Охридски Пролог: Расудување за 09. Мај

 

Секој православен христијанин мачеништвото за верата може да го прими на самиот себе, како за време на гоњења за верата, така и за време на мир. Авва Атанасиј вели: „Биди мачен од совеста, умри за гревот, умртви ги земните членови на телото, и ќе бидеш маченик според желбата своја. Тие се бореле со царевите и кнезовите, – и ти за цар ги имаш гревот, ѓаволот и кнезовите демонски. Претходно беа идолите и идолските жртвеници. И сега тие постојат мислено во душата. Кој е роб на блудот, тој се поклонува на идолот Афродита. Кој е гневен и јаросен, тој се поклонува на идолот Ареј. Кој е среброљубив и затворен за маката и бедата на својот сосед, тој се поклонува на идолот Хермес. Ако се воздржиш од сето ова, ако се сочуваш себе си од страстите, си ги победил идолите, си се откажал од зловерието и си постанал маченик за верата.“ И така, не мора човек особено да чезнее за гоњење и мачеништво. Секој и во секое време може да поднесе мачеништво заради Христос и Неговото Евангелие.

Преземено од „Охридски Пролог“.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *