Светогорскиот скит Св. Јован Крстител (Продром) престана со спомнување на патријархот Вартоломеј

Добивме информација дека светогорските монаси од скитот Продром, кој припаѓа на манастирот Велика Лавра, педесет на број, изгласале дека прекинуваат со секакво спомнување на патријархот Вартоломеј.

Братството на скитот е под огромен притисок на манастирот Велика Лавра, и од нив се бара да не престануваат со спомнувањето на патријархот Вартоломеј и да не ја објавуваат јавно донесената одлука. Одлуката на братството до тој степен го разјарила  игуменот на Велика Лавра, што речиси на фашистички начин, газејќи го илјадогодишниот типик на демократско управување, рекол дека од денес го укинува досегашниот начин на управување со скитот!

Романската Патријаршија веднаш го испратила Неговото Високопреосвештенство Андреј, Митрополит на Клужа, Марамуреша и Сатмаара, одблизу да ја разгледа состојбата. Меѓутоа, монасите му одговориле дека нема да биде примен доколку не го отфрли Критскиот собор.

Игуменот на манастирот Велика Лавра вели, дека, Соборот на скитот е распуштен и дека тој сега управува со скитот. Монасите на романскиот скит ќе мораат истиот да го напуштат.

Отец Јулијан (Лазар), духовник на Скитот

Превод: СВЕТА РЕВНОСТ.

Преземено од Православље Живот Вечни

1 коментар на « Светогорскиот скит Св. Јован Крстител (Продром) престана со спомнување на патријархот Вартоломеј »

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *