Отворено писмо од игуменот на стариот Есфигмен

 

Во почетокот на посланието архимандрит Методиј соопштува, дека решил лично да се обрати јавно, за да ја појасни ситуацијата за преговорите помеѓу Грција, манастирот Есфигмен и Вселенската Патријаршија.

Според зборовите на игуменот, иницијативата за организирање на преговорите за враќање на стариот Есфигмен во Светиот Кинот на Света Гора, била на грчката држава.

„Тие мислеа дека нашите преговори се слични како преговорите на политичарите, кои се повикани да постигнат компромис“, – пишува архимандрит Методиј, – „меѓутоа, за монасите карактеристично е бескомпромисноста во работите на верата“.

Архимандрит Методиј соопштува, дека, откако братството на стариот Есфигмен се откажало  од востановувањето на литургијско општење и учество во заедничките молитви со другите атонски манастири, дијалогот бил замрзнат.

„Ние сметаме дека отстапки прават само предавниците“, – потцртува архимандрит Методиј, – „Ние никогаш на богослужбите не ги спомнуваме екуменистите и со Божја помош, на тоа ќе се придржуваме до крај. Никогаш со нив нема заедно да се молиме или да имаме евхаристијско општење. единствено што можеме да направиме е да го чекаме нивното покајание“.

Монахиња Вера

превод: СВЕТА РЕВНОСТ

извор: ИНТЕРНЕТ СОБОР

 

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *