмо и учењето на Светите Отци, туку друга премудрост бараат, нека е: анатема.

Народот: Анатема, трипати.

17) На масоните, окултистите, спиритистите, маѓепсниците, бајачите и гледачите, и на сите кои не веруваат во Единиот Бог, туку демоните ги почитуваат, и својот живот не го предаваат смирено на Бога, туку со магии демоните ги повикуваат, нека е: анатема.

Народот: Анатема, трипати.

18) На оние кои што отстапија од православната вера и примија други исповеданија, на соблазна на браќата наши, нека е: анатема.

Народот: Анатема, трипати.

19) На оние кои ја напаѓаат Црквата Христова и учат дека таа се поделила на гранки кои помеѓу себе се разликуваат по своето учење и начин на живот, и учат дека Црквата не постои на видлив начин, туку дека таа ќе настане од гранки, расколи и неправославни учења, преку нивно соединување во едно тело, и оние кои не го разликуваат вистинското свештенство и Светите Тајни од еретичките, туку учат дека крштението и евхаристијата на еретиците се доволни за спасение, и оние кои имаат општење со споменатите еретици, кои им помагаат, или пак ја штитат нивната нова ерес наречена екуменизам, притоа помислувајќи дека тоа е братска љубов и начин за соединување на разделените христијани, нека е: анатема.

Народот: Анатема, трипати.

Потоа, повторно протоѓаконот:

На оние кои го застапувале Православието со зборови, списи, учења, страдања и богоугоден живот, како свои заштитници и бранители, Црквата Христова, сега, во овој помен, објавува:

На благоверниот и рамноапостолен цар Константин,  и на неговата мајка Елена, на православните ромејски цареви: Теодосиј Велики, Теодосиј Помладиот, и Јустинијан, и на сите останати побожни православни цареви и царици, и на сите други побожни православни кнезови, кнегињи и владетели, вечнаја памјат!

И пеат певците: Вечнаја памјат, трипати.

На големите исповедници на светата православна вера, светителите: Атанасиј Велики, архиепископ Александријски, Отец на православието, великите вселенски учители и светители: Василиј Велики, Григориј Богослов и Јован Златоуст, светителите: Кирил Александријски, Лав Велики и Флавијан Исповедник, Отците на седмиот вселенски собор, на преподобниот отец наш Максим Исповедник, св. Методиј, патријарх Цариградски, на преподобниот отец наш Теодор Студит, св. Марко, митрополит Ефески, и останатите Отци исповедници и учители на Црквата, кои за неа се подвизувале, вечнаја памјат, трипати.

На свештенослужителите и монасите, христољубивиот православен народ наш, и на христољубивото воинство кои паднале во различни борби за одбрана на Православната вера и својата Татковина, на сите Православни христијани кои се упокоиле во вистинска православната вера и побожност, и во надеж на Воскресение, вечнаја памјат, трипати.

Православната Црква Христова, која вака победоносно го извршува споменот на оние кои во минатите времиња се истакнале во побожност, покрај тоа што ги поттикнува своите христијански чеда да го следат нивниот пример, има исто така и должност да ги велича и оние кои и сега дејствуваат за Православието, и со спасоносна вера и добродетели се подготвуваат себеси за вечно блаженство…

Превод: А.Т.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *