Преподобен старец Доситеј, Киево – Печерски затвореник (1721 – 1776)

    Девица Дарја – така се викала оваа голема подвижница, позната под името старец Доситеј, – од детски години во манастир ја воспитувала својата баба – монахиња. Излегувајќи од манастирот (таа била дворјанка, и родителите сакале на својата ќерка да и дадат светско образование), Дарја и во светот продолжила да живее подвижнички – во среда и петок воопшто не јадела ништо, а во другите денови не јадела ниту месо, ниту млеко, ниту јајца. Нејзе ја опкружувало раскош и богатство, но во својата соба Дарја спела на тесна даска, ставајќи под својата глава сено. И со големите и со малите, дури и со своите потчинети слуги, таа била подеднакво рамна, никому не противречила и никого не натажувала ни со збор, ни со дело. Често ги повикувала кај себе сиромашните и со нив делела леб и питие.

            Во 1736 година започнува нејзиниот подвижнички пат. Тајно оставајќи го родителскиот дом, Дарја ја истрижала косата, на пазар купила машка облека, и променувајќи ја својата облека, се упатила кон Троице-Сергиевата Лавра.

            Во манастирот Доситеј, со тоа име се нареувала Дарја, ја примиле благонаклоно, но, дознавајќи дека таа е побегнат селанец, не сакале да ја потстрижат во монашкиот образ. На Доситеј му разрешиле да пребива во Лаврата тајно, на послушание.

            Три години траело послушништвото во Лаврата, но потоа во Лаврата, барајќи ја исчезнатата ќерка, дошле родителите на Дарја, и младиот послушник заминал во Киево-Печерската Лавра.

            Кога на бегалецот кој немал пасош, не сакале да го примат во бројот на браќата, Доситеј, по примерот на началникот на руското монаштво преподобниот Антониј, го избрал древниот вид на отшелништво – живеење во пештера.

            Во Китаевската пустина, во подножјето на високата планина Китај, каде уште од дамнина се подвизувале киевските подвижници, Доситеј пронашол на врвот на гората малечка пештера и тајно се населил во неа.

            Овде никој не обрнувал внимание на него, никој не го барал. Неколку години проживеал Доситеј во пештера, живеејќи строг, суров живот, посветен на подвигот на самоиспитување, очистување на срцето и насочување на умот кон Господа. Тој се хранел само со леб и вода, кои што му ги носел еден монах од Китаевската пустина. Кога започнувал Великиот пост, Доситеј целосно се затварал и излегувал само преку ноќта, за да набере мов и корени, кои ги јадел завреме на постот.

            Кога старецот го прашувале, зошто во неговата пештера е толку темно и ладно, нема светлина и оган, тој со воздишки одговарал:

  • Господи, Господи! Во светлината на лицето Твое ќе видиме светлина. Бедни сме ние грешниците. Криејќи се од очите човечки во темната ноќ, ние мислиме, дека никој не н# приметува. А Бог? Не ли на секое место очите Господови ги гледат и лошите и добрите? Зашто, дури и адот е јавен пред Господа: а колку пак срцето на човекот: и така, окото Божјо гледа с#. Ангелот чувар и човечката совест се сведоци на секоја мисла и постапка. Знаејќи го ова, за мене се # исто: гори ли оган во моето живеалиште или не, јас секогаш можам со својот ум да го гледам лицето на Севишниот, Кој стои покрај мене и внимава на моите зборови“.

На други Доситеј им говорел:

  • Не говори за храната, живеалиштето и за други малку важни работи, а со страв и трепет помини го животот свој. Како на рајска птичка внимавај на овој страв, за да не одлета. Ако одлета – нема да го фатиш. Затоа, затвори ја вратата на својата ќелија, собери ги мислите и врзи ги чувствата со внимание. Утехата е привремена, а добродетелта е бесмртна. Ако владееш со разумот – избирај го подоброто.

Колку и да бегал Доситеј од човечката слава, колку и да се затварал, со текот на времето киевчани дознале за подвижникот.

            Во 1744 година Киев го посетила Императорката Елисавета Петровна со наследникот на престолот Петар Феодорович и неговата невеста Екатерина Алексеевна.

            Господарката не еднаш ги имала посетено Блиските и Далечните пештери, била и во Софијскиот собор, Михаиловскиот и Флоровскиот манастир, исто така и во другите Киевски храмови и свети места. Таа била и кај затвореникот Доситеј. Дознавајќи, дека Доситеј не # замонашен, господарката заповедала брзо да го потстрижат во расофор и дури самата, на другиот ден, присуствувала на самиот чин. При потстригот на подвижникот му било дадено истото име Доситеј. Разделувајќи се со Доситеј, Господарката му дала кесе полно со злато. Но затвореникот, испраќајќи ја Императорката, го ставил златото во еден глинен сад кај вратата, се додека еден познат селанец не го однел кесето во Киево-Печерската Лавра, каде што го предал на Духовниот Собор.

            По советувањето на Соборните старци и со согласност на монахот Доситеј, било решено со тие пари во селото Пирогов да се изгради црква, што и било направено.

            Долго време, по постригот во расофор, проживеал Доситеј во пештера, поминувајќи го времето во глад и жед, трпеливо поднесувајќи ги тешкотиите, студот и различните заплашувања од демоните.       

            Обдарен со светол и опширен ум, и имајќи во себе голема духовна опитност, Доситеј ги привлекувал кон себе срцата на многу православни: по цели толпи поклоници доаѓале кај него за совет и утешение. Доситеј не излегувал од својата пештерка и никого не пуштал кај себе. Тие кои што сакале да добијат од него благослов и поука, можеле да разговараат со него, само преку еден мал прозорец.

            Неговите совети биле мудри, тој имал дар на прозорливост и ги читал срцата на луѓето.

  • Батушка, – еднаш му рекол на Доситеј еден познат киевски велможа, – помагајте!.. Ми се случи голема несреќа… Очигледно, Бог ме оставил и не ме слуша.
  • А ти зошто ги затвараш своите уши од зборовите на оние кои што те замолуваат тебе за некоја потреба? – прашал затвореникот, – Ете зошто и тебе не те слуша Господ. Бидејќи ги затвара ушите свои за да не го слушне немоќниот: и тој кога ќе повика нема да биде услишан… Но ти не жали… Тоа сеуште не # голема неволја… Ќе биде полошо, ако Господ не те послуша тебем кога ќе застанеш да се молиш на Него за простување на гревовите.

Со старите Доситеј говорел за молитвата и постојаното богомислие, со младите – за опасноста на страстите и похотите, со татковците – за воспитувањето на децата, со децата – за стравот Божји. Тој ги разобличувал тајните прегрешенија, побудувал кон покајание и предупредувал за идни беди и искушенија. Приметувале, кога Доситеј ќе дал просфора или жезл, тоа значело оздравување или благосостојба, а кога ќе дал темјан, со тоа се предвидувало смрт…

            Помеѓу оние кои оделе кон пештерата на затвореникот, бил и младиот Прохор Можнин – идниот преподобен Серафим Саровски. Старец Доситеј ја одобрил намерата на Прохор да биде монах и му укажал на Саров.

  • Оди, чедо Божие, во Саровската обител и остани таму. Тоа место ќе ти биде за спасение. Со Божја помош, таму ќе го завршиш своето земно туѓинување. Само, труди се да добиеш постојано сеќавање на Бога и постојано повикувај го Неговото име вака: „Господи, Иисусе Христе, Сине Божји, помилуј ме грешниот“. Во тоа да биде сето твое внимание и обука. Одејќи, седејќи и стоејќи в црква ова да ти биде непрестано во твојата уста и срце. Со него ќе најдеш покој и ќе добиеш душевна и телесна чистота. И тогаш ќе се всели во тебе Светиот Дух, и ќе го живееш својот живот во секое благочестие и чистота…

Тој совет и го исполнил Саровскиот чудотворец.

Кога било донесена наредба  „отшелници да нема никаде“ (тоа било времето на управување на Екатерина II, кога манастирите се затварале, а подвижниците биле прогонувани), старците на лаврата, не сакајќи да го нарушат Царскиот Указ, му предложиле на Доситеј да се пресели во Лаврата. Старецот си одбрал место за себе во Далечните пештери, каде што живеел како затвореник.

            Старец Доситеј бил духовно поврзан со преподобниот Паисиј (Величковски). Тој го испратил кај преподобниот Паисиј својот ќелејник, монахот Теофан, кој пред смртта на затвореникот Доситеј пофторно бил вратен назад во Русија за да му послужи на старец Доситеј.

            Старец Доситеј претскажал епидемија која ќе го зафати градот. Еднаш старецот, на секого кој што ќе дојдел кај него, почнал да им дава  за благослов на киевчаните по едно парче херувимски темјан.

  • На, земи, – говорел тој, – добро искади го дворот… Наскоро ќе има страшна несреќа… Луѓето ќе почнат да паѓаат по патот и ќе умират, како муви… Но вие не унивајте… Не паѓајте со духот, деца… Туку молете с#, молете с#…

И навистина, при крајот на 1770 година во Украина се појавила чума, која, брзо се наближувала кон Киев и во него се појавила на 3 септември. Епидемијата, од ден на ден серазвивала со се поголема сила. Особено страдале по домовите каде што имало многу луѓе. Од неа пострадала и Киево-Печерската Лавра, каде што тогаш изумреле многу монаси и поклоници. Но тие, кои добиле од Доситеј темјан, останале неповредени, и страшната епидемија го заобиколила нивниот дом.

Постои предание, дека старец Доситеј, во последното време на своето живеење во Лаврата, бил лекар. На старецот почнале да му го предложуваат иеродиаконскиот чин, но тој одбивал, и за да не го ракоположат на сила, тој се одлучил за подвиг на јуродивство. Старецот почнал д атрч апо градските улици, го разобличувал народот, и началството на Лаврата му предложил на старецот во 1775 година, ппвторно да се пресели во Китаевската пустина. Со благослов на митрополитот Киевски Гавриил, старецот се населил во осамена ќелија, при езерото. Цела година поминал таму старецот Доситеј во големо воздржание, молитва и пост.

Чувствувајќи ослабување на силите и приближување на смртта, Доситеј излегол од затвореништвото, и потпирајќи се на стап, отидел по сите ќелии за да се прости со браќата.

Кога отидел кај сите, старец Доситеј се вратил во својата ќелија и повторно се затворил. До самото утро пеел Доситеј псалми, и очекувајќи ја смртта, читал канони. И така, со молитва на устата, на разденување ја предал својата душа во рацете Божји.

Утрото на 25 септември 1776 година, ќелејникот на Теофан отидел кај старецот за да го праша нешто, но старецот не се јавил… Кога ја отвориле врата на ќелијата, тогаш виделе дека гори кандило, а на колена стои старецот. Мислеле дека се моли… Теофан отидел кај старецот Доситеј, му ја допрел раката, но раката на старецот веќе била ладна. Во левата рака тој држел лист со запис: „Телото мое е подготвено за патување во вечниот живот. Ве молам, браќа, не се двоумете да го предадете на обичен погреб“.

Никој не смеел да го измие затвореникот, никој не смеел да се допре до него, и со стравопочит го погребале.

Превод: А.Т.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *