Свети Петар Алеут, маченик, кој пострадал од католицизмот

petar aleut

„На север од пустинскиот Еловски остров на Алјаска – ни раскажуваше основачот и првиот игумен на Свето-Германовската пустина во Платина, отец Герман – блажено почиваат моштите на преподобниот Герман Алјаски, руски валаамски монах, еден од првите мисионери, кои го донеле Православието на таа земја. Утешителни сведоштва имаме од отец Герман; и од неговото житие, дознаваме за новиот маченик за Православната вера, светиот Петар Алеут“.

Сепреданиот духовен син на отец Герман, схимонах Сергиј (Јановски) ни остави во своите записи поразувачки сведоштва за првиот исповедник на Светото Православие од домородното население на Америка и за тоа – што за нас е посебно важно – како тој за првпат бил прогласен за маченик со зборовите на самиот преподобен Герман.

„Руско-Американската компанија“ основала колонија „Форт Рос“ во близина на Сан Франциско, уште во 1812 г. Таму климата и почвата биле пријатни за земјоделство, сточарство, овоштарство и т.н. – и сето тоа требало да придонесува полза за компанијата. За тоа била потребна работна сила. Така, во колонијата се населиле руси и алеути, кои дошле од северните области. Но, новата руска колонија се наоѓала многу блиску до границата со Калифорнија, која ѝ припаѓала на Шпанија, и разбудила сомнежи кај Шпанците во однос на намерите на „Руско-Американската компанија“. Плашејќи се, дека русите сакаат да завладеат со Сан Франциско, шпанската влада побарала да го напуштат Форт Рос и почнала  да им прави разни проблеми. Дошло до тоа, што во 1815 г., шпанската влада уапсила неколку десетици руси и алеути. Уапсените, дел ги држеле во Сан Франциско, а дел биле испратени на други места. Нив ги принудувале да работат и ги третирале многу лошо. Не се знае како 14 православни алеути се нашле во сан-францискиот затвор и зошто паднале во рацете на језуитите. Еве, што запишал отец Сергеј (Јановски) во своето писмо до отец Герман:

„Еднаш му раскажав, како шпанците во Калифорнија заробија четиринаесет наши алеути, и језуитите почнале да го мачат еден алеут, принудувајќи ги сите да примат католичка вера, на што тие никако не се согласувале, одговарајќи: „Ние сме христијани, ние сме крстени“ и ги покажувале своите крстови на вратовите. Но језуитите се спротивставиле: „Не, вие сте еретици – шизматици, и ако не се согласите да ја примите католичката вера, ќе ве убиеме“. И ги оставиле по двајца во темница до вечерта, да размислуваат. Вечерта, дошле со фенери и запалени свеќи и почнале повторно да ги убедуваат да ја примат католичката вера. Но алеутите, проникнати со благодатта Божја, цврсто и одлучно одговарале: „Ние сме христијани, и нема да ја смениме нашата вера“. Тогаш, фанатиците почнале да ги мачат: најпрвин едниот, а другиот бил сведок. Тие првин на едниот му отсекувале дел од прстите на нозете, потоа на другиот – тој сè трпел и само велел: „Јас сум христијанин и нема да ја предадам својата вера“. Потоа, на рацете му одрезале по еден дел од секој прст; потоа на другиот, потоа му ги пресекле стапалата, па дланките – крвта се леела, но маченикот трпел до крај и постојано повторувал исто со голема вера: „Јас сум христијанин и нема да ја предадам својата вера“, – од губење на крв, починал.

Другиот ден, сакале да ги мачат и другите, но истата ноќ стигнала наредба од Монтереј: заробените руски алеути веднаш да се испратат со конвој во Монтереј; и утрото, сите, освен починатиот, биле испратени. Тоа ми го раскажа очевидец алеут, другар на маченикот, кој подоцна успеал да избега. За тоа јас тогаш пренесив до главните власти во Санкт-Петербург.

Кога го завршив својот расказ, отец Герман ме праша:

– А како се викаше измачуваниот алеут?

Јас одговорив:

– Петар, а презимето не се сеќавам.

Тогаш, тој застанал пред образот, благоговејно се прекрсти и ги произнесе овие зборови:

– Свети ново-маченику Петар, моли го Бога за нас!..“

„Го имаме примерот на свети Петар Алеут, кој умре поради тоа што се откажа да прими католицизам, кој според мислењето на нашите современици екуменисти, многу малку се разликува од Православието. 

И ние, спремни сме со радост да претрпеме испитувања и мачење за верата.“

Отец Герман и Серафим Платински

 

Вјачеслав Марченко

Преземено од  pppe.mk

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *