Св. Марко Ефески: За вистинската вера

До сега имавме Вера која немаше недостатоци во ништо, па затоа не ни е потребен Собор или Акт на унија за да се научиме на нешто ново… Се надеваме дека со неа ќе излеземе пред Бога и ќе добиеме прошка на гревовите, а без неа незнам каква праведност ќе не ослободи од вечните маки ? Оној кој настојува да ја отфрлиме оваа вера и да воведеме друга, нова, ако е и ангел од небото – нека е анатема, и да исчезне секој спомен за него и пред Бога, и пред луѓето. никој нека не е господар во нашата вера, ниту цар, ниту архиереј, ниту лажен Собор, ниту било кој друг, туку само Единиот Бог Кој и ни ја предаде, и Сам и преку Своите ученици.

Соборите ги осудија оние кои немаа послушание кон Црквата, туку го држаа мислењето кое е спротивно на нејзиното учење. Јас не го изразувам своето мислење, не воведувам ништо ново во Црквата, ниту пак бранам некакви заблуди. Јас цврсто го чувам учењето кое Црквата, примајќи го од Христа нашиот Спасител, отсекогаш го чувала и го чува… А кој може да го наклевети и собори Неговото учење? Ако јас цврсто стојам во ова учење и не сакам да го отфрлам, кој се осудува да ме осуди како еретик? Прво морате да го осудите учењето кое што го бранам, но бидејќи едногласно е примено како свето и православно, како тогаш заслужувам осуда?..

Св. Марко Ефески

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *