„Ги знаеш знаците на антихристовото доаѓање,
но немој да ги чуваш само за себе,
туку соопштувај ги штедро секому.“
Св. Кирил Александриски
Се наближува големиот и радосен празник на Рождеството Христово. Многу руси и воопшто православни луѓе кои живет во диаспората оддамна се борат за тоа кај нас да се воведе новиот календар и така овој празник да се слави со американците и со сите неправославни кои во својата црква го користат новиот календар, за да не се двоиме од нив.
Но тие не знаат, или поточно не сакаат да знаат, дека современите луѓе на Запад повеќе немаат Рождество Христово освен некои мали исклучоци. Божик е заменет со некаков “зимен празник” во кој дури нема помен од Спасителот Христос, а главна личност е темпераментниот румен старец со бела брада, кој весело им дели подароци на децата и чии фигури и претстави можат да се сретнат секаде за време на овој “празник”. Големите денови за подготовка за преголемото случување, јавувањето во свет на Овоплотениот Син Божји сега се претворени во денови на бучен “бизнис” – кога милони ја користат можноста да се збогатат.. А за Спасителот Христос тука веќе никој не размислува! Неговото Пресвето Име никој не го спомнува!
Како се случи тоа?
Тоа, се разбира, е големо “достигнување” на слугите на Антихристот, кој доаѓа и кој ќе настојува да им го замени на луѓето Спасителот Христос, тој да дојде на негово место.
Далеку сме од дрскоста да ја претскажуваме точната дата кога ќе се појави Антихристот, бидејки Словото Божјо, преку устата на Самиот Спасител Господ Исус Христос, јасно ни сведочи дека никој од луѓето не може да го знае тоа. „За тој ден и час никој не знае; ниту ангелите на небото, освен мојот Отец “ (Мат. 24, 36) – тоа го рекол Господ, говорејки за Своето Второ Доаѓање и за крајот на светот, пред кој треба да се појави Антихристот.
Но, Господ истовремено, укажал на мноштво знакови знакови за близоста на Своето Второ Доаѓање и за крајот на светот, завршувајки со следниот совет: „Со смоквата направете споредба: штом се подмладат нејзините гранки и пуштат лисја, знаете дека е близу летото; Така и вие, кога ќе го видите сето тоа, знајте дека е близу, пред вратата“ (Мт. 24, 32-33).
Исто така, и во апостолските посланија имаме мноштво укажувања за тоа какви ќе бидат знаците карактеристични за епохата во која ќе се појави Антихристот и каков ќе биде самиот тој (види на пример, 2. Пет 2 и 3; 1. Јов. 2 и 4; 2. Тим. 3,1-14 и, посебно, 1. Сол. 4, 16-18; 5, 1-11 и 2. Сол. 2).
А големиот Отец на Црквата, свети Кирил, Архиепископ Ерусалимски, во своите предрагоцени и длабокомислени „Поуки за огласените“ непосредно и одлучно ги советува христијаните: “Ги знаеш знаците на Антихристовото доаѓање; но немој да ги чуваш за себе, туку секому штедро соопштувај ги” (Петнаесетта Поука).
Ете врз основа на сето горенаведено ние не само што имаме право туку и свештена обврска за се што се случува во светот да го гледаме исполнувањето на сето она што го прорекле Словото Божјо и Светите Отци за Антихристот и за последните времиња, братски одвраќајки ги сите верници од лекомисленоста и рамнодушноста кон нескриените знаци на времето.
А тие се побројни навистина страшни знаци на времето толку многу се намножиле, што и оние кои до неодамна н# осудуваа поради тоа што премногу пишуваме за Антихристот, сега почнуваат да признаваат дека сме биле во право кога кревавме тревога, додека мнозинството живееше во некаква апатија, воопшто не забележувајки на каде оди современиот свет.
Зарем некогаш во минатото имало такво време кое толку би одговарало да се нарекува “последни времиња”?
„Во последните денови“ – да обрнеме внимание на тоа што светиот Апостол го нагласува како специфика токму во “последните денови“ – „ќе настапат тешки времиња. Луѓето ќе бидат самољубиви, фалбаџии, горделиви, хулители, непослушни кон родителите, неблагодарни, непобожни, бесчувствителни, непримирливи, клеветници, невоздржливи, сурови, недобронамерни, предавници, избувливи, надуени, повеќе сластољубиви одошто богољубиви, кои имаат побожност но од нејзината сила се откажале.“ (2. Тим. 3,1-5).
Денес во светот господарат гордоста и самољубието како никогаш порано, а токму тоа, според учењето на светите отци- подвижници, е коренот на сите останати страсти, на сето она што Светиот Апостол го набројал.
Сите овие карактеристики биле иманентни на нашиот руски живот пред револуцијата, што и довело до триумф на болшевизмот, кој конечно ги разуздал сите тие страсти, ја залил со крв целата руска земја и му донел на рускиот народ нечуени страдања.
За наша голема несреќа, многу од тоа, без обзир на веќе преживеаните стравови, и до денешен ден не е искоренето.
***
Во тоа е главната причина за сите наши внатрешни забуни и поделби, за сите расправии, кавги и меѓусебни непријателства, наместо очекуваната, би рекле братска сложност, еднодушност, христијанска љубов и взаемна помош. Зацарија гордоста и самољубието, сите сакаат да владеат, а никој не сака смирено да слуша и да с# потчинува.
Иста таква жална слика среќаваме и на Запад, каде конечно одѕвонуваат последните остатоци од христијанството, каде самољубието, среброљубието, гордоста и превознесеноста дрско подигнаа глава, каде, како во предреволуционерната Русија се губи секакво почитување кон родителите и кон постарите, каде развратот, прељубата и безочноста одат до крајни граници, каде јавно преовладува бесчестието, а благочестието е лицемерно и изнемоштено.
Ете таква е сликата на современиот живот и тоа наведува на мислата за “последните денови”.
„Сите што сакаат да живеат побожно во Христа Исуса, ќе бидат гонети. А лошите луѓе и лажливците ќе напредуваат во злото, заблудувајќи други како и себе“ (2. Тим. 3, 12-13).
Такво гонење на сите оние кои сакаат да живеат вистински благочестиво во Исуса Христа, а и на самото христијанство, никогаш немало, освен во првите три века на Светата Црква. Тогаш тоа сепак било нешто сосема ново и непознато на човештвото проголтано во јамата на незнабоштвото, а сега христијанството го гонат отстапниците кои совршено го познаваат и се свесни слуги на Антихристот, кој доаѓа. Може без заобиколување да се каже дека денес во светот успеваат само злите луѓе и лажливците, кои во своите раце зеле с#, вклучително и државната власт, и кои стрго според своите лични егоистични побуди располагаат со сите земни богатства. Чесните луѓе страдаат, а моќниците бандитите успеваат.
И тоа е знак за настапувањето на Антихристовата епоха!
Но, за нашето време карактеристична е “силата на измамата” – за што пишува Светиот Апостол Павле во своето Второ послание до Солунјаните – каде луѓето поверувале во лагата (2. Сил. 2, 11). Вистината и лагата во нашето време така се мешаат, што и на најразумниот човек понекогаш ќе му биде тешко да разбере каде е вистината а каде лагата. Лагата толку дрско се претставува како вистина, од што многумина се предаваат на таа измама и се одвраќаат од вистината. А разобличувањето на таа лага, која заради свое утврдување вешто се служи со сите средства што и стојат на располагање во овој свет – вклучително и парични средтства и општествена власт, е особено тешко.
А тоа е така особено затоа што , како што предупредувал и Апостолот и ние гледаме дека се исполнува времето кога здравите учења нема да ги поднесуваат, туку по своја волја ќе се соберат учители за да ги чешкаат по ушите.
И ќе ги одвратат ушите од вистината, а ќе се свртат кон бајки (2.Тим. 4,3-4).
Колку само се намножија секавите самоповикани учители кои навистина “ги чешкаат по ушите”, колку само секти и политички партии со најразлични насоки. Буквално може да ја изгуби главата оној кој нема цврсти, вистински христијански принципи и кого го лула и занесува секој ветар на лажните учења, по лукавството на луѓето, по итрото искуство на измамата (Ефес. 4, 14). Колку е лесно да се биде измамен во прашумата на сите тие подмолни лаги и да се застрани од вистинскиот пат на вистинскиот христијански живот!
Сите тие сејачи на лага се свесни или несвесни слуги на Антихристот, и му служат, или поради убедување или просто од глупост, приготвувајки го неговиот краткотраен триумф на земјата, која пред нашите очи станува негова татковина.
И покрај тоа што н# напаѓаат со сите расположливи средства, горејки од омраза против нас затоа што ги разобличуваме нив и нивниот господар на кого толку верно му служат, продолжуваме да ги предупредуваме сите вистински верници за нивните подметнувања.
“Затоа внимавај на себе, човеку“ – н# поучува големиот отец на Црквата свети Кирил, Архиепископ Ерусалимски – „и чувај ја својата душа. Црквата ти сведочи пред живиот Бог и однапред ти говори за Антихристот уште пред тој да дојде. Дали ќе биде за време или по твојот живот, не знаеме. Но за тебе е добро да го знаеш тоа и да се чуваш.“(Петнаесетта поука).
Од многубројните светоотечки предвидувања уште од првите векови на христијанството ние знаеме дека мнозинството христијани од последните времиња нема да го препознаат Антихристот кога ќе дојде, туку своеволно ке му се поклонат како на свој духовен водач и господар. Тој на почетокот ќе се покаже како најголем ревнител и покровител на секаква добрина, дури и на христијанството, но само без Христа, и многумина кои ревнуваат за канонското устројство на Црквата и за нејзината дисциплина, а особено за послушноста и за потчинувањето на црковните власти, ќе изгледа како строг канонист кој строго ги казнува сите оние кои не сакаат да му се потчинат и да го почитуваат, потпирајки се на зборовите од црковните канони.
Ете зошто ние, следејки ги поуките на светиот Кирил, толку често се враќаме на темата за Антихристот – која е најактуелна во нашето време.
Веројатно многу скоро, нам ке ни се постави клучното прашање: со кого сме – со Христа или со Антихристот? И многумина тогаш ќе се соблазнат и ќе појдат со Антихристот, подмамувајки се себеси и другите.
Еве од што треба да се пазиме и од што да н# сочува Семилостивиот Господ!
А тоа може да се случи многу лесно и незабележително, доколку лекомислено и безгрижно се однесуваме кон се што денес се случува во светот и ако и себе и другите се тешиме дека нема ништо особено, туку се си тече „нормално“.
Ете зошто на сите нам сега ни е потребно да ја имаме на ум поуката на нашиот Господ и Спасител за непрестаната духовна будност:
Бидете будни и молете се, за да не паднете во искушение! (Мат. 26, 41).
Бидете будни, бидејки не знаете во кој час и во кој ден ќе дојде Синот Човечки (Мат. 26, 41).
Што ви зборувам вам, им го зборувам на сите: Бидете будни! (Марко 13, 37)
Превод: Р.К.
Преземено од книгата: Света Ревност.