Се спротивставува ли Света Гора на екуменизмот?

По повеќе отворени писма на светогорските монаси во кои го повикуваат Светиот Кинот на Света Гора, како управно тело на монашката република, да го осуди лажниот собор на Крит и да донесе одлука за оградување од Константинополскиот Патријарх во светогорските манастири, се огласи Светиот Кинот, со соопштение кое го пренесува порталот agionoros.ru.

Светогорските монаси во писмените обраќања кон Кинотот, наведоа, дека православните христијани се прогласени за непожелни и се прогонуваат, особено, по  Критскиот лажен собор, кога, сите оние кои што се спротивставуваат и одлучно ги отфрлаат догматските спорни документи, преку кои се обидуваат да ја озаконат екуменистичката ерес, се прогласени за „еретици“, „зилоти“ и „ултра-православни“ и дека, стогодишната екстремна икономија и толерирање на екуменистичките, латински и унијатски патријарси и епископи доведе до огромно расипување на верата и еретички девијации.

 

На повикот на светогорските монаси дека е неопходно да не се отстапува од борбата за зачувување на Светото Предание на нашата Православна Црква и Вера, Светиот Кинот упати изненадувачки млак одговор:

 

„Водени од чувството на одговорност и почит кон Светата Црква“, а свесни за незадоволството и спротивстувањето на одлуките на Великиот Собор на Крит, а што доведе до тоа да се предложи оградување од епископите и прекинување на молитвено општење со нив, Светиот Кинот смета дека нема место за немир, бидејќи Воскреснатиот Господ е со нас.“

 

Негодувајќи на предложеното престанување на спомнување на епископите, Светиот Кинот нагласува дека Светиот Собор е одржан по повеќегодишни подготовки, и дека пред самото одржување на Соборот документите беа достапни за целокупната јавност, така што, верниот народ можеше да го изрази своето мислење, како и тоа дека Света Гора во повеќе наврати многу јасно го изразила својот став за дијалог со инославните.

 

Како одговор на млакото Соопштение на Светиот Кинот на Света Гора, следува уште едно писмо на светогорските монаси:

 

Света Гора, 24. Јуни/Јули 7, 2017

 

Ние ги исцрпивме сите човечки можности за преку писма, проповед и обраќање да ви укажеме на погубниот пат на ереста, која вие и игумените на Света Гора ја следите, изманипулирани од страна на патријархот Вартоломеј. Ние потполно ја разобличивме и непобитно ја докажавме улогата на Фанар и на неговите жители, како протагонисти на екуменистичката сеерес на антихристот. Нам ни се закануваат, не малтретираат и гонат, бидејќи се спротивставивме на колерата и душепогубната сеерес, која со премолчување и со криење на вистината, лукаво ја подметнуваат на православното стадо.

 

Излеговте со овој еретички текст, за да ги смирите верниот народ и својата совест, во кој што велите дека Критскиот собор е целосно православен, и следејќи ги неговите одлуки, наводно, останувате во Црквата. За жал, на ваков начин, слепи и сиромаси, го носите Православието во темнина, на тајни состаноци со незнабожците, со оние кои што православието отсекогаш го мразат.

 

Вие ја рушите Црквата, го соблазнувате верниот народ. Со својата слепа послушност која на сила ја наметнувате, Света Гора ја направивте мртва школка, во која нема бисер. Вие повеќе не сте претставници на живата традиција на Православна Света Гора, нешто што треба да бидете, бидејќи не се држите до светогорското предание какво што беше порано. Ние се оградивме од вас, не ве следиме, и жалиме поради вашиот пад во понорот на ереста, кој што самите го одбравте. Бранејќи го разбојничкиот Критски собор, вие свесно и активно другарувате со фанарските вероотстапници и ги следите на еретичкиот пат кој го асфалтираат, со само една цел, а тоа е да ја уништат Црквата. 

 

Жалосно е, што стигнавте до точката од која што почнавте да бидете борци против светителите, бидејќи со своето дејствување правите се што е спротивно од она што тие проповедале и правиле, особено светогорските старци, бидејќи се согласувате со архи-еретикот Вартоломеј Архондонис, кој во се оди по отпадничкиот пат на латинскиот патријарх Јован Век. Со самото тоа што не ги подржувате светите исповедници, застанавте рамо со рамо со Несториј, Век и Калека, направивте чекори кон предавство на верата. Меѓутоа, според зборовите на светителите, пастирот  кој се заканува со протерување и гоњење „не се смета ниту за христијанин,“ туку за пријател на ѓаволот и демоните се негови пријатели“. Вам ви се поважни плодовите на Египет и златното теле (Пс. 105, 19) екуменизам. Вашето застранување од верата е воочлив, насила го наметнувате тоа ѓаволско учење, се служите со „дволичен јазик“ (1. Тим. 3, 8), како што прави и вашиот водач, еретикот Вартоломеј со својата лажна философија, ширејќи невистини по целиот свет.

 

Вие станавте „следбеници на Јуда“, како што свети Никодим Светогорец ги нарекува оние кои „поради страв од луѓе ги отфрлаат догматите, апостолските и соборните канони и традиција на Црквата.“

 

На тој начин, го озаконивте и фактот дека сте во друштво на Варсум (водачот на сиријските монаси на разбојничиот собор во 449 г.) и Тимотеј Елур. Станавте следбеници на монахот Мојсеј ко пред седум века живеел во Великата Лавра на свети Атанасиј и го потпиша документот на Ферара-Флорентинската унија, признавајќи го дворогиот џин (чудовиште) за епископ на сите христијани.

„Ништо не користи праведниот живот ако се искривени догматите“ (св. Јован Златоуст). Ѓаволското учење е мрско пред Бога и служи како мамец за пад во прелест на верните  и за тоа ќе дадете одговор на Страшниот Суд. Ние говориме за верниот народ кој трпеливо чека да го слушне официјалниот став на монасите од Света Гора за махинациите извршени на Крит, а сега протестира и гласно негодува на интернет дека ги предадовте. Подржувајќи го богобојазниот капетан во Евангелието, во најмала рака требаше да се погрижите за нив, а не да ги соблазнувате.

Сепак, се одлучивте да го следите безумниот богаташ од Светото Евангелие, говорејќи: „Ќе и речам на душата своја: „Душо, имаш многу блага собрани за многу години;почивај, јади, пиј, весели се; а Бог му рече: Безумниче, оваа ноќ ќе ја побарам душата твоја од тебе; а она што си го подготвил чие ќе биде? Така ќе биде со оној кој стекнува богатство, а не се богати во Бога. “ (Лука 12, 19-21). Меѓу другото, вас ве интересира само едно: да одржувате добри односи со моќните, со масоните, со антихристот Архондарис и неговиот вид.

Со Божја помош, ние светогорските отци, подготвуваме подробен одговор, за да можеме со теолошка поткрепа да укажеме на вашите заблуди во врска со сеереста екуменизам, бидејќи не требаше да се ангажирате за да напишете такво блуткаво, невкусно и млако соопштение. Да бидеме попрецизни – како Василиј Гонтикакис да има пишувано за вас.

Сериозно замислете се над зборовите на нашиот Господ, во овој критичен момент: „Ги знам делата твои: ти не си студен, ни жежок; о, да беше студен или жежок! Така, бидејќи си млак, и не жежок, ниту студен, ќе те изблуам од устата Своја. Оти велиш: „Богат сум, и се збогатив, и ништо не ми треба“, а не знаеш дека си беден и проколнат, сиромав, слеп и гол; те советувам да си купиш од Мене злато, низ оган прочистено, за да се збогатиш; и бело облекло, за да се облечеш, и да не се гледа срамот на голотијата твоја, и со очна маст намачкај ги очите твои, за да гледаш.“ (Отк. 3, 15-18).

Потписници:

Старец Сава Лавриот

Старец Харитон, иеромонах, ќелија Вознесение (ман. Ватопед) во Кареја

Монах Георгиј, каливија св. Варлаам на Вигла

Монах Паисиј, ќелија св. Харалампиј (ман. Ватопед) во Кареја

Монах Паисиј, ќелија Св. Архангели Савеон

Монах Агатон, ќелија Свети Архангели Савеон

Монах Иларион, манастир Кутлумуш

Монах Паисиј, скит на манастир Кутлумуш

Старец Алипиј, каливија на Св. Николај во Капсала (ман. Пантократор)

Монах Епифаниј, Капсала (манастир Пантократор)

Монах Авакум, каливија на Св. Николај во Капсала (ман. Пантократор)

Иеромонах Дамаскин, монах, скит Св. Јован Претеча (Продром)

Старец Ефрем, монах, скит Св. Јован Претеча (Продром)

Монах Никодим, скит св. Јован Претеча (Продром)

Превод: СВЕТА РЕВНОСТ.

Преземено од pravoslavljepzv.wordpress.com

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *