Свети Хризостом Нови

%d1%81%d0%b2-%d1%85%d1%80%d0%b8%d0%b7%d0%be%d1%81%d1%82%d0%be%d0%bc-%d0%bd%d0%be%d0%b2%d0%b8

 

                                                                            (Се одбележува на 7 Септември)

 

Иконата е нацртана за Прославата на Светецот, во Иконографското  студио на  Светиот Манастир “Свети Кирпијан и Јустина“ во Фили (Атина), Грција.

На Свитокот хартија на иконата пишува: “Ние избираме да сме прогонувани,борејки се на неразрушливите ѕидини на Православието”.

 


 

Свети Хризостом, Нови Исповедник и Архиереј

“…Но дури ако, хипотетички, сите староалендарци преминат кон Ново Календарци, и остане само еден старокалендарец, Јас ке сум тој. “

 

Долго очекуваната ‘Αγιοκαταταχξιζ [1] на Св. Хризостом Нови (1870-1955), таканаречениот “Татко“ на Грчкото Старо Календарско движење, по одлуката на Светиот Синод на Црквата на Вистинските Православни Христијани од Грција, на 8 ми Мај 2016 (Стар Стил), беше во Сабота на 15 ти Мај 2016 (Стар Стил), вечерта спроти Неделата на Жената Самарјанка, во историскиот Манастир на Успение на Пресвета Богородица во Парнес (Атина), Грција (види подоле), каде Светителот беше закопан и каде неговите свети мошти, кога беа откриени чудесно благоухаа при нивното откопување, се чуваат за верните да им оддаваат почит.

%d1%81%d0%b21

 

 

На убавата литургија и Службата за Прославување која беше долга многу часови, Неговото Блаженство Архиепископ Калиник, првиот Архиереј на Светиот Синод, како претстојател сослужуваше со сите членови на Синодот, освен со оние што не присуствуваа поради некоја причина како што е болест или слабост, со Неговото Високопреосвештенство Митрополит Агатангел од Одеса, Првиот Архиереј на нашата Сестринска Црква, Руската Православна Црква Задгранична, и еден од нејзините Архиереи, и со тројцата Архиереи од нашата Сестринска Црква во Романија. Многумина од клирот, монаси и монахињи и верници од Грција и од Источна и Западна Европа, Балканот, Африка, Австралија, Америка и Далечниот Исток, исто така, присуствуваа на еден од најзначајните настани во подолгата историја на Црквата на Вистинските (старокалендарци) Православни Христијани од Грција, каде што Св. Хризостом Нови служеше од 1935-1955г..

 

 

%d1%81%d0%b22

 

%d1%81%d0%b23

%d1%81%d0%b24

Ново прогласениот светител Χρυσόστομος Kαβουρίδης (Хризостом Кавуридис) е роден на 13ти Ноември 1870 година, на празникот на св. Јован Хризостом, во Мадитос, Источна Тракија, каде што и заврши средно училишно образование. Признат како побожен и надарен студент, тој отиде да студира теологија во познатото Теолошко училиште од Халки, на Принцезниот Остров близу Константинопол, каде што и дипломира magna cum laude, во 1901, каде и што ја напиша неговата дипломска теза на тема “Православието на Светиот Маченик Кирил I (Лоукарис) (Вселенскиот Патријарх од Константинопол).[2]

 

Кон средината на неговото средно образование, идниот Светител беше ракоположен во ѓакон од Константинополскиот Патријарх Јоахим III, кој го произведе во протоѓакон, и го назначи за проповедник.

 

На 5ти Август, 1908, тој беше ракположен во презвитер, и наредниот ден беше посветен во епископ како Владика од Имброс каде што служеше до 1912. Потоа беше назначен како Митрополит на Пелагонија  каде што служеше до 1918, кога во средината на политичките нереди во Грција, тој се повлече на Света Гора, каде и остана до 1921.

 

Вракајки се во Атина Митрополитот Хризостом силно се спротистави на изборот на неодамна отстранатиот Архиепископ Мелетиј (Метахаkis) од Атина, екстремен либерал и реформист, како Константинополски Патријарх во ноември 1921. Наспроти протестите, Мелетиј IV беше востоличен во Константинопол 1922. Откако го разгневи новиот Патријарх, кој ја искористи неговата моќ за да го прогонува и да го обвинува за различни политички мотивации и црковни прекршоци[3] , Светителот замина за Александрија, каде што беше предложено да го пополни напуштениот патријаршиски трон во тој град. Тој одби таква евентуалност и се врати во Атина.

Во 1923 г., Мелетиј IV, откако ја призна Англиканската хиерархија (потег кој беше критикуван дури и од Ватикан), признавајки ја скандалозната “Жива Црква“, либерално реформаторско движење подржано од советските атеисти со надеж дека понатаму ќе ја ослаби прогонуваната Православна Црква на Русија, го реформира Православниот Календар, на лажна-научна основа за обновување на неговата астрономска точност, но всушност како дел од напорите за воведување на еден екуменистички календар за заедничко прославување на црковните празници од сите христијански вероисповедања, ставајки ги настрана древните православни практикувања и донесувајки други реформи спротивни на Православното Предание, Мелетиј IV  го напушти Константинопол, под изговор дека му е потребна медицинска помош. Под притисок на Грчката Влада, тој се пензионира во септември истата година. Тој подоцна (1926 г.) стана Патријарх на Александрија.

Со оглед на добрата клима создадена како резултата на заминувањето на Патријархот Мелетиј од Константинополскиот Трон, на Митрополитот Хризостом му беше понудена нова катедра, каде што тој служеше од 1925 – 1926. Потоа, во март 1926 г., неговата Светост беше префрлен во Митрполијата во Флорина, каде што служеше до 1932.  Преку Официјалната Црква на Грција, а под политчки притисок и под влијанието на други реформатори, се прифати новиот календар, но светителот продолжи да служи по традиционалниот Црковен Стар Календар до 1928, кога беше присилен да се прилагоди кон Православниот Црковен празничен Календар кон световниот календар, за кое тој и реагира со приговарања кон Светиот Синод, гледајки ја промената на календарот како опасен новитет.

 

По тешката болест на светителот се наложи потреба за негово болничко лекување во Атина и архиерејот се пензионира од неговото седиште во 1932 г. Тој остана во Атина, и во 1934 г. дојде во контакт со црковните заедници на Вистинските Православни Христијани од Грција, таканаречените “Старокалендарци“. Во 1935, заедно со други двајца Архиереи од Официјалната Црква на Грција, Митрополитите Герман од Деметрија и Хризостом од Закинтос, тој формира Синод за  да ги обезбеди тие православни христијани на Грција кои се спротивставија на новиот календар, а кои тогаш беа голем дел од населението. На тој начин се ограничија себе си од модернистите со цел да се заштити чистотата на Црковното сведоштво, тие ја основаа Црквата на Вистинските Православни Христијани на Грција, на којашто Светителот и служеше се до својата смрт.

Да се разбере значајноста на тој потфат на кого Св. Хризостом се посвети, ние мораме да разбереме дека тој беше убеден, во еден период на неговиот живот кога неговото слабо здравје и старост би оправдало да ја препушти оваа задача на некој друг, но неговото спротивставување на промените на календарот беше повеќе од  потребно. Две многу важни изјави од него го оцртуваат неговото разбирање за големата важност на Црковниот Празничен Календар  и штетните ефекти на вртоглавите реформи.

„Поставени во форма на sидови и бастиони и тврдини од канонски и соборски декрети…Еден од тие sидови на Православието е Црквениот Календар, кој ја дели Православната Црква од еретичките цркви во славењето на Празниците и држањето на постовите, обезбедувајки едноставност помегу верниците со воочливо сваќање на црковните разлики помегу Православниот христијанин и еретичкиот или иниославниот христијанин.

… Прашањето за Црковниот Календар не е за времето и датите на нашата Црква, но прашање на заедништво и согласен став на одбрана на Православието против ерес и лажни верувања.(12)“

 

(12) Види “῾Yπόμνημα ἀπολογητικὸν ὑπὲρ ἀ ναστηλώσεως τοῦ Πα-τρίου Ἐκκλησιαστικοῦ Ἡμερολογίου” ( Меморандум во одбрана на обновувањето на традиционалниот црковен календар), од Илија Ангелопулос и Дионисиос Батистатос,  Μητροπολίτης πρ. Φλωρίνης Χρυσόστομoς Κα- βουρίδης: Ἀγωνιστὴς τῆς Ὀρθοδοξίας καὶ τοῦ Ἔθνους (Хризостом  Кабуридес, митрополит emeritus од Флорина, борец за правозлавието и за Грчката Нација) (Атина 1981), стр 157и 158.

 

 

Во време кога екуменистичкото движење – раководено од Патријархот Мелетиос Метаксакис, кој, под влијание на универзалните правила на екуменизмот, интеранционализмот,  и масонството, воведоа календарска иновација како прв чекор кон универзален „христијански календар“ – само што почна да ја подрива само-идентификацијата на Православните како наследници на аманетот од раната Црква и продолжувачи на неразделен Хрстијански свет, Светителот јасно ја разбра врската помеѓу календарската иновација и опасноста претставена од екуменизмот, како сериозна закана на традиционалната Православна црковност и духовност. Како резултат, тој ги напиша со пророчко прозрение  зборовите за политичкиот екуменизам и Православието:

Да бидеме сигурни, помирувањето мегу двата Христијански Света од Исток и Запад во прославувањето на христијанските празници е посакувано од сите и е предмет на голема морална вредност и значајност. Како и да е, тоа мора да се постигне и оствари во служба на Хрстијанската вистина и во слава на Богочовекот Исус Христос. Да се случи тоа, моралните интереси на целиот Христијански свет би биле во корист на правата Вера. Но, кога помирувањето е потикнато од материјални светски мотиви и е на сметка на православието и намалување на славата на Христа, тогаш личните интереси, и особено црковните амбиции и желби, се штетни на идејата за Црква, и влијание на Православието воопшто. Неговата душа се состои од преданијата и Богоинспирираноста и непогрешливите документи од Апостолските канони и одлуките од Седумте Свети и Вселенски Собори, нарушавање кое ја уништува Божествено изградената и неповредлива власт на Божествената Суштина на Христовата Црква. Затоа секоја штета нанесена на Православието и секое нарушување станува штета и нарушување на Божествениот карактер и длабокото и Божествено значење на Христијанската религија.(13)

 

Во случајот со страдањата на Св. Хризостом Нови – како еден од основачите и подоцна признаен “Татко“ – на Грчкото Старо Календарско движење, неговата верна но умерена и мудро изразена одбрана на Црковниот календар како знаме за зачувување на Православната Традиција и од правилна самосвест на улогата на Православните Христијани и нивната улога во Божествениот Домострој, му донесе многу искушнија и незгоди.

 

(13) Митрополитот Хризостом (порано) од Флорина, “Ἀναίρεσις τοῦ«Ἐλέγχου» τοῦ Ἀρχιεπισκόπου Ἀθηνῶ ν Χρυσοστόμου Παπαδοπού-λου” („Созбивање на цензура„ од Архиепископ Хризостомос Пападопулос), во Ἅπαντα πρ. Φλωρίνης Χρυσοστόμου ( Целосните дела (митрополитот) Хризостомос од Флорина). (Ἑλληνικὸ τῆς Γορτυνίας: Hiera Mone Hagiou Nikodemou, 1997), Vol. I, страна  260f.).


 

Иако тој беше навикнат на перипетиите на црковниот живот за време на политички нестабилните времиња во кои тој служеше на Грчката Официјална Црква – низа на диктаторства, конфликт мегу приврзаниците на кралот и неприврзаниците на кралот, трагичните војни на Балканот, и Првата Светска војна – соочувајки се со прогон заради неговото бранење на Црквениот календар, мора да е било застрашувачки за него.

Веднаш откако тој и неговите колеги Владици од Државната Црква формираа административен Синод за Вистинските Православни Христијани на Грција, посветувајки четири нови Владици, сите беа забранети, отргнати и уапсени, осудени и прогонети по барање на офицјалната Црква. Тие исто така беа жртви на карактерно уништување, носејки им големи тешкотии, видоа насилство извршено врз нивното стадо од полицијата и воените сили по барање на Офцијалната Црква на Грција. Многу беа насилни нападите над старокалендарците во тој период, официјалните служби пробаа да ги прекинат нивните литургии, така да број на маченици произлегоа од тој период.

Случаи на лична слабост и внатрешен раздор се појави меѓу владиците. Тројца Владици (двајца од нив се  Новите Владици посветени од Синодот), под закани и неможејќи да ги издржат маките, се вратија во новокалендарската Официјална Црква. Други двајца архиереи, еден од нив исто така од ново посветените, започна еклесиолошка дебата, што го разцепи движењето и тоа остана постојано поделено и до ден денес. Еден од нив, прогласи дека новокалендарците се еретици, без благодат, и надвор од Православната Црква, по сила на нивната измислица – став кој св.Хризостом особено не би го одобрил без двоумење, формира мала, независна група на старокалендарски зилоти што постојат и до ден денес.(14)

Во 1951, кога светителот беше веќе на осумдесет и една година, тие тешкотии и разочарувања му тежеа (тој стори се што можеше да стори да ги обедини и зајакне расцепените старокалендарски заедници), се појави нов бран на прогони, формиран од тешки и строги закони од тогашниот Архиепископ на Државната Црква на Грција, Спиридон, кој беше ставен на власт.

 

(14) Види Архиепископ Хризостом, Владика Амвросиј и Владика Авксентиј, „Старо Календарската Црква на Грција„ Петта едиција (Етна,Калифорнија, Центар за Традиционални Православни Студии, 2009) Стр 19-22.

Старо Календарскиот клир, беше во судир со владините служби и беа уапсени и тепани, нивните храмови конфискувани, дури и нивните основни граѓански права беа прекршени. За жал, св. Хризостом беше прогонет во оддалечен манастир, и беше лишен од се. За срека, законите на Спиридон беа сопрени од Грчкиот Премиер, кој лично се заложи за Светителот да се врати во Атина, каде што останатите години проживеа во мир. (15)

Секој што ги  читал неговите опширни пишувања(16), суптилни и елегантни и составени во убава грчка проза, може да го потврди како нов светител, светител за сите Традиционални Православни. Тој беше човек кој никогаш не покажа злоба кон неговите прогонувачи, секогаш бараше тие да се вратат кон целосните традиции на Црквата, кои колку и да се строги никогаш не го губат духот на љубовта. Тој никогаш не ги изрази своите мислења на ниво на догма, не беше арогантен за својата праведност и грешност на другите, и дури би пристапил до нешто што и не го одобруваше (како што беа неговите зборови некогаш), заради единство, но за прашањата на вистинските догми и Светото Предание или лојалност кон својот збор и до личностите што ги почитуваше, тој до крај остана некомпромитирачки. И неговото наследство роди плод во 2014 г., кога, во негов дух, двете најголеми фракции од Старо Календарците во Грција, Светиот Синод во Отпор и Црквата на Вистинските Православни Христијани, се обединија.

Да завршиме со зборовите на двајца познати Ново Календарски Архиереи, свети хризостомовиот духовен син и поранешен ѓакон, починатиот Вселенски Патријарх Атинагора, кој беше “арка-екуменистичка“, прозорливо посочен од Новиот Светител, како неговиот “Блажен Старец од Пелагонија“. (17) И починатиот Митрополит Августин од Флорина, на неговото востиличување во Официјалната Црква, рече за Св. Хризостом “ Ке управувам со диоцеза во која Архиереите зрачаат со мудрост и нивните добри дела сјаеја за време на Турското владеење, последниот кој што беше е блажениот и мудриот Хризостом од Пелагонија, духовниот Отец на сегашниот Вселенски Патријарх (Атинагора). “

Превод од англиски: И.Гогова

 

(15) Ibid.,страна. 23-26.

(16)  За дел од листата на пишувањата од Светецот , види Митрополит Кипријан, стр. 27-33 (κζ-λγ).

(17) Хризостом. стр. 59.

[1] ‘Αγιοκαταταχξιζ (Хагиокататаксис) на Светител означува Прогласување на ставањето на неговото или нејзинотот име во Празничниот Календар на Црквата. Тоа е најчесто одбележано како “Прослава на Светецот “ по  Англиски, со цел да се избегне Римокатоличкиот термин “канонизација“, кој не го отсликува правилно Православното разбирање на Христоцентричната природа на светоста и како Црквата им оддава почит на светителите. Како и да е, иако терминот “Прослава“ е неадекватен во опишувањето на природниот, органски процес во кој свети мажи и жени, обединети и определени кон Христа, се случува да се прославуваат од христољубивиот Божји народ како пример на човечко обновување во Благодатта на Искупителот и  Спасителот.

 

[2] Неговата теза неодамна беше едитирана и издадена од Никола Манес  “: ἐπὶ πτυχίῳ Διατριβὴ τοῦ Μακαριστοῦ Μητροπολίτου πρ. Φλωρίνης Χρυσοστόμου Καβουρίδου: « Ὀρθοδοξία Κυρίλλου τοῦ Λουκάρεως»  (Дипломската теза од приснопаметниот митрополит emeretius од Флорина, Хризостом Кабоуридес, православието на Кирил Лукарис) (Атина, 2016).

[3] Подоцна, откако го зазеде водството на Старо Календарското движење, наспроти неговата старост и прогони од кои што страдаше, истите абсурдни обвинувања беа израмнени спроти него, како дел од обид за постојани обиди од календарските реформатори да ги обезвреднат православните традиционалисти во Грција.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *