СВ.ФИЛАРЕТ МОСКОВСКИ: ПОУКИ ЗА ДУХОВНИОТ ЖИВОТ

Само смирението може да и донесе мир на нашата душа. Душата која не е смирена и која постојано е во вртлогот на страстите, мрачна е и матна како хаос. Дозволете и да најде сила во смирението и дури тогаш во неа ќе се појави вистинска светлина. Дури тогаш во неа ќе настане складен свет на исправни помисли и чувства. Гордото мудрување и заклучоци настанати од земната природа ја загушуваат душата како магла и во неа пропуштаат само едно зракче слаба светлина. Направете маглата да падне во долината на смирението и тогаш над себе ќе го видите чистото и високо небо. Душата самата себе се загушува од надмени и секогаш немирни помисли и страсни желби. Дајте и да се стиши во смирението…
Не можам да го прекорам чувствителното срце кое љуби. Зарем подобро е студеното срце? Каменото срце треба да се омекне, студеното да се загрее, а чувствителното и она кое е способно да љуби треба да се воздигне од природната љубов до љубов духовна. За ваквото срце најдобар пат е тихувањето кое го дава промислата Божја, за ова срце потонато во семејни врски да не биде целосно загушено само од природната љубов… Не треба да се жалиме на она што Бог ни го дал преку природата, туку треба да го издигнеме до благодатта, па се ќе биде добро. Принесете Му на Бога желба за молитва, а Он ќе ве услиша и ќе ви даде молитва. Дури и плачот на светителите кои тажеле поради некоја краткотрајна жалост, не се рачуна како богоугодна жртва на Бога, а нашето долго и неутешно тажење и жалење не само што не е богоугодно, туку може да биде и грешно. Речено ни е: Не тажете како останатите кои немаат вера. Наша должност е со љубов и смирение на дете и христијанско стрпление да го носиме крстот кој што ни е даден, а не да го мериме и да го споредуваме со другите. Не треба да се жалиме на неволјите, туку да бдееме над себе и да се храбриме, за да не се случи изнемоштени и изморени да се лишиме од подготвената награда. Сите се утешители, а не исцелители од злото – вели свети праведен Јов за своите пријатели. Такви се луѓето. Само Бог може вистински да утеши, и тогаш кога дава, и тогаш кога одзима.

Превод: СВЕТА РЕВНОСТ.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *