Од Писмата на отец Серафим (Роуз) / Писмо 32-ро

serafimrouzМарт 23 / април 5, 1970

4-та недела од Великиот пост

Почитуван Отец Давид [Блек]!

Ви благодарам за вашето писмо, кое го прочитавме со голем интерес. Ја цениме вашата искреност во разговорот со нас. За оние работи кои нè делат – всушност тоа е само една работа, прашањето за Синодот-Митрополијата  – нема потреба многу да  “спориме” по тоа прашање; решение ќе се постигне, во основа, не преку аргументи, туку со молитва, барајќи ја Божјата волја, трпелливо чекајќи го решението, и одлучно следејќи го. Сепак јас би сакал да ти кажам збор-два,  да позборувам како еден “новопреобратен” со друг.

Јас не сум русин, не ја поседувам психологијата на рускиот човек, и не мислам дека го гледам проблемот преку некакви „розови очила“. Сепак, мислам дека е невозможно, на долгорочно, да се надмине прашањето за “јурисдикцијата”, – во најмала рака, не во Руската Црква. Заедно го делиме почитувањето кон отец Герогиј Флоровски како теолошки научник и толкувач на Отците; почитта кон него е широко распространета во Синодалната Црква- неговите книги за Отците се основни учебници. Братот  Глеб го знае и го доби неговиот благослов да оди на студии во Џорданвил. Но, исто така постои причина за пониско мислење за него, кое е широко распространето во нашата црква, често кај истите луѓе кои ја почитуваат неговата богословска ученост.  Во Православието, како што е особено забележливо во време на криза, како што е целиот наш век – не е потребно да се разбере само учењето, туку сфаќање на животот кој се живее.  Отец Георгиј, ми се чини, не успеал во живото сведочење на Православието во пракса.

Што е резултатот на неговите долгогодишни настапи на екуменските собири? Православието, биди сигурен во тоа, стана познато, но не како Црква Христова, туку како “четврта голема вера”, која што се користи за понекогаш да им задава проблеми на протестантите, инсистирајќи на “одделни изјави,” но сè се врти околу генералниот еретички поглед кон Црквата кој протестантите го толкуваат (епископот Јаков, навистина, јасно изјави: “Црквата во сите религиозни форми е Тело Христово”!). Во ситуацијата која ја опишува Владиката Виталиј („Православно слово“, 1969, стр. 150-1), отец Георгиј самиот дава поттик во насока на оваа ерес: не велејќи ништо еретички, но со вршење притисок што секогаш постои на екуменистичките собири, за да каже нешто што ќе го задоволи протестантското мнозинство и ќе се толкува во еретичка смисла. На таквите собири отец Георгиј настапува формално, но тоа е само едно  формално Православие, не живо Православие, не Православие во пракса.

И денес православието се уништува одвнатре токму од овој недостиг на живо Православие. Православието може да му каже на екуменистичкото движење само едно: Ова е вистината,  придружете се кон неа; да се продолжи „да се разговора” за оваа вистина, не само што го ослабува православното сведоштво, туку го уништува. Протестантите одамна беа во право кога рекоа: „Ако ја имате Вистината, зошто тогаш учествувате во екуменистичкото движење, кое е потрага по Непознатата Вистината.“

Вториот аспект за неуспехот на отец Георгиј во “практичното Православие”, беше неговиот неуспех да остане и да ја поддржи Руската Задгранична Црква. Каде е вмешана ереста на секташтвото во основната идеја на Задграничната Црква: дека сите руски архиереи треба да останат обединети, барем со своите колеги архиереи во странство, но, исто така, колку што е можно со катакомбите на Црквата во Русија, и кога Бог конечно ќе дозволи , со видливата црква во Русија, исто така? Митрополијата ја оддели Задграничната Црква од нејзините историски учебници, но таа сепак е органски дел од историјата, и нај објективниот поглед на историјата на руското Православие во странство во последниве 50 години, не може да не заклучи дека Митрополијата не сака да да биде во заедница со Задграничната Црква и неколку пати намерно ги прекинала односите со неа. Прочитај го делото на митрополитот Платон против епископот Аполинариј во 1927 година (кои ќе бидат во нашето ново издание!), за митрополит Теофил кој беше посветен на нашата Црква и беше принуден да ја напушти, на злогласниот Кливлендски собор (црквата) против архиепископ Виталиј: каде цркваовната вистина и правда, каде се нашите исповедниците кои се залагаат за мир и единство – несомнено, сите во Задграничната Црква!

Кога отец Герогиј зборува за нашата наводна  склоност за “катарско секташтво” – не можам да го прифатам тоа лекомислено. Тој е човек чии зборови треба да се сфатат сериозно. Но, како тој поддржува ваква екстремен изјава? Се сомневам дека тој придава големо значење, и дека изјавата е повеќе емотивна отколку рационална, исто како што е и последниот платен оглас на архиепископот Јоан Шаховски, во кој ја обвинува целата Задгранична Црква дека е во состојба на “делириум, омраза и фарисејска гордост”! Ова не е само  неправедно, ова е клевета! Да, ние сме малцинство; да, остатокот од православната црква се обидува да нè отсече од нив и ќе ги удвојат своите напори ако “автокефалноста” се потпише; Да, ние свесно го браниме Православието, кое денес е згазено од страна на самите православни архиереи. Но, во што се разликуваме ние во сето  ова од свети Атанасиј Велики во 4-тиот век, кој сфатил дека сите цркви Црква во градот, освен една, се наоѓаат во рацете на Аријанците? Како се разликуваме од свети Максим Исповедник, кој кога му соопштиле дека трите патријарси се обединиле со монотелитите рекол: “Дури и ако сите во светот влегуваат во заедница со нив, јас нема да го сторам тоа!”? (Инаку оваа изјава беше повторена, од митрополитот Антониј Храповицкиј, во 1927 година против митрополитот Сергеј). Како се разликуваме од Свети Марко Ефески, кој се спротивстил на “Вселенскиот собор”  против секој еден архиереј со “катаристичко, секташко, делириумско” верување дека само тој е во вистината?!!

Прости ми ако забегувам во мојата ревност, но сакам да го видиш мојот став јасно: Во центарот на Задгранична Црква денес се води битката за православната вистина и принципите. Секако дека имаме многу грешки, се разбира дека општите поделби имаат заразено и некои од нашите членови, но ние сè уште се бориме за вистината, и таму  искрено, нема знаци дека некоја од “Четиринаесетте автокефални Цркви” или американски јурисдикции го прават тоа.  Тебе те охрабрија последните полу-конзервативни ставови на отец Шмеман  – добро, можам само да кажам дека тие се само слаба реакција на влијанието, кое митрополитот Филарет го има врз совеста на дел од Митрополијата; но тоа наскоро ќе помине, а особено ако автокефалноста се воведе,  патот на “Американски Црква” е јасен: „во хармонија со духот на времето на Унијата и  Источно-обреден протестантизам”.

Всушност, не мислам да се обидувам да те преобратам да се вратиш во Синодот, (иако може да изгледа така!); јас не можам да си дозволам да те советувам,  ти имаш своја совест, и своја желба да бидеш со Митрополијата во Алјаска, со оглед на меѓусебното полу-признавање што надвладеа до сега меѓу Митрополијата и Синодот-  гледам на тоа како на можна алтернатива. Но, нашата загриженост е со Црквата во Алјаска во услови на “автокефалност” – И кога зборувавме за Алјаска да се приклучи кон нашето “мало стадо”, не мислиме само на Руската Задгранична Црква, туку на Црквата Христова, бидејќи ние сме убедени дека тие кои ќе ја прифатат автокефалноста ќе се најдат надвор од Православната црква, дури и без екскомуникација на Синодот, кој најверојатно ќе го следат. Каква врска може да има меѓу светлината и темнината, Христос и Велзевул, Црквата Христова и системот осмислен за да се инфилтрира, да ја ослабне и уништи?!

Архиепископот Антониј, патем, нè потсети на еден момент, кој не сме виделе да се споменува некаде во аргументите за автокефалноста: Москва во 1933 година го екскомуницира митрополитот Платон и сите во Митрополијата; ако Митрополијата ја признава Москва како “канонска”, тогаш и овој чин е “канонски” – и  Митрополијата тогаш 36 години е незаконска! Кога јас би бил свештеник или мирјанин во Митрополијата, ова ќе ми даде причина за загриженост, навистина, да морам да живеам со сфаќањето дека сè додека не е потпишана  автокефалноста (кога, веројатно, “икономија” ќе стапи во сила) секоја Света Тајна која ја принесувам или примам ќе биде неважечка, а со тоа и исмејување и хула на Бога! Се разбира, ние не веруваме дека екскомуникацијата беше канонска,  ниту веруваме дека автокефалноста ќе биде канонска. Но, она што ќе биде канонско , и другото мора да биде исто!

Секоја Православна Црква има свои мани и слабости, и има времиња, кога може само да се страда во тишина и да се трпат некои работи што се вршат од страна на претставниците на Црквата. Но, ако оваа тишина треба да трае и кога врши вистинско насилство врз совеста и се прават беспринципиелни “канонски” акти кои влијаат на самата валидност на светите тајни, тогаш како може некој воопшто да продолжи да биде православен?

Но, доволно издолжив. За Митрополит Антониј Храповицкиј можам да кажам само едно: некои од нашите луѓе критикуваа една-две точки од неговата теологија; иако, според моите сознанија, луѓето кои го критикуваат било кое негово учење за Светите Тајни,  може да го направат тоа, единствено со извлекување на заклучоци за него, кои тој никогаш не ги направил и кои и самиот би го ужаснале. Во секој случај, неговиот “катихизис” никаде не се предава а неговото влијание се чувствува во една сосема поинаква сфера – во “живото Православие”, во целата идеја на едната Руска Задгранична Црква која го чува  “старото” Православие, и опкружена со еретици, директно им ја кажува вистината дека Православието не е само уште една друга вероисповед, туку Црква Христова. Со оглед на тоа, што е актуелен екуменистичката ерес на Архиепископот Јаков, во која сите православни ќе влезат, освен ако се спротивстават и го исповедаат Православието, ставајќи се во опасност да бидат отсечени од другите и осудени на апсолутна самотија.

Патем, слушнавме од јеромонах Серафим од манастирот Св. Тихон, дека од него беше побарано да оди на островот Спрус, но тој нема да оди, затоа што ќе треба да остане во Митрополијата, и тој сега успеа да стигне до нас. Во наше време, нема да биде лесно да основаме манастир таму, и убеден сум дека ако Алјаска покажува солидарност кон Задграничната Црква и ја одбива “автокефалноста”,  отец  Герман нема да благослови  манастир.  Ако не сме во заблуда, вашиот светогорски монах е архимандрит Макариј Коцубински – ?- кого Глеб го знае.

Прости ми на искреноста, и молете се за нас. Ние би сакале да добиеме одговор од вас повторно. Радосни сме што слушнавме од  Даниел Олсон дека моштите на отец Герман наскоро ќе се вратат на островот Спрус. Нека отец Герман нè води и заштити сите нас!

Со љубов во Христа, нашиот Спасител,

Евгениј.

Преземено од пппе.мк

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *