Простување *

Неверојатната моќ на животот во Христа

 

простувањеПред многу години, по граѓанската војна во Грција (во 1940-тите), се случи убиство во едно село, најверјатно од политички причини како резултат на ужасниот фанатизам од тие времиња.

Еден селанец, Петар Г., беше обвинет  за криминалниот случај, беше осуден, и по сведочењето од негови пет соселани, беше осуден на треиесет години затвор.

Осудениот постојано кажуваше дека е невин.

 

Тој беше пуштен во еден селски затвор, но деноноќно тој си вреваше и мрмореше на самиот себе дека не е виновен за случајот.

                                                                    ***               

Еден многу благочестив свештеник го посетуваше затворот еднаш месечно за да служи Божествена Литургија во параклисот, и потоа се среќаваше со некој од затворениците кои сакаа да го видат за исповед.

После пет или шест месеци, Петар Г. отиде кај свештеникот, и пред Господа и под Исповедничкиот Епитрахил, тој се колнеше дека е невин.

Од тогаш, Петар Г. нацело го промени своето однесување и стана молитвеник, и совесно го читаше Новиот Завет, кој му беше даден од свештеникот.

За една година, тој се промени толку многу, така што неговите со-затвореници дури и големите престапници – почнаа да го почитуваат и да се однесуваат кон него пријателски.

По Божјата милост и просветление, посветениот свештеник набрзо беше убеден во Петаровата невиност и му дозволи да учествува во Светата Литургија секогаш кога ја служеше во Затворот.

Свештеникот се обиде да му најде и легална помош, но сведоците беа аполутно категорични во нивните обвинувања, твредјки дека беа присутни кога се случи убиството.

простување1

Исповедникот сепак веруваше дека тој беше навистина невин  и дека беше наместен.

Од неговат страна, Петар Г.  се предаде на Исусовата Молитва, за која што прочита во книгата “Патот на поклоникот“ и продолжи да ги проучува Светото Писмо и учествува во Светата Причест,  а во исто време однесувајќи се кон своите со-затвореници со голема љубезност.

 

 

И што е најважно, им прости на неговите обвинувачи и на незнајниот убиец со сето свое срце.

“Не е нивна грешка“,  ќе речеше тој. “Политичките и идеолошките страсти треба да ги обвинуваме, и исто така демонот кој ги затемни нивните мисли и ги натера да ја скријат вистината. Господи, прости им…и јас исто им простувам… Подари им богатство и секое добро нешто, но најпрво и најосновно дади им просветлување и добро здравје. “

                                                                    ***        

Деветнаесет години поминаа така. Тогаш, благодарение на неговото беспрекорно поведение и тоа што ја отслужи казната во селски  затвор, каде казните само можат да се намалат, тој беше пуштен на слобода.

Тој беше тогаш на педесет годишна возраст.

Петар не беше прифатен назад во неговото село, бидејки сите, а особено роднините на убиениот човек беа убедени дека тој беше виновен за криминалниот случај.

Тој се пресели во соседниот град и почна да работи во градежништво како столар, способност која ја научи во затворот.

Тој продолжи да живее како прав хрситијанин, со свесно учествување во Тајните на Црквата, со правилно однесување кон заповедите, и особено кон молитвата. Молитвата беше кислород на неговиот живот. Исусовата молитав и Новиот Завет беа неговиот “животворен леб“ и “животворна вода“.

                                                                    ***        

На една четириесет двогодишна жена, наставничка по теологија во локалната гимназија,  и беше раскажана приказната за Петар Г. од исповедникот на затворот – кој се случи да и биде исто така нејзин духовник. И беше раскажано колку тој беше посветен на Христа и Неговата Црква. Таа отиде да го најде и евентуално да го замоли да се омажи за неа! Две здрави деца произлегоа од тој благословен брак.

                                                                ***

 

После неколку  години, во селото каде што убиството се беше случило, еден човек падна многу болен со необјаснива, ужасна болка низ целото негово тело. Докторите, со сета нивна напредна технологија и испитувања не можеа да му дадат никаква помош.

Тие не можеа да утврдат што беше причината за болеста.

Една вечер по враќање од болницата, кога беше во ужасна состојба човекот почна да вика во својата неподнослива болка дека тој е убиецот, и заедно со четирите лажни сведоци кои тој ги плати, го обвинија Петар Г., кој се случи баш во тој момент да поминува покрај прозорецот на куќата на убиецот.

Полицијата беше повикана и човекот призна и се потпиша, именувајки ги четирите лажни сведоци и соработници. Незнам, кои легални процедури следуваа потоа.

Неговата исповед го погоди селото како гром од ведро небо, предизвикувајќи забуна и возбуда, и колнејќи го убиецот.

Неговата душа одбиваше да го напушти неговотот тело додека тој лежеше и врискаше од болка.

Како и што се очекуваше, Петар Г. слушна за настаните што се случуваа. Тој, не презеде легална постапка да ја врати неговата чест преку нов судски процес, ниту пак притисна обвинувања против престапниците. Што стори тој? Тој отиде во домот на убиецот!

Сите се смрзнаа кога го видоа како поминува низ селото, повеќето од селанати се скриеја од нивната срам. Убиецот исто така се смрзна кога двајцата се соочија лице во лице и со очи ширум отворени со чудење и страв, тој го слушна како рече:

“Георги, Јас ти простувам со сето мое сррце. И ти благодарам, бидејки поради тебе дојдов до Христос и Неговата Црква и Неговите Свети Тајни. Се молам и ти да го запознаеш, со покајание и молитва! “

Тогаш тој го прегрна,целива и си замина, додека солзи тивко паѓаа од неговите очи.

 

Врвот на Божјата праведност пристигна, после триесет и пет години! Тоа беше победа на Петровата доверба и вера во Божјата промисла, како резултат на неговото непрестано молење. Тоа беше венецот на славата за неговата трпеливост и воздржаност кој тој ја покажа сите тие годни.

 

                                                                ***

Петровиот живот после тоа беше благословен, како што спомнавме претходно, со христијански брак и фамилија која беше “мала црква во неговиот дом, “ со неговите две благословени деца. И навистина, после опростувањето кое го даде со целото свое срце, тој ја имаше благодатта на Господа и благословот на Богородица, заштитата на Светителите, и помошта на Светите Ангели.

простување2

 

Тој почина во мир на осумдесет годишна возраст во 1999. Свештеникот од затворот, тогаш беше во деведесетите, беше присутен и на неговиот погреб и ми ја раскажа оваа приказна. Тој ме увери дека само пред да почине Петар Ангели и Архангели ја наполнија неговата соба, и само човекот што умираше и Свештеникот ги видоа. Светите Ангели дојдоа да ја земаат неговата душа, откога Петар се прекрсти за последен пат, велејки: “Мојот Ангел Чувар! Мој Ангелу, не ја заслужувам оваа чест.. “ Говорејки ги тие зборови, тој почина.

                                                                ***

После неговите огромни и неправеедни невољи и тешкотии во затворот, заедно со сериозни престапници, овој човек иако беше женет и живееше  во денешниот свет, ги собираше плодовите од Исусовата Молитва, од Светата Причест, и од животот следејќи ги поуките од Евангелието. Тоа што беше женет не го спречуваше од кажувањето на Исусовата молитва дење и ноќе, како што ја научи од книгата “Патот на поклоникот“.

“Најдов добар начин да заспивам навечер..Им простувам на сите, еден по еден. “

                                                                                     Тасос Леивадитес

Превод: И.Г.

 

(*) Презвитер Стефан К.Анагнастопулос, „Исусовата молитва во светот“, Пиреја:2007, стр 62-65.

1 коментар на « Простување * »

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *