НА СВЕТА ГОРА ЗАПОЧНАА ГОНЕНИЈА НА ПРАВОСЛАВНИ МОНАСИ

1468235308_image001
По завршувањето на Критскиот лажен собор петмина луѓе од братството на Атонскиот Српски манастир Хиландар се обратиле кон намесникот на манастирот Архимандрит Методиј и откриено и тврдо ја искажале својата позиција: На критскиот собор екуменизмот е „прифатено“ како учење на Православната Црква, и поради тоа, ние не можеме да посетуваме богослужби и да се причестуваме таму каде што се спомнува ересоиерархот Вартоломеј, кој е предводник на оваа сеерес.

 
 
Игуменот ништо не им одговорил веднаш, само им рекол, дека, нивното прашање ќе биде разгледано на манастирскиот собор кој е закажан за 5 јули. Во вторникот, 05 јули 2016 година. монасите Дамјан, Лука, Онуфриј, Николај и послушникот Даниил, ги повикале на манастирски собор. Ги прашале дали остануваат при своето мислење. Тие одговориле одлучно: Да. Тогаш игуменот им рекол дека нивната позиција е јасна и дека не треба ништо да се објаснува.
Игуменот Методиј му дал збор на соборниот старец (соборен старец означува член на манастирскиот собор, а не старец во вистинска смисла на зборот) хрватот иером. Серафим, кој почнал да им изложува како ќе бидат казнети за одбраниот пат: до недела, 10 јули, тие треба да заминат од манастирот Хиландар; им се забранува да се населат во било која ќелија на Хиландарска земја или во Кареја; им се одзема грчкото државјанство и им се одземаат грчките документи (секој странец кој прима монашки потстриг на Света Гора, според законите на Света Гора добива грчки документи и државјанство); нивните имиња ќе бидат избришани од монахологијата (книга во која се запишуваат имињата на сите оние кои што примиле потстриг на Света Гора) и ќе бидат сметани за размонашени – мирјани.
Браќата му кажале, дека тие монашки завет дале на Бога и Пресвета Богородица и дека остануваат монаси. Хрватот о. Серафим почнал да ги укорува (според извори од Света Гора тоа го направил на многу бурен, дрзок и немонашки начин), дека, тие не разбираат што се случува: „Папата Франциско е најдобриот папа. Во споредба со останатите кои што беа пред него, тој го отфрла приматот за непогрешливоста на папата, тој ќе се покае, и католиците со православните ќе бидат заедно“. 
Браќата Срби не го издржале латиномудрувањето на о. Серафим и во лице го нарекле језуит кој го предава Христа. Исто така, му кажале, дека за него „римскиот папа“ му е по драг од браќата во Христа, со кои што тој се подвизува во иста обител. На манастирскиот собор никој од останатите членови на соборот не се застапил за Исповедниците. Сите се согласиле со безакониот суд и решенијата во однос на монасите, кои што истапиле против ереста, а во одбрана на Православната Вера.
 
 
Протераните монаси заедно со Старец Рафаил

Протераните монаси заедно со Старец Рафаил

 
Хиландарските браќа – мон. Дамиан, мон. Онуфриј, посл. Даниил и мон. Лука по милоста Божја и Царицата Небесна, сега трпат гоненија од лажните браќа за нивното исповедање на Православната Вера. Монах Николај останал во манастирот.
Светогорската сол ја губи силата! Денес ние сме сведоци на тоа, дека, за заштита на Светоотечкото Православие стануваат поединци од повеќе од 2500 Светогорци. Ниту еден од дваесетте Светогорски манастири (освен Есфигмен кој има посебна позиција) го нема осудено Вартоломејскиот собор на Крит,  ниту потпишаните еретички екуменистички документи и го нема прекинено општењето со ересоиерархот Вартоломеј.
 
Преземено од Москва Трети Рим.
Превод: Света Ревност.
 
 
 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *