СВЕТИ ОТЧЕ ЈОВАНЕ МОЛИ СЕ ЗА НАС ГРЕШНИТЕ!

Исток и запад, север и југ, радувајте се празнувајќи го споменот на светителот и чудотворец. Небеса радувајте се, примајќи го новиот ангел, боговдахновениот молитвеник и бесребрениот пастир, благодатниот исцелител, пророк и благовесник, Јован, милостивиот наш застапник и крепкиот наш посредник на Судот. 

Собирајќи се денес да го прославиме човекот Божји, избраниот архипастир, светилникот на Руската дијаспора, учителот на различните народи, патникот во овој минлив свет, наследникот на пресветото Царство Небесно, Јован, возљубениот светител; да воскликнеме кон него: Моли Го секогаш Господа за спасение на нашите души. 

Стихири на вечерната богослужба

Подготвил: СВЕТА РЕВНОСТ

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *