Света Гора е против правењето „копии“ на атонските чудотворни икони

Свештениот кинотис на Света Гора се огласи во врска со масовната пракса во последните години да се прават „копии“ на прочуените чудотворни икони на Атон, кои потоа се „интронизирани“ во разните митрополии и парохии. Управата на Света Гора на 15 Февруари испрати писмо до сите манастири и нивните скитови „да се воздржат и да избегнуваат вакви појави“ согласно со решението на кинотисот уште од крајот на минатата година. Прашањето ќе биде разгледано на двојниот собор (се состои од постојаните претставници и од игумените на 20 – те манастири) на Света Гора за конечно решение.

Причината за вакво решение на Свештениот кинотис е се по-острата критика околу ваквата пракса која се претвори во своевидна мода во последните години, каде што, отделни митрополии и помесни цркви се натпреваруваат во набавката на вакви копии. Грчките медиуми како главен иницијатор на создавањето „копии“ го посочуваат ватопедскиот игумен Ефрем, кој ја спроведува нивната „интронизација“ во различни градови во земјата. Според критичарите на оваа пракса, целта на правењето „копии“ на атонските светињи не е благочестива, туку е  финансијска. Носењето на ваквите икони е проследено со реклама помеѓу верниците, дека доаѓа „точна копија на чудотворна икона“, која поради своето целосно совпаѓање со оригиналот, исто така е чудотворна. „Копиите“ на историјските икони во местата се пресретнуваат со државни почести и торжествени чествувања. Во последните 5 години во Грција се направени околу 30 „интронизации“. Многу често „точните копии“ се порачуваат за големи суми од богати бизнисмени. Сето тоа води до профанизирање на иконопочитувањето и е повод за обвинување за среброљубие и злоупотребување на религиозното чувство на народот.

Неодамна, двајца светогорски игумени си разменија остри отворени писма во кои се разгледуваше  и ова прашање, и тоа е јасен доказ, дека темата навистина е болна за светогорската општина. Архимандрит Григориј, игумен на манастирот Дохијар, јавно ја нападна праксата на ватопедскиот игумен да ја обиколува земјата со „копии“ на ватопедските светињи. Во одговор, ватопедскиот игумен архимандрит Ефрем, изјави, дека тие копии му биле побарани „по канонски пат“ и се се’ случува „со согласност на месниот епископ“.

Превод: СВЕТА РЕВНОСТ.

Извор: dveri.bg

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *