СРПСКИОТ ВЛАДИКА АНДРЕЈ ВУЈИСИЧ ПРЕМИНА ВО РИМОКАТОЛИЦИЗАМ

Во последните десетина години српските свештеници во Јужна и Северна Америка, Канада и Јужноафриканската Република, од римокатолицизам во православна вера конвертираа илјадници луѓе. Голем допринос во сето тоа даде епископот Андреј Вујисич (СПЦ).

Но, неодамна владиката Андреј одлучи со сето свое патство да премине во римокатолицизам. Со неговото преминување е основана и првата Источно – Католичка парохија во Порто Рико. Парохијата на Св. Спиридон во Порто Рико е примена во целосно општење со Папа Фрањо. За време на литургијата служеше Алберто Моралес, викар на римокатоличката диецеза на Сан Хуан.

Андреј Вујисич своевремено беше член на Митрополија Црногорска-Приморска. Заврши теологија во Украинска богословија, дипломира лингвистика на Универзитет во Финска и докторира практична теологија на универзитет во Јужна Африка. Еден е од најобразованите срби во дијаспората. Автор е на многу научни студии по лингвистика, психологија и теологија. Како доктор на науки ја истражува улогата на екуменизмот во христијанскиот свет.

Превод: СВЕТА РЕВНОСТ.

Извор: svetosavlje.org

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *