Норвешката власт одзеде пет деца на едно православно семејство

222900.b-1

Преку 100 правници од Европа и од Соединетите Американски Држави, како и членови на Европскиот Парламент, упатиле писмо на норвешкиот премиер, тврдејќи дека владата со одзимањето на петте деца поради „первенција“ од нивна „индоктринација“ со христијанството, ги прекршила домашните и меѓународните закони.

episcopul-ortodox-macarie-dragoi-acasa-la-familia-penticostala-bodnariu-din-norvegia

„Барневерт“, норвешка служба за заштита на децата, ги одвела петте деца во ноември 2015 година, поради „цврстите христијански убедувања“ на нивните родители, православните романци Рут и Марија Боднариу. 

Кошмарот на семејството Боднариу започнал на 15 ноември, кога нивните две ќеркички Елијана и Наоми (9 и 7 години), без знаење на нивните родители, се изведени од училиштето и однесени на непозната локација. Потоа, официјални лица дошле во нивниот дом и ги одвеле Матеј и Јован (5 и 2 години) и ја привеле госпоѓата Боднариу, која со себе го повела и тромесечниот син Иезекил. Истовремено, господинот Боднариу е приведен од своето работно место.

familie-bodnariu-norvegia-e1448147671649

По повеќечасовното испитување, родителите се пуштени со Иезекил, но без останатите четири деца. Наредниот ден, официјалните лица на „Барневернет“ го одвеле и малиот Иезекил, кој почетокот на април оваа година е вратен на родителите.

Следуваа петиции и протести од организациите за заштита на правата на христијаните со барање децата неодложно да се вратат на семејството, како и сериозно да се преиспита работата на „Барневернет“.

IMG_9368

„Запознаени сме со деталите на овој случај и длабоко сме вознемирени со фактот, дека мотивот за одземање на децата е христијанската вера на семејството“, се вели во писмото на американскиот адвокат Питер Коста, кое го потпишаа преку 100 правници и парламентарци. Во писмото понатаму се вели дека „“Барневернет“ не го одобрува воспитувањето коешто го спроведиле родителите, бидејќи е „засновено на Библијата““.

Како што тврдат потписниците на писмото, властите, според норвешкиот закон за заштита на децата, се обрзани да го зачуваат верскиот идентитет на децата кои се одведени од нивните биолошки семејства, но тоа не е направено. Како што се вели понатаму, децата „повеќе не одат на црква, за нив се грижат луѓе кои не ја делат христијанската вера или верата во Бога која што ја држат децата и нивните родители, и немаат никаков интерес или почит кон христијанските вредности“.

Превод од англиски: Александар Орландич

Извор: christianpost.com

Превод од српски: СВЕТА РЕВНОСТ.

Преземено од БОРБА ЗА ВЕРУ.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *