Старец Теофан (Соколов), Настојател на Кирилово-Новоезерски манастир (1752 – 1832)

 

athosСтарец Теофан бил еден од учениците, иако не директно, на преподобниот Паисиј (Величковски), преку кого се обновило древното старчество, пренесено и во Русија и процветал во неколку руски обители.

          Наоѓајќи се при митрополитот Новгородски и Петергургски Гавриил, старец Теофан му посочил на старец Назариј, на кого митрополитот му благословил да го обнови Валаам. Благодарение на старецот Теофан бил изваден од затвор преподобниот старец Теодор (Ушаков).

          Првите години на подвижништво, старецот Теофан ги поминал во Саровската пустина и Санксарскиот манастир.

          Овде тој се научил на монашката азбука: трпение, строгост кон себе, и безусловно послушание. Заедно со другите, тој по долгата црковна богослужба, ги извршувал разните послушанија, во кои и настојателот земал учество: сечел дрва, ја палел печката, готвел, печел леб, мелел. За време на живеењето во Санаксар, Теодор се запознал со светителот Тихон Задонски, кој го повикувал дури да остане во Задонск.

          Во 1774 година преподобниот Теодор Санаксарски, поради злобата на луѓето, поради неговото нелицемерие и застапништво за околните селани, бил испратен во Соловецкиот манастир. Поголемиот дел од неговите ученици се разотиделе по други манастири. Помеќу нив, и Теодор Соколов преминал, по тригодишниот живот во Санаксар, во Воведенската Островска пустина (близу г. Покров, Владимирска губернија) и овде бил под раководство на настојателот, старец Клеопа, кој бил потстрижен на Атон и таму долго се занимавал со повисоко молитвено делање заедно со преподобниот Паисиј Величковски. Преминувајќи во Русија, и по некое време, и кога по некое време бил назначен во Воведенската пустина, старец Клеопа во неа го воведел светогорскиот устав. Самио тој, живеел во постојана молитва и богомислие. Браќата ги управувал со љубов, кротост и со простување. Се грижел, не само за нејзино извршување за време на суровиот пост и труд, туку и за смирение, незлобие, и мирољубие. И овде, кај таквиот наставник, било надополнето монашкото воспитување на Теодор, и веќе во Санаксар се привикнал на сурово монаштво, а овде се научил на повиши добродетели: чистота на помислите, љубов и смирение. Раскажувањата на старец Клеопа, побудиле кај младиот послушник, силна желба да го види Атон и да се поучи од старец Паисиј. Во 1777 година, Теодор заминал во Молдавија заедно со молдавски монаси кои се враќале во својот манастир. Тој се надевал да отиде на Света Гора, во Палестина и потоа да се насели кај старец Паисиј, но кога тој стигнал во Молдавија, во Тисманскио манастир, игуменот Теодосиј го задржал и наскоро го замонашил со името Теофан. Тогаш Теофан имал дваесет и пет години.  

          Тисманската обител, совршено одалечена од светот, процветала за време на управувањето на старецот игумен Теодосиј. Тој старец бил, заедно со преподобниот Паисиј (Величковски), ученик на схимонах Василиј, заеднички старец на молдавските монаси. Наоѓајќи се во блиски односи со старец Паисиј, тој добил од него преводи на светоотечките списи. Под раководство на тој сатрец, кој ги водел своите ученици кон високи степени на внатрешниот духовен живот, завршило монашкото воспитување на отец Теофан.

          Кога по Кучук – Каинардџискиот мир, по турските притеснувања, животот во Тисман станал невозможен, игуменот заедно со браќата решиле да се вратат во Русија. Помеѓу браќата на манастирот бил и Потемкин, роднина на рускиот велможа, кнезот Потемкин. Единаесет години тој бегал од родниот дом, и криејќи го своето потекло, живеел во манастирите, исполнувајќи ги најгрубите работи. Тој знаел седум јазици. Тој и му предложил на настојателот да заминат за Русија и да побараат да го преместат Тисманскиот манастир во Русија. Но, криејќи с#, отец Анастасиј (Потемкин) за сопатник го одбрал отец Теофан, на кого му биле предадени напишаните Анастасиеви писма кон неговите роднини, а самиот отец Анастасиј го придружувал на отец Теофан како возач на кола.

          Во 1779 година во Петерсбург, за живеење на игуменот Теодосиј со тисманските братја била назначена Молчанаската Софрониева пустина (Курска губернија). Во таа пустина отец Теофан проживеал уште една и пол година. Не гледајќи на своето не сакање, тој бил одведен во Александро – Невската Лавра, каде што имале потреба од добри монаси. Тој побарал да отиде на мисија во Пекинг, за да го избегне тоа, но неговите барање не биле земени во предвид.

          Старец Теофан заминал во Петерсбург, и предавајќи се на волјата Божја, почнал со усрност да ги извршува послушанијата кои што му биле давани. Неговата спокојна расудителност, распоредителност и кротост, биле причина, митрополитот Гавриил да обрне на него внимание и тој го зел при себе за свој ќелејник и го приближил до себе, така што сите десет години од својата служба отец Теофан го користел неговата неограничена доверба.

          Митрополитот Гавриил, човек со голем ум и образование, строг подвижник, голем милостивец, со самооткажување бил предан на верата Православна и смело ја говорел вистината. Постојано опашан со ревност за Црквата, тој, кога одел во дворецот или во синодот, секогаш правел неколку земни поклони пред иконата и говорел: „Дај Боже, овој ден добро да помине“. Кога отец Теофан му предлагал да ја подобри оскудната митрополитска трпеза, тој говорел: „Подобро да се привикнам, можеби со време, и тоа ќе го нема“. Така и се случило. За неколку месеци до смртта митроплитот бил отстранет од императорот Павле без пензија. Митрополитот Гавриил не вкусувал храна до три часот, во тие денови кога служел. Плачел, се мачел, кога некој ќе се сметал за навреден од него. Тој имал одвоено по петнаесет рубљи на ден за милостиња, освен тоа, тој раздавал по триста рубли на месец во затворите. Таа милостиња ја заведувал отец Теофан. Еднаш, на митропитот му поткажале, дека неговиот ќелејник секој ден му давал на некого храна. Навистина се покажало, дека отец Теофан им давал храна на оние кои што немале. Од тогаш митрополитот имал уште поголема доверба кон својот ќелејник.

          Но не само водењето на домаќинството ја сочиувала службата на отец Теофан. Кога митрополитот блиско го запознал, тој почнал за многу работи да го прашува за совет, му ги доверувал тајните работи, го направил свој помошник во градењето и обновувањето на манастирите, од кои повеќето се наоѓале во тешка состојба. Во тоа време била конфискувана црковната земја и затворени древни обители (во Русија, за време на Екатерина II биле затворени три четвртини од манастирите). За настојатели на постоечките манастири биле назначени учени монаси, повеќето од Киевската академија, кои во тоа време имале учебно-воспитателни должности, немале време да се занимават со манастирите, и немајќи монашко воспитување, не можеле да имаат влијание на браќата.

          Митрополит Григориј издал за поучение на монасите превод на руски јазик „Добротољубие“, барал духовни старци, кои би можеле пожртвувано да се посветат себе, на надворешното и внатрешно обновување на манастирите. Старец Теофан му ги посочувал на митрополитот, и на тој начин биле донесени познатиот Саровски старец Назариј, кој го обновил Валаам, Игнатиј, првиот необразуван архимандрит, назначен во познатиот Тихвин и обновувајќи го и по него блескаво ја обновил древната московска Симонова обител, која била претворена во касарна на коњаничкиот полк. Во Песношскиот манастир бил поставен Макариј. Во поредок бил приведен и Клопскиот (Новгородскиот манастир). На крај, митрополитот го назначил старец Теофан за градител на Моденскиот манастир, каде што тој ги привел кон поредок старите и изградил нови конаци, вовел богослужби и поредок во животот на браќата, така што, кога слушнале за настојателот, во манастирот почнале да доаѓаат нови монаси.

          Во 1793 година белоезерските жители го известиле на митрополитот, за крајната беда на древната обител на преподобниот Кирил Новоезерски и побарале да назначи искусен настојател. Митрополитот го одбрал старец Теофан.

          Обителта, распространена на малиот остров, била крајно запуштена. Братството се состоело од десетмина луѓе, двајца биле замонашени, богослужбите ги извршувал локалниот свештеник, од белото духовништво, сиромаштијата била голема, конаците се распаѓале.

          За време на триесетгодишното управување на старец Теофан, обителта се преобразила. Обновувајќи го монашкиот дух, отец Теофан собрал големо братство, вовел богослужба по типик, привлекол поклоници, пробудил усрдност кон обителта и богати подароци. Тој ја обновил и величествено ја проширил соборната црква, изградил уште две нови цркви, подигнал камбенарија, изградил двоспратни конаци и го заградил манастирот и нивите со камен, и го соединил манастирот со најблискиот остров со мост.

          Значителен е и неговиот труд и за внатрешното устројување на обителта. Тој вовел општежитие, строго богослужење, торжествено извршување на службата, непрекинато читање на Псалтир, послушанија за браќата.

          Најмногу се трудел да управува со убедување, и браќата ги поучувал на само, и кога сите биле собрани, по трпезата. Тој не сакал да разобличува во лице, но, забележувајќи ги недостатоците на монахот, за тоа говорел на заедничките собранија. Неговите прости, но убедувачки и кротки поуки, произведувале силни впечатоци.

          Но најсилно дејствувал неговиот пример. Тој не пропуштал ниту една богослужба, со браќата ги извршувал сите послушанија, работел на поле, јадел во трпезаријата, носел бедна облека и немал лична своина.  При таквото управување на старецот, бројот на монасите се искачил до осумдесет луѓе. Но Старец Теофан немал влијание само на монасите. Тој се грижел за уште неколку манастири, за нивното духовно преуспевање, особено плодотворна била неговата грижа за Горицкиот женски манастир, кој се наоѓал под управување на опитната и благочестива игуманија Маврикија и во кој тој пребивал неколку пати во годината. Доаѓајќи во манастирот, тој долго, по богослужбата, беседел со монахињите. Некои од неговите беседи се запишани. Особено тој настојувал за придобивање на добродетелта на смирение. За надворешните аскетски подвизи, кои се применувале во Горицката обител, каде што монахињите биле од различно звање, старец Теофан се држел до мислењето, дека тие треба да ги применуваат според силите и со внимателност кон претходните навики на монахињите.

          Освен монасите, кон старец Теофан се обраќале многу мирски лица. Тој сите ги примал. Во обителта пристигнувале многу писма, на кои што старецот грижливо одговарал.

          За трудот на старец Теофан, се слушнало и до Петербург. Царот Александар I му испратил митра и граден крст, и по негово застапништво, го зголемил имотот на Новоезерскиот манастир.

          Во 1828 година старец Теофан многу ослабел, за празникот Рпждество (Божиќ) собрал сили, отишол во трпезата и им кажал на браќата поука, просејќи од нив да се помолат за мирно да замине. Тој напишал и оставил завет, во кој барал да го сочуват воведениот устав, ги разделил неколкуте мантии и неколкуте книги – единствено нешто што имал, и потоа побарал да го однесат да се одмори.

          При крајот на 1832 година, старец Теофан за последен пат го посетил Горецкиот манастир, и неговата беседа се разликувала со толку голема јаснотија и спокојство, како за подвижник кој е при крајот на својот пат. Тој се вратил дома болен и на 3 декември 1832 година на осумдесет и една година од животот, по причестувањето и елеосвештенството тивко се упокоил, во присуство на само еден свој ќелејник, произнесувајќи го името на Господа Иисуса Христа.

Превод: А.Т.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *