ГЛАВА 38
Смртта на нечестивиот цар Анастасиј
Ни раскажуваше некој од христољубивите луѓе за царот Анастасиј, бидејќи ги симна (од архиерејскиот трон – заб. СВЕТА РЕВНОСТ) Ефимиј и Македониј[1] и ги протера во Евхаит Понтијски бидејќи останаа верни на Халкидонскиот Собор видел во сон еден човек на зрела возраст и облечен во светла облека како стои спроти него и држи напишан законик и го чита. Кога во законикот го прочита името на царот, откина пет листови од него и рече:
„Гледаш, поради твоето неверие, ти бришам четиринаесет години од твојот живот“ и избриша со својот прст.
По два дена, со грмотевици и громови, царот ја испушти својата душа, неописливо мачејќи се’ поради се што направи против најсветата Црква на нашиот Христос Бог и нејзините пастири кои ги прогонуваше.
[1] Св. Македониј е наследник на Ефимиј на цариградскиот патријаршиски трон (495-511). Бидејќи се судрил со царот Анастасиј поради царевата приврзаност за монофизитската ерес, и тој е симнат и испратен во прогонство во Евхаит, каде во 516 г. се упокоил во градот Гангр. Се празнува на 25 април.
Продолжува…