Св. Паисиј Величковски: Духовни поуки

foto-5Светите Отци укажуваат на различните степени на нашата мисловна борба, пропратена или со нашата победа, или со нашиот пораз. Пред се, тие укажуваат на представениот предмет – предлог, а потоа негово примање – одобрување, потоа негово прифаќање – согласност, потоа – поробување од него, и на крајот – страст.

Предлог – тоа е кога некоја било каква помисла, неволно доаѓа на ум. Тој предлог се нарекува безгрешен, и не заслужува ниту пофалба, ниту осуда, бидејќи не произлегува од нашата волја.

Одобрување Светите Отци го нарекуваат разговарањето со појавениот предлог, односно тајно разговарање со појавената помисла, по страстите или бестрасно, примање на помислата која што доаѓа од непријателот (ѓаволот), нејзино задржување, согласност со неа и доброволно допуштање да пребива во нас. И тоа не ѐ секогаш безгрешно, а може да биде и пофално, ако богоугодно заврши. А за да заврши така, треба да се постапи на следниот начин: ако некој во почетокот не ја отсече лукавата помисла, туку расудува за неа, а непријателот уште повеќе настојува страсно да помислува на неа, а тој со сета сила се труди да се спротивстави со спротивни помисли – благи, или со добри и корисни помисли.

Согласност Светите Отци го нарекуваат сладосната согласност на душата со помислата, навлегувајќи во неа, или со предметот, представувајќи си го умно. Тоа се случува, кога, примајќи од непријателот (ѓаволот), помисли или представи, тогаш човекот стапува во општење со него преку мисленото разговарање и на крајот решава во својот ум, така како што мудошепнува ѓаволот преку помислата.

Заробување е неволно и принудително вовлекување на срцето кон појавената помисла, или нејзино постојано вовлекување во себе, што секогаш е погубително за нашиот добар и богоугоден живот. Во првиот случај – неволното вовлекување на помислата во срцето, кога твојот ум неволно е зафатен со лукавите помисли, без твоја желба, ти со Божја помош, можеш да го задржиш и да го вратиш кон себе. Во вториот случај – кога умот како да е грабнат од бура и носен од бранови, од благиот подвиг преминува кон лукави помисли, така што, не може да се врати во тивката и мирна состојба. Сето тоа произлегува, најмногу од расејаноста, роптањето, и многуте безполезни разговори и е свесно согласување со неволно дојдената помисла и е погубително за добриот живот.

Страст се нарекува таквата склоност која долго се вгнездила во душата преку навиката, и делува како втора природа. Човекот доброволно и се покорува, по своја волја, свесно, и таа постојано го смутува со страсни помисли, внушени од ѓаволот. Од честите представи и насладувања, таа се засилува и преминува во навика. Тоа се случува, кога ѓаволот, често му представува на човекот некој предмет или лице кои се страсни за човекот, и на тој начин разгоруваат особена љубов кон нив, и човекот, волно или неволно, мислено бидува победуван од неа. Тоа често се случува, кога човекот, од невнимавање, не обрнува внимание на лошите помисли, а дури се трудел и да ги развива по своја волја. Страста, во сите свои појави, подлежи или сразмерно со вината покајание, или на идни маки.

Потребно е непрестано да се каеме и да се молиме за избавување од секоја страст. На идните маки ќе бидеме подложени, не поради борбата со демоните, туку поради своето непокајание.

Превод: А. Т.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *