Преп. Серафим Платински: Во чест на Св. Максим Исповедник[1]

 

sv.-Maksim-Ispovednik-sil…Црквата Христова не знае за подобар поборник за Вистината од преподобниот Максим Исповедник, на кого, подржувачите за „црковно единство“ ги изложувале сите оние аргументи кои и денес ги изложуваат на вистинските православни христијани кога одбиваат општење со „православните“ кои го оставиле патот на побожноста и вистината. Од свети Максим Исповедник побарале „само“ две работи: да го прифати компромисното изложување на верата (типос) и да се причести заедно со патријарсите и епископите кои тоа изложување го прифатиле. Претставниците на византијскиот цар му објасниле на св. Максим Исповедник, дека, „типосот не ги одрекнува двете волји во Христос, туку поради Црковен мир бара да се молчи за нив“, го обвинувале дека поради неговата тврдоглавост предизвикува немири во Црквата: „ти еден им нанесуваш бол на сите, така што поради тебе многумина не сакаат да имаат општење со оваа Црква“, му го фрлиле во лице омилениот аргумент на секој „христијански либерал“ на сите времиња: „значи, само ти ќе се спасиш, а сите останати ќе пропаднеме?“ Спорот го завршиле со повикот кој денес особено е силен: ќе останеш сам, бидејќи не само што сите источни патријарси го прифатија Типосот, туку и претставниците на Римскиот папа (во времето на св. Максим папата бил православен. заб. на СВЕТА РЕВНОСТ) „утре, во неделниот ден, ќе се причестат со патријархот (Константинополски) со Пречистите Тајни“. На тоа свети Максим, прост монах, кој можел само да мисли дека тој останал последниот христијанин кој верува онака како што верува, одговорил со зборовите, кои  денес треба со златни букви да се напишат за сите вистински православни христијани: „Ако и целата вселена почне да се причестува со патријархот, јас со него нема да се причестам“. Сето тоа јасно е изложено во житието на Св. Максим (21. Јануари), но оние кои што го изгубиле чувството за Православие ретко читаат житија на светиите, а ако и ги читаат, никако не го градат својот живот врз основа на тие извори на православието…

serafimrouz…Ние сме должни да се покоруваме на Бога, а не на луѓето, ние сме должни неизменливо да пребиваме во православната вера, која е Божествена, а не да ги слушаме рационалистичките докази на овоземните луѓе, кои само сакаат да си угодуваат еден на друг и верата да ја прилагодуваат на хуманистичкиот дух на времето. Нека сите вистински православни христијани во светот останат непоколебливи во исповедањето на Руската Катакомбна Црква – исповедање чии што зборови ни ги даде божествениот св. Максим:

Ако и сета вселена почне да се причестува со иерарсите-отстапници, ние нема. Амин.

 

Превод: Х.Т.

[1] Овој текст е извадок од текстот на о.Серафим Роуз: Катакомбната Тихоновска Црква во 1974 година, The Orthodox Word, November-december 1974.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *