Папистичка диктатура во Московска Патријаршија: „Кој не се согласува – во пензија!“

По завршувањето на празничната богослужба отслужена во чест на Раѓањето на Пресвета Богородица во Свето-Успенската соборна црква во Новоросијск, патријархот московски и на цела Русија Кирил се закани со пензионирање на сите припадници на свештенството на Руската Православна Црква – Московска Патријаршија доколку не ги исполнуваат неговите наредби.

„Ако некој и понатаму се сомнева дали е потребно да се направи се што учи патријархот, – отфрлете ги сите сомнежи! И строго спроведувајте се што ќе ви заповедам! Зашто јас не ви зборувам од својата мудрост, туку од мудроста на целиот епископат на Руската Православна Црква! За нашата Црква друг пат нема! Кој не се согласува – нека се пензионира!“ – рече патријархот.

Оваа изјава на патријархот е идентична со папистичката догма „за непогрешливоста на римскиот папа“, според која папата неможе да згреши кога говори во името на црквата (ex cathedra). 

Оваа позиција на патријархот Кирил е спротивна и на свештените канони на Православната Црква.

Според материјалите на: РИА „Новости“ и „Борба за веру“.

Превод и подготовка: СВЕТА РЕВНОСТ.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *