Новиот календар и екуменизмот

194266.p

 

Во 1920 година, Цариградската Патријаршија, во согласност со политиката на грчките власти на чие чело доаѓа масонот Венизелос, испратила окружно послание до сите христијански „цркви“, притоа, по прв пат признавајќи ја црковноста на еретичките заедници на Запад. Месточуварот на патријаршискиот престол, Доротеј, митрополит Бруски, особено се истакнувал во прогласувањето на екуменизмот како „селек“ за исцеление и помирување на раскарените христијани. Ова послание понудило неколку конкретни мерки за приближување на христијаните, за кои е речено, според зборовите на апостолот Павле (Еф. 3, 6), припаѓаат на истото тело и го наследуваат ветувањето Божјо во Христос. Еве ги тие екуменистички предлози:

  1. Воведување на заеднички календар за големите христијански празници, од страна на сите, за да можат заедно да се прославуваат;
  2. Разменување на братски пораки по повод големите празници преку годината и за други посебни поводи;
  3. Братски односи помеѓу представниците на разните „цркви“;
  4. Воспоставување на врски помеѓу богословските училишта, средби на теолозите, размена на теолошки списанија и книги;
  5. Испраќање на младите луѓе на студирање во училиштата на другите „цркви“;
  6. Повикување на заеднички сехристијански конференции, со цел да се разговара за прашањата кои се од животна важност за сите конфесии;
  7. Истражување на догматските разлики помеѓу „црквите“, без никакви страсти и убедувања, на научна основа;
  8. Да им се овозможува на другите конфесии можност да служат во храмовите на онаа конфесија која што им нуди гостопримство; меѓусебно отстапување на гробиштата;
  9. Меѓусебно уважување на праксите и обичаите на другите конфесии;
  10. Заеднички договори за мешовити бракови;
  11. Меѓусебно помагање на „црквите“ во областа на хуманитарните активности.

 

Извадок од книгата Црква и време, Београд, 2000 г., стр. 13.

 

Превод: А. Т.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *