
„Добро е кога се среќаваат претставници на Црквата (обратете внимание, Курт Кох не говори за Цркви, туку за Црква, во еднина – заб. „Борба за веру“), но многу е важно тоа да го прават и верниците“ – пренесува Радио Ватикан.
Римокатолиците и правосланите екуменисти одржаа заеднички молебен над моштите на Св. Никола пред нивното враќање во Италија.
Митрополитот Иларион (Алфеев) потсетува дека ова стана возможно благодарение на историската средба помеѓу патријархот Кирил и папата Фрањо во фебруари 2016 г. во Хавана. За носењето на моштите тој вели: „Ова е прв случај во нашите билатерални односи со учество на рускиот народ“ (подвлечено од „СВЕТА РЕВНОСТ“).
Присуството на кардиналот Петро Паролини во Русија и дневниот ред на преговори, сведочи за добриот правец во односите помеѓу Русија и Ватикан, а исто така и помеќу Руската Православна и Римокатоличката црква, смета шефот на Оделението за надворешни црковни врски на Московска патријаршија, митрополитот волоколамски Иларион.
Преземено од „Борба за Веру“.
Превод и подготовка: „СВЕТА РЕВНОСТ“.