Пророштво на Авва Памво

191Иако ова древно пророштво на Старец Памво е изречено многу векови одамна…многу говори за сегашното време во мноштво Православни цркви, за многу епископи, свештенство, монаси и мирјани… Треба да се земе како потсетник, за да го промениме својот живот, да се вратиме кон Вистинскиот Христијански Православен начин на живеење!

…И ова ќе ти го кажам, дете мое, ќе дојдат денови кога христијаните ќе додаваат и одзимаат, и ќе ги изопачат книгите на Светите Божествени Пророци и Светите Отци. Ќе го отфрлат Светото Писмо и механички ќе состават тропари и химни. Нивните умови ќе бидат расипани и ќе бидат отуѓени од својот Небесен Образ. Поради оваа причина Светите Отци ги охрабруваа монасите во пустината, Житијата на светиите, да ги запишуваат не на пергамент, туку на хартија, бидејќи идните генерации нивната содржина ќе ја менуваат според својот вкус. Затоа, како што гледаш злото кое што доаѓа ќе биде ужасно.

Тогаш ученикот рече: Значи, Отче, Предането ќе биде променето и делањето на христијаните… Можеби нема да има доволно свештеници во Црквата, кога тие несреќни времиња ќе дојдат?

Светиот Отец продолжи: Во тие времиња љубовта кон Бога во многу души ќе олади и голема тага ќе дојде во светот. Еден народ ќе се крене на друг. Луѓето ќе се селат од своето место. Владетелите ќе бидат збунети. Свештенството ќе се наоѓа во анархија, и монасите ќе бидат немарни. Великодостојниците во Црквата ќе го сметаат за некорисно, сето она што е во врска со спасението, како своите души, така и душите кои што ќе им бидат доверени, и ќе презираат било каква грижа. Сите ќе покажуваат ревност и енергија за се што е во врска за масата за јадење и за својот стомак. Ќе бидат мрзливи во своите молитви и повремено ќе критикуваат. Што се однесува до животот и учењето на Светите Отци, нема да ги интересира да ги подржуваат, дури нема да сакаат ниту да слушаат за нив. Порадо ќе се жалат и ќе говорат: ако живеевме во нивно време, тогаш така ќе живеевме. И епископите ќе ја пропуштат силата на овој свет, и ќе даваат одговор на различни прашања само кога ќе добијат подарок од сите страни. Правата нема да бидат заштитени. Тие ќе ги жалостат вдовиците и ќе ги мачат сираците. Развратот ќе завладее кај овие луѓе. Повеќемината нема да веруваат во Бога, ќе се мразат еден со друг, како ѕверови ќе се јадат. Ќе крадат еден од друг, ќе бидат пијаници и ќе одат како слепци.

Ученикот повторно праша: Во тие времиња, што можеме да направиме?

Авва Памво одговори: Дете мое, во тие времиња, кој ќе си ја спасе душата и кој ќе ги потикнува другите кон спасение, ќе биде наречен голем во Царството Небесно.

Преземено од: БОРБА ЗА ВЕРУ

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *