Револуција: 1. Детерминистичко ослободување

Ако се осврнеме на философските основи на револуцијата, ќе видиме дека истиот тој еврејски елемент е нераскинливо испреплетен со него – и тоа не само поради фактот дека помеѓу теоретичарите на револуцијата има толку многу евреи. Како што истакна Бертранд Расел, многу елементи на марксистичкиот систем потсетуваат на јудеизам: исто стремење кон ветената земја, сега и овде (комунизам и изумирање на државите), иста поделба на светската популација на избран народ (протелеријат) и гоја (експлоатирана класа), како и лута омраза кон овие последниве, потоа, истиот култ на лажен месија (непогрешливоста на лидерот на партијата). Утопизмот, навистина е срце на философскиот систем на марксизмо-ленинизмот. Игор Шафаревич го има анализирано потеклото на примерот на утопијското мислење за државноста во многу епохи и географски региони. Дојде до заклучок, дека, утопијата секогаш е: а). тоталитарна, води кон укинување на приватен имот, семејство, религија; б). се раководи со некаква желба за смрт, која доведува до психичка и духовна смрт на народите.

Под името хилијазам или миленаризам, утопизмот претставува една од најстарите христијански ереси (и тоа, како што можеме да видиме е со јудејска боја). Можеби зборовите: „и Неговото Царство не ќе има крај“, кои во Никејскиот Символ на верата се додадени на Вториот Вселенски Собор во Константинопол 381 година, се против таа ерес. Зашто хилијазмот во суштина се сведува на верувањето дека Самиот Христос ќе дојде на земјата пред Страшниот Суд, за на видлив начин да го воспостави Своето царство на период од илјада години, а тоа царство, според еретичкото учење, ќе се одликува со целосен триумф на еврејскиот народ и еврејскиот закон.

Но, Црквата ова го отфрли, учејќи дека вистинското Царство Христово ќе настапи по Судот и тоа ќе биде духовно царство кое нема да биде од овој свет, и нема да има крај. Ние во Царството Божјо можеме да влееме и пред Судот, но само во Црквата и преку Црквата, која не претставува и неможе да претставува сетилно и привремено царство.

Утопизмот не е заснован само на еретичка есхатологија, туку и на лажна антропологија која го порекнува човековиот пад. Бидејќи, утопија на земјата е возможна само под услов луѓето кои живеат во утопија да се безгрешни и бестрасни, и да ги потикнува само совршена љубов и смирение. Претпоставката дека било која класа на луѓе кога еднаш ќе биде ослободена од неправда и беди автоматски станува слична на ангелите претставува мит. Уште повеќе, мит-идеја дека царството на љубовта и братството може да настапи како последица на жестока и братеубиствена војна. Целта не ги оправдува сретствата. Користењето на лоши сретства неизбежно доведува до лоши резултати. Како што вели Солженицин, линијата која го разделува доброто и злото не поминува помеѓу класата и народот, туку преку секое човечко срце. Затоа конечната победа на доброто над злото е можна само преку очистување на човечкото срце – секое човечко срце. А тоа е духовна цел која не се постигнува со материјални или политички, туку со духовни сретства – исповедање на верата и покајание поради гревовите, а не со побуна против Царот и прераспределба на имот.

            Ова не носи кон уште поголемите грешки на утопизмот – неговиот материјализам. Зашто ако ереста на хилијазмот, сепак, признава постоење на Бога и духовната природа на човекот, утопизмот се сведува на слеп детерминизам на нечувствителната материја. За древните еретици утопијата може да ја воспостави само Бог и претставува награда за праведните за правилната употреба на нивната слободна волја.

            За модерните утописти не постојат ниту Бог, ниту слободна волја, но утопијата секако ќе дојде, како резултат на железните закони на неопходноста. Оваа фаталистичка вера, на Револуцијата и дава страшна сила, бидејќи луѓето стануваат необично самоуверени кога знаат дека на крајот ќе победат, како и нејзината жестока бруталност, зашто, кога нема слободна волја, тогаш нема ни одговорност, и според збороровите на Достоевски, „ако нема Бог, се е дозволено“.

            „Космичка опседнатост, – пишува отец Георгиј Флоровски, – ете како можеме да го дефинираме утопијското искуство. Чувството на безусловна зависност, целосната одреденост однадвор, потполното вовлеченост и вклученост во светскиот поредок – така утопизмот се сфаќа себе си и светот. Човекот себе се доживува како „органски штраф“, како карика на некој сеопфатен ланец – тој ја чувствува својата еднозначна и неизменлива поврзаност со космичката цел…

            Од активен создавач кој свесно сака и избира, па затоа и прифаќа и ризик и одговорност за сопствените одлуки, човекот се претвара во предмет, во игла со која некој нешто шие. Во тоа органско сеединство нема место за дејствување, овде можно е само движење… Овде нема место за делање, нема место за подвиг.

Владимир Мос

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *