Рождество на Пресвета Богородица

О, Пресвета Дева, Мајко на Севишниот Бог, скоропослушна застапничке за сите кои со вера кон Тебе прибегнуваат! Погледни од височините на Твоето небесно величие кон мене непотребниот кој паѓам пред Твојата икона. Брзо слушни ја смирената молитва од мене грешниот и принеси ја пред Твојот Син, умоли Го да ја осветли мојата мрачна душа со светлината на Својата Божествена благодат и да го очисти мојот ум од суетни помисли, да го смири моето страдално срце и да се исцелат моите рани, да ме вразуми за добри дела и да ме укрепи да Му служам со страв, да ми ги прости сите зли дела, да ме избави од вечните маки и да не ме лиши од Своето Небесно Царство. О, Преблагословена Богородице! Ти си благословила во образот Свој да се нарекуваш Брзопослушничка, заповедувајќи им на сите кои прибегнуваат со вера. Затоа не ме презирај мене оскрбениот, и не дозволувај да загинам во бездната на моите гревови. После Бога во Тебе е сета моја надеж за спасение, и на Твојот покров и застапништво се доверувам себеси во веки. Амин.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *