Црква и Револуција: Националистички интернационализам

Ако хилијазам-утопизам претставува една од најстарите јудео-христијански ереси, поделба на светот на „чисти“ и „нечисти“ класи, нацијата е уште постара. Таа беше и предмет на првиот црковен Собор кој што е одржан во Ерусалим под претседавање на апостол Јаков. Ако и големиот апостол на обрезанието, свети Петар, макар и на кратко ја прифатил таа поделба, тогаш, не изненадува што отпадниците евреи и марксисти-ленинисти ја овековечија? Ова искушение не е карактеристично само за евреите: национализмот, издигнувањето на сопствениот народ или класа како суштински супериорна во однос на сите други – тоа е вечно искушение на сите народи, а кај некои православни народи никогаш не било поголемо од денес.

Кога Бог му заповеда на Ное во ковчегот да внесе по пар и од „чистите“ и од „нечистите“ животни, и кога му заповеда на апостол Петар подеднакво да јаде „чиста“ и „нечиста“ храна, Он со самото тоа покажа дека не постојат суштински чисти народи. „Зашто нема разлика…сите згрешија и се лишени од славата Божја“ (Рим. 3, 22-23). Сите надвор од ковчегот, надвор од Црквата Христова, се нечисти, и сите внатре во Црквата, ако не потполно, тогаш се во процес на очистување. И сите, без разлика на националноста, можат да влезат во Црквата. „Или Бог е пак само на Јудејците, а не и на незнабожците? Се разбира, и на незнабожците. Бидејќи еден е Бог, Кој ќе ги оправда обрезаните по вера и необрезаните преку вера“ (Рим. 3, 29-30). Секако, национализмот не е секогаш патолошки феномен и често е потребен за спасение на нацијата и за зајакнување на вистинската вера. Така да, можеби терминот национализам да го резервираме за патолошка појава, а за означување на позитивните појави, на кои што сега сакаме да им посветиме внимание, да користиме друг термин, на пример – патриотизам.

Кога на средината на деветнаесетиот век Цар Николај Први го одобри слоганот на словенофилите „Православие, Самодржавие, Народност“, тој под „народност“ подразбира патриотизам, или љубов кон својата татковина. „Народност“, според сфаќањата на Николај Први и словенофилите, е поврзана со Православие, бидејќи е потчинета на православието и ја издигнува нацијата не поради неа самата и не во спротивставеност со другите нации, туку како носителка на еден аспект на Божествената идеја на националното постоење. Така, целта на националната самосвест, според таа концепција, претставува „достигнување во судбината и духот на народот на она што Бог промислува за него во вечноста“, како што се изразува Владимир Соловјев.

Револуцијата тежнее да ја разори „Божествената идеја на националното постоење“, колективното лице на секоја нација, баш како што тежи да го разори Божествениот облик на постоењето на човекот, индивидуалениот лик на секој човек. Така Ленин вели дека целта на социјализмот не е само собир на нациите, туку и нивно соединување, односно уништување. Како вели Достоевски, „социјализмот ги лишува националните принципи на неговата индивидуалност, поткопувајќи ги самите темели на националноста“. Секако, Ленин штедро го подржуваше и распалуваше национализмот на малите народи на Руското Царство, со цел да го скрши богоносниот народ кој го мрзеше и од кого најмногу се плашеше. Но, распалувајќи ги националните чувства, тој се трудеше повторно да ги загуши, потчинувајќи ги сите нации на една единствена нација и класа која што ја прифаќаше – нацијата на еврејскиот интернационализам, Комунистичката партија на Советскиот сојуз.

Тој парадокс, дека, социјализмот истовремено го разгорува национализмот и ја уништува нацијата, претставува еден аспект на општата парадоксалност на социјалистичката револуција, која проповеда слобода а практикува ропство, прогласува еднаквост а создава нееднаквост, сонува за братство, а разгорува братеубиствена војна. На сличен начин и Француската револуција објави слобода и еднаквост на сите нации, но нејзиното појавување на меѓународната сцена се одигра во вид на Наполеоновиот империјализам, кој се обиде да ги лиши од слобода сите народи на Европа. И колку и да е тоа парадоксално, единствено самодржавна Русија, која и го победи Наполеон, гарантираше опстанок на народите на Запад и слобода од тоталитаризмот макар за наредните сто години.

Иако ја потикнувала страста за лична и национална слобода, за на тој начин да ја уништи старата црковна и државна структура, вистинската цел на револуцијата, всушност беше, уништување на секоја слобода и индивидуалност, како личната, така и националната. Лицемерно свртувајќи се кон оние вселенски идеали кои на светот му ги даде христијанството – нема веќе ни Јудејци, ни Елини, ни роб, ни слободен, нема машки пол, ни женски – таа всушност тежнееше кон потполно уништување на овие идеали, разорувајќи ја основата на која што почиваат тие: зашто сите вие сте едно во Христа Исуса (Гал. 3, 28). Така, исто како змијата во рајот, таа ветуваше живот, а даваше смрт…

Владимир Мос

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *