Св.Филарет Нов Исповедник (Вознесенски): ПОСЛАНИЕ

Пoслание на Митроолит Филарет до браќата во Христа православни епископи и до сите на кои им е драга судбината на Руската Црква

 

Пред некое време Советската власт во Москва и по разните краишта на светот ја празнуваа годишнината на октомвриската револуција од 1917 година, која што и ги донесе на власт.

Ние во тие денови си спомнуваме за почетокот на крстниот пат на Руската Православна Црква, на која, до ден денес како да се нафрлиле сите сили на адот. Судрувајќи се со отпорот на силните по дух архипастири, пастири и мирјани, комунистичката власт за борба со религијата уште од првите денови се трудеше да ја ослаби Црквата, не само со убивање на нејзините посилни водачи, но и по пат на создавање расколи.

Така се појави таканаречената „Жива Црква“ и обновленското движење, носејќи карактер на таканаречена Црква на протестантско-комунистичката реформација. Иако имаше подршка на режимот, сепак тој раскол беше надминат со внатрешните сили на Црквата. Сосема беше јасно за верните дека „обновленската црква“  е неканонична и дека го менува Православието. Затоа народот не тргна по неа.

Вториот обид, по смртта на Патријархот Тихон и апсењето на Местоблјустителот (чуварот, заб.на.прев.) на патријаршискиот престол – митрополитот Петар, имаше повеќе успех. Советската власт во 1927 год. почна да го расколува внатрешното единство на Црквата. Со иследувања, затвори и специјална обработка, таа ја скрши волјата на заменикот на патријаршискиот Местоблјустител, митрополитот Сергеј и доби од него јавна дехларација за потполна лојалност на Црквата кон советската власт, одејќи до таму, што радостите и успесите на Советскиот Сојуз, се објавени од митрополитот, за радости и успеси на Црквата, а неуспесите – за нејзини неуспеси. Што може да биде по богохулно од ваквата мисла, справедливо во тоа време од многумина оценета како обид да се соединат светлината и темнината и Христос со велијар. Да ја потпишат оваа декларација, во свое време се откажаа и патријархот Тихон, и митрополитот Петар, и другите Местоблјустители на Патријаршискиот Престол, за што последните беа изложени на апсења, затвори и логори.

Протестирајќи против оваа декларација еднолично објавена од митрополитот Сергеј, без согласноста на мнозинството на епископатот на Руската Црква и на тој начин нарушувајќи го 34 Апостолско правило, многу епископи кои тогаш се наоѓаа во логорот на смртта на Соловки, му напишаа на митрополитот: „Секоја власт, понекогаш, може да донесе нерасудно, неправедно, жестоко решение на кое Црквата е принудена да се потчини, но не може да му се радува и да го одобрува. Советската власт си има поставено задача да ја искорени религијата, но успесите во тоа дело Црквата не може да ги признае за свои успеси“ (Отворено писмо од Соловки, 27 Септември 1927 година).

Храброто мнозинство чеда на Руската Црква не се согласи со декларацијата на митрополитот Сергеј, сметајќи дека сојузот на Црквата со безбожната советска власт, која за своја цел има уништување на христијанството воопшто, принципиелно не  може да се направи.

Но, сепак, расколот се случи. Малцинството кое што ја прифати декларацијата, формира централна администрација со името Московска Патријаршија, официјално признаена од власта, а всушност, не добивајќи никакви правни права од тие кои продолжија со пожестоки гоненија на Црквата. Според зборовите на Петроградскиот митрополит Јосиф, митрополитот Сергеј објавувајќи ја декларацијата, застана на патот на „монструозната произволност на човекоугодништвото и предавство на Црквата, за сметка на интересите не безбожноста и рушењето на истата Црква“.

Мнозинството, ја отфрлија декларацијата и започнаа со илегално црковно постоење. Речиси сите епископи беа мачени и убиени во логорите на смртта, меѓу нив и Местоблјустителот митрополит Петар, од сите почитуваниот митрополит Казански Кирил и митрополит Петроградски Јосиф, кој беше стрелан при крајот на 1938 година, а исто така и многу други епископи, илјадници свештеници, монаси, монахињи и храбри мирјани. Со чудо избавените и останувајќи живи епископи и свештенослужители, почнаа да живеат илегално, извршувајќи богослужби тајно, криејќи се од властите, и на тој начин ставија почеток на КАТАКОМБНАТА ЦРКВА во Советскиот Сојуз.

Малку сведоштва за неа дојдоа до слободниот свет. За неа долго молчеше и советскиот печат, сакајќи да прикаже дека Московска Патријаршија ја подржуваат сите верници во СССР. Постоењето на катакомбната црква се трудеа целосно да го негираат.

Но, ете, по смртта на Сталин и отфрлањето на неговите активности, а особено по падот на Хрушчов, советскиот печат се почесто и почесто почна да пишува за тајната Црква во СССР, нарекувајќи ја „секта“ ВИСТИНСКИ – ПРАВОСЛАВНИ ХРИСТИЈАНИ (ИСТИННО – ПРАВОСЛАВНıЕ ХРИСТИАН, или скратено ИПХ, на руски јазик и општ прифатен термин во словенскиот православен свет, заб.на.прев.). Очигледно, не можеше повеќе да се молчи за неа, премногу е бројна и премногу грижи им причинува на властите.

Неочекувано, во „Словаре атеиста“ (издавање политичка литература, Москва 1965 г.), на страниците 123 и 124, отворено се зборува за КАТАКОМБНАТА ЦРКВА. „ВИСТИНСКИ – ПРАВОСЛАНИ ХРИСТИЈАНИ (ИПХ), читаме во словарот, „ПРАВОСЛАВНА секта која што се појави во 1922-24 години. Таа се формирала во 1927 година, кога митрополитот Сергиј го прогласи принципот на лојалност кон Советската власт“. „Монархистичките (а ние би кажале црковните) елементи, обединувајќи се околу Ленинградскиот (Петроградскиот) митрополит Јосиф (Петровìх) – ЈОСИФЛИЈАНИ“, или, како што вели истиот словар, ТИХОНОВЦИ, „во 1928 година создадоа РАКОВОДЕН ЦЕНТАР НА ВИСТИНСКА-ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА (ИПЦ), обединувајќи ги сите групи и елементи кои се против Советското управување“. Ќе додадам од себе – безбожното (се мисли на советското уредување, заб.на прев.). „…ВИСТИНСКО – ПРАВОСЛАВНАТА ЦРКВА испрати во селата многу монаси и монахињи, – најмногу свештеници, повторно ќе додадам од себе, – кои тајно извршуваат богослужби и треби и водат пропаганда против раководството на Православната Црква“, односно против потчинетата на Советската власт, Московска Патријаршија, „повикувајќи да не се потчинуваат на советските закони“, направени, очигледно, против Црквата Христова и верата.

Според сведоштвото на „Словара атеиста“, „ВИСТИНСКО – ПРАВОСЛАВНИТЕ ХРИСТИЈАНИ создавале и создаваат домашни (т.е. тајни) КАТАКОМБНИ цркви и манастири… целосно зачувувајќи го вероучението и обредите на Православието“. Тие „не ја признаваат над себе власта на Православниот Патријархат“, т.е. патријархот Алексеј, кој го замени на митрополитот Сергиј.

„Стремејќи се да ги огради ВИСТИНСКИ – ПРАВОСЛАВНИТЕ ХРИСТИЈАНИ од влијанието и дејствијата на советската власт“, секако, најмногу од безбожната пропаганда, „нивните раководители… го користат митот за антихристот, кој демек владее во светот од 1917 година“. Антихристовата суштина на Советската власт е несомнена за секој нормален човек, а уште повеќе за христијанин.

ВИСТИНСКИ – ПРАВОСЛАВНИТЕ ХРИСТИЈАНИ „обично се откажуваат од учество во изборите“, кои во Советскиот Сојуз се лишени од слобода и се обична комедија „и други јавни настани, не примаат пензија, не ги пуштаат своите деца на училиште повеќе од четврто оделение…“ Еве неочекувано советско сведоштво за вистината, кон што ќе додадам.

Чест и пофалби за ВИСТИНСКО – ПРАВОСЛАВНИТЕ ХРИСТИЈАНИ – херои и исповедници, кои не се наклонети на страшната власт, која се одржува само со страв и насилство и така ги држи приврзани своите поданици. Советските власти се гневни и јаростни од фактот, што постојат луѓе кои повеќе се бојат од Бога, отколку од луѓето. Тие се немоќни пред милионите ВИСТИНСКИ – ПРАВОСЛАВНИ ХРИСТИЈАНИ.

Меѓутоа, освен тоа што се наоѓаат во Советскиот Сојуз, ВИСТИНСКИ-ПРАВОСЛАВНАТА ЦРКВА и Московска Патријаршија, немаат ниту молитвено, ниту било какво општење помеѓу себе, постои трет дел од Руската Црква – слободна од гоненијата на безбожниците – Руска Православна Црква Задгранична. Таа никогаш ја нема прекинено духовната и молитвената врска со Катакомбната Црква во татковината. По последната војна многу членови на таа Црква, се најдоа надвор од Русија и се присоединија со Руската Задгранична Црква, со што уште повеќе се зацврсти врската помеѓу тие две Цркви, врска која илегално се одржува до ден денешен. Колку што поминува времето, таа се повеќе станува посилна и подобра.

Слободна, задграничниот дел на Руската Црква е повикана да говори во слободниот свет од името на гонетата катакомбна Црква во Советскиот Сојуз, да ја открива трагичната состојба на верниците во СССР, кои што се замолчени од безбожната власт со помош на Московска Патријаршија.

Еве зошто чувањето на РУСКАТА ЗАДГРАНИЧНА ЦРКВА е наш свештен долг. Господ, срцепознавачот, Кој допушти на Црквата Своја во Советската безбожна држава да биде гонета и лишена од сите права, ни го дарува нам – руските бегалци – во слободниот свет, талантот на СЛОБОДА и Он чека од нас преумножување на тој талант и негово умешно искористување. И ние немаме право да го закопаме во земјата. Никој нека не се дрзнува да ни говори дека ние треба тоа да го направиме, никој да не не турка кон смртен грев.

За судбината на нашата Руска Црква, ќе одговараме пред Бога ние – руските епископи, и никој во светот не може да не ослободи од таа свештена должност. Никој подобро од нас не може да го разбере тоа што се случува во нашата татковина. Многу пати, странците, дури, и православни и со висок црковен чин, прават груби грешки во однос на Руската Црква и донесуваат лажни заклучоци за нејзината денешна состојба. Бог да им прости за тоа, бидејќи не гледат што прават.

Еве зошто, му се допаѓа ли тоа на некого или не – РУСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА ЗАДГРАНИЧНА и понатаму ќе постои и ќе го подига својот глас во заштита на верата…

Извадок од посланието на св. Филарет Нов Исповедник (Вознесенски) објавено во „Православнаиа Рус“, 1965, No. 22 .

Превод: СВЕТА РЕВНОСТ.

Преземено од ИНТЕРНЕТСОБОР

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *