Преподобен Старец Теодор Санаксарски (1718 – 1791)

 

 

image001Преподобниот Теодор потекнува од познатиот дворјански род Ушакови (од тој род е и нашиот познат адмирал). Уште од млади години, за време на службта во Преображенскиот полк, неговите мисли го влечеле кон монашкиот живот.

Тајно ја оставил службата, се облекол во просјачка облека, и заминал на брегот на Северна Двина, во пустинските приморски шуми, и во една зафрлена ќелија проживеал три години, трудејќи се во молитвата и постот, поднесувајќи ги сите потешкотии на отшелничкиот подвиг. Оскудна храна, колку да не умре, му носеле околните христијани.

Тогаш имал дваесет години.

Потоа тој преминал во пустина. Него долго не го примале поради тоа што немал вид, а кога настојателот се смилувал, тогаш благословил да чита псалми во црквата. По особените манири на читање, настојателот разбрал, дека Јован е господски човек или дворјански син, и го населил подлеку од непријатности, во осамена ќелија во шумата.

Но, воената команда го фатила Ушаков, и бидејќи немал документи. При испрашувањето дознале дека тој го напуштил Преображенскиот полк, и го однеле во Петербург.

Кога Теодор го однеле во дворецот, гардејците со љубопитство гледале на поранешниот другар. Тешко било да се препознае некогашната слава кај тој човек со бледо суво лице, облечен во власеница и опашан со ремен.

Императорката Елисавета Петровна, го ислушала Ушаков, и му наредила да отиде во Александро-Невската Лавра. По тригодишната проверка, на 19 септември 1747 година, дваесет и девет годишниот Иван Ушаков, е пострижен во монаштво во присуство на Императорката Елисавета Петровна со името Теодор.

Во Лаврата отец Теодор живеел подвижнички живот.

Императорката продолжила милостивно да се однесува кон него, и кога ја посетувала Лаврата, го прашувала, дали добро живее и дали трпи од некого навреди.

Многумина од петербургските жители, од сите слоеви на општеството, почнале да се обраќаат кон отец Теодор за духовни поуки. Отец Теодор не ги отфрлал тие кои што доаѓале и им давал духовни совети. Меѓу оние кои што се обраќале кон него за духовни совети, биле и гардејците, неговите претходни колеги.

Обраќањето на народот кон отец Теодор, побудило завист кај другите монаси, кои се пожалиле на епархиалните власти, дека отец Теодор го нарушува мирот во манастирот и прави соблазна.

По испитувањето на случајот, се покажало, дека, освен добро, отец Теодор ништо друго не носи, и му било дозволено да продолжи со својата дејност.

Меѓутоа, зависта кај браќата не престанувала, и затоа во 1757 година, отец Теодор побарал да живее во Саровската пустина. Тоа му било разрешено.

Живеејќи две години во Саровската пустина, отец Теодор, поради зголемувањето на бројот на неговите ученици, побарал да му ја дадат во Саров, пропаднатата и сиромашна Санаксарска обител. Тој бил пленет од убавината на местоположбата и нејзината совржена осаменост.

Во 1759 година, отец Теодор заедно со учениците се преселил во Санаксар.

Отец Теодор ја затекнал обителта целосно пропадната. Во неа имало само една стара дрвена црква. Дрвената ограда и дрвените ќелии почнале да се рушат. Отец Теодор го обновил манастирот.

На 13 декември 1762 година, отец Теодор, по желба на месниот епископ, не гледајќи на своите приговори и откажувања, бил ракоположен во иеродиакон и назначен за настојател Санаксарски.

Во иеромонашки чин, отец Теодор, со длабока побожност ја извршувал богослужбата во црквата и за време на Литургијата, целиот сјаел со некоја необична убавина и целиот ден длабока радост излегувала од него.

Како настојател тој бил тврд и строг.

Во црквата отец Теодор барал полека и внимателно да се чита, така што, и на простите луѓе им било разбирливо. На богослужбите се посветувало во пустината по девет часа, а во недела и кога е полиелеен празник, по десет, а понекогаш и повеќе, а при сеноќното бдение по дванаесет часа.

Но при разбирливото читање, оние кои што се молеле чувствувале во себе сила и усрдност и не им била досадна долгата служба.

Старецот го поставил првиот и основен темел на монаштвото: лично ги раководел браќата и целосно откривање на помислите. И браќата биле сведоци на тоа, дека при излегувањето од кај отец Теодор, во душата чувствувале некаква пријатна слобода и тишина.

Храната била дозволена само на трпезата, а во ќелијата можело да се однесе само квас (квас е руски безалкохолен пијалок, заб. на мак. прев.). Храната била оскудна. Греење на никого не му било дозволено да има во ќелијата. Огнот бил дозволен само за готвење. На манастирските послушанија: косење, ловење риба, оделе сите, на чело со настојателот.

Често, освен разговарањето насамо, отец Теодор и на трпезата ги поучувал браќата.

Во манастирот била подигната камена двоспратна црква. За време на градењето, како што раскажувале, рој пчели застанал на местото определено за олтарот. Отец Теодор му заповедал на еден од браќата да ги стави во трмка, и од тогаш имало пчели во обителта.

За да го овенча достојниот живот на великиот старец со подвигот на страдањето, Господ му дал на преподобниот Теодор можност да издржи такво страдање.

Темниковскиот војвода Неелов посакал старецот Теодор да му биде духовник. Старецот го предупредил, дека кога ќе се одбере духовен раководител, треба целосно послушание во се што се однесува на духовниот живот. Војводата ветил целосно послушание и во течението на три години ги исполнувал советите на духовникот, а потоа тој почнал да не работи на спасението на својата душа и почнал грубо да греши. Слушајќи за сето тоа, преподобниот Старец Теодор строго го разобличувал својот духовен син, кој не обрнувал внимание на таквите разобличувања.

Кога еднаш војводата ги принудил селаните да градат на планината, преподобниот Теодор побарал од него, да престане да ги притеснува народот. Војводата наредил да запишат, дека отец Теодор го нарекол грабливец, поднесол тужба кај губернаторот во Воронеж. Работата дошла до Сенатот и Синодот, и набргу пристигнало решение: преподобниот Теодор да замине во Соловецкиот манастир.

Девет години страдал преподобниот Теодор, и на крајот, по застапништвото на отец Теофан, митрополитот Гавриил го доставил делото до Императорката, и на старецот му било разрешено да се врати во Синаксар.

Но и во Санаксар на старецот не му било дадено да ги избегне гоненијата и жалостите. Настојателот, незадоволен од тоа што сите одат кај старецот Теодор, му кажал на архиерејот, дека отец Теодор прави смут. На духовните чеда им било забрането да го посетуваат старецот, а на самиот старец му забраниле да оди во Алексеевската општина.

Уште малку му останало да живее на отец Теодор, кога тој на крајот, по смртта на настојателот, кој што пет години го притеснувал, му било дозволено да ја посети Алексеевската општина, кој толку многу се трудел над нејзиното устројување. Таа била последната негова посета.

Преподобниот Теодор тивко се упокоил на 19 февруари 1791 година, на седумдесет и три години од животот.

Превод: СВЕТА РЕВНОСТ.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *