Св. Јован Мосх: Лимонар (5)

Лимонар-сликаГлава 9
За прекрасната милостиња на еден свет отец

Во истата лавра Пиргиа, живеел некој старец. Толку многу бил сиромашен, но во исто време и многу милостив. Еден ден во неговата ќелија дошол некој сиромав и го молел за милостиња. Старецот немал ништо друго освен едно парче леб и му го понудил на сиромавиот. Овој му рекол: „Не ми е потребен леб, туку облека.“ 

Старецот го зел за рака и го одвел во својата кула, но и таму немало облека, освен таа која што ја носел старецот и кој бил решен да ја соблече за да му ја даде на сиромавиот. Но овој, трогнат од добродетелта на старецот, ја одврзал својата вреќа, ја истурил на сред ќелија и рекол: „Земи се калуѓеру, а јас ќе се снајдам.“


Глава 10
За отшелникот Варнава

Живеел некој отшелник Варнава во пештерите во близина на реката Јордан. Еден ден, додека се симнувал на реката за да се напие вода, нешто го каснало на ногата. Тоа била шкорпија која останала забодена во ногата. Бидејќи не сакал да побара лекарска помош ногата почнала да му се распаѓа, така да бил принуден да замоли за ќелија во манастирот Пиргиа.

Како одминувало времето, ногата се повеќе се распаѓала, а блажениот на своите посетители им говорел дека, колку повеќе се мачи и трпи нашиот надворешен човек, толку нашиот внатрешен човек зајакнува.

Бидејќи авва Варнава некое време бил во лаврата Пиргиа, некој друг отшелник се населил во неговата пештера покрај Јордан. Влегувајќи во неа видел ангел Господов како стои над жртвеникот кој што авва Варнава го изградил и дал да се освети. „Што правиш овде?“, – го прашал отшелникот на ангелот. „Јас сум ангел Господов и од кога е осветен овој жртвеник, Бог ми го довери да се грижам за него.“

Продолжува…

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *