МОНАХИЊА НИНА КРИГИНА: ЗА ЖЕНСКАТА ЕМАНЦИПАЦИЈА

 

hammerfeminist_0“Ева во превод значи “живот”.  Такво име, кое ја открива суштината на својата носителка, и било дадено на првата жена. Таа во себе ја сочувала замислата на Создателот за намената на сите жени кои имаат заедничка пра-мајка, независно од тоа дали тие се свесни за тоа или не. Таа цел не се однесува толку и само на физичкото продолжување на родот, раѓањето деца, колку до учествувањето во вечноста на самата жена и на оние кои ќе се родат од неа, кои таа заедно со мажот ќе ги воспита за живот во Царството Небесно.

 Таква возвишена намера може да се исполни само тогаш кога самите потенцијални носителки на живот ќе живеат во склад со Божјите заповеди, а не да се борат против нив. На кого ќе погледнам –  говори Господ – на неволниот и на оној со скрушен дух кој трепери од Моите зборови”(Исаја, 66.2). Дали современите Еви секогаш одговараат на овие карактеристики?

За жал, не. Уште повеќе, денес постојат  различни друштвени движења чија работа е насочена кон “рушење до темел” на претставата во сознанието на луѓето за од Бога утврдениот поредок. Во нивните движења спаѓа и феминистичкото движење кое ги повикува жените на еманципација, под која се подразбира ослободување од традиционалниот систем на вредности.

 Семејството е мала Црква. Осмислениот удар на основачите на идејата за феминизмот е насочена кон вредносниот, духовен избор на оние кои се наоѓаат во самиот центар на “домашната Црква”(Рим. 16.4) кон она што е врска помеѓу мажот (главата на семејството) и децата (идните основачи на “малите Цркви”).

Во Православието е дадена јасна семејна хиерархија: мажот е главата, хранител и заштитник на семејството. Тој, наоѓајки се во послушание кон Бога, има безусловен духовен, морален авторитет. Жената мора да се потчинува на мажот, бидејки е речено: Жени, потчинувајте се на своите мажи како на Господа, бидејки мажот е глава на жената како што и Христос е глава на Црквата (Еф.5.22-23). Се очекува дека жената ќе биде грижлива сопруга (негов помошник”( 1Мој.2.18)), нежна мајка, која заедно со својот сопруг ќе ги воспитува своите деца во склад  со Божјите заповеди, и добра и совесна домаќинка. Децата ќе бидат прифатени од страна на родителите како дар Божји и ќе растат во послушание и почит кон постарите. Така мора да биде според замислата на Создателот.

Но, што нудат современите поборници за еманципација? Тие повикуваат да се стори токму спротивното. Ќе наведеме неколку извадоци од публикациите на убедени припаднички на еманципацијата.  Филозофот и културолог од Чешка, Иржина Смејкалова – Стрикланд смета дека зад зборовите “феминизам” се кријат протестите на “женската угнетеност во патријархалната култура”(1,стр.381-382) против која и се нуди борба со сите дофатливи средства. Нејзината американска истомисленичка Барбара Берг во своето дело “Врата на сеќавањето: почетоците на американскиот феминизам” главно внимание посветува на женското стекнување на поголема индивидуална слобода.

Таа изјавува: “слобода е да се одлучува за својата сопствена судбина, слобода од одредено (детерминирање) на улогата на полот, слобода од мноштвото прифатени ограничувања од страна на општеството,  слобода на целосно изразување на своите мисли и нивно реализирање. Феминизмот бара признавање на правата на жените на индивидуална совест и мислење”. И сето повеќепати спомнатото се  разбира “како борба против угнетување кон половите особини”(1,стр.245)

Богоборечката суштина на женската еманципација, според нашето сваќање, се заснова на тоа што гревот како непочитување на Божјите заповеди се возвишува на ниво на добродетел. Пред се, тоа се однесува на гревот на гордоста. Современите Еви повторно тежнеат да станат како богови, знаејки што е добро, а што е зло(1Мој,3.5).

Се менува тенденцијата во духовното формирање на жената. На современата Ева и се нуди изопачен систем на вредности. Наместо да му се потчинува на мажот и да му помага, се нуди горда, самодоволна, егоцентрична еднаквост со него, а всушност често и тежнеење да се командува над него. Наместо раѓање и воспитување на деца, бидејки е кажано дека жената ќе се спаси преку раѓање на деца(1Тим.2.15) имаме неодолива желба жените да се бават со лична и професионална себе реализација, при чие внимателно набљудување најчесто добиваме примитивна егоистична желба да живееме за себе. Бидејки раѓањето на деца не е само исполнување на Божјата Заповед: раѓајте се и множете се, и наполнете ја земјата(1Мој.1.28), туку и начин на служење на Бога, кој е неодделлив од брачниот живот”(5,стр.110). А што ќе правиме тогаш со Христовата заповед:Откажи се од себе и земи го својот крст и врви по Мене(Мт.16.24)?

Повикот “да се живее за себе”, “пред се да се мисли на себе”, толку широко е распространет од страна на поборниците на еманципацијата, всушност е само “стапица” која води кон “јавна осаменост”, кога присуството на другите луѓе околу човекот субјективно се доживува како пустина. Кога никој друг, освен самиот себеси, во повеќето случаи и не е интересен. Кога главната цел на животот станува постигнувањето на илузорната еднаквост со претставниците на другиот пол. Кога се нуди на сите страни на се што не опкружува да се гледа преку засолништето на сопственото болно самољубие.

Уште повеќе, борбените претставнички на “поубавата половина на човештвото”, воодушевени од идеите за еманципација, исто така сакаат да бидат среќни во животот. Тие најискрено веруваат дека ако во животот се однесуваат како мажи, ќе го имаат од него сето она што го имаат и “претставниците на посилниот пол” и како додаток на тоа, она што им припаѓа како на жени. Тие очекуваат, а понекогаш буквално кон себе бараат почитувачки и грижлив однос од страна на другите луѓе.

Покажувајки го на работа и дома машкиот начин на однесување  кој во себе содржи такви особини како што се “заповедање”, “одлучност”, “суровост” и др. Тие буквално бараат кон себе однесување како кон претставнички на “послабиот пол”. “Ослободените” жени исто така се настроени кон покажување на љубов и внимание од страна на мажот, но и грижи и полсушанија од страна на децата во сопственото семејство.

Кога убедените, современи “еманципирани жени”, кои според надворешниот изглед успеале во животот, говорат за себеси, обично се случува да се слушне едно и исто: “Јас имам се”. А потоа се разјаснува дека навистина имаат се, освен среќа.

И таквиот крај е неизбежен. Среќата на човекот не зависи од надворешните околности, туку од состојбата на душата. “Страстите” и “страдањата” се еднозначни зборови. Хранејќи и негувајќи ги сопствените страсти, човекот од било кој пол со самото тоа ја зголемува и мерата на сопствените страдања:  се обезличува, станува по безобразен во онаа мера во која отстапува од она што е замислено од Создателот.

Архимандритот Рафаил Карелин во книгата: “Во потрага по вистината” ги опишува своите дијалози со стара дворјанка. Во една од наведените беседи, според нашите гледишта, се наоѓа мошне точен лик на феминистка, кој се појавил кај неговата собеседничка уште тогаш, кога еманципацијата во Русија и светот штотуку почнала да се развива. Стекнувајки мудрост преку животното искуство, таа жена токму рекла: “Никогаш не сум била феминистка како некои жени во мојот круг. Феминизмот кај мене предизвикувал чувство на одватност. Во минатото скитските племиња по должината на патот граделе кипови – изделкани човечки фигури од камен: биле составени од труп и глава, но немале раце и лица. Не било можно да се препознае  дали е тоа маж или жена; ги нарекувале камени жени”. Јас го замислувам феминизмот како производ на камените жени. Жените сакале да се изедначат со мажите и се менувале во некакви груби, безоблични суштества. Губејки ја женската убавина, тие не добиле машка сила,  губејки ја истенченоста и префинетоста на душата, не ја добиле широчината на машкото расудување. Феминистките кои демонстративно ја истакнуваат  еднаквоста со мажите така што возат велосипед по улиците со цигара во устата, ми изгледаат како предавнички на женското достоинство, некакви живи карикатури”(2,стр.64-65). Тоа е доволно суров и воедно со тоа мошне точен лик на еманципираните жени, кој е болен за многу негови претставнички, и кој толку е препознатлив денес.

Но, како воопшто еманципацијата станала можна? Која е духовната прапричина на така широко распространетиот грд, карикатурен женски лик?

Поаѓајки од ставот на рускиот философ А.И.Илин “животот без светост е вистинска голема несреќа на нашето време… Бидејки нашиот земен живот има своја скриена, повисока смисла. Таа не се наоѓа на површината на секојдневната ситничава суета… Таа од нас бара слободно изјаснување и одлучно давање на предност… ако ние не го исполниме тоа барање… тогаш од нас ќе се лизне повисоката смисла на животот и ќе настапи нејзино незабележително сквернавење. И не поради тоа што таа ќе стане бесмислена сама по себе, туку затоа што ние ќе почнеме да живееме така како таа да е бесмислена”(4,стр.7-8). Таа баналност лишена од светоста може да се прилепува кон сите, да се вкоренува во се, а таму каде што проникнува и се шири, таа дегенерира се – како во самиот човек, така и во животот на цели поколенија”(исто,стр.11). Според нашето сфаќање, сето горенаведено дирекно се однесува и на еманципацијата на жената.

Мислењето на рускиот философ И.А.Илин во многу нешта соодветствува на истражувањата на психолозите. Анализирајки го ликот на жените во историјата, американскиот истражувач  Џ. Хантер дошла до заклучок дека процесот на женската еманципација од времето на раниот антички период дирекно се поврзува со распадот на моралот, со деструктивни социјални последици, рушење на семејството (3,стр.72)

 Бидејки сум психолог, често се консултирав со “ослободени” жени кои со молба ми се обраќаа да им помогнам да решат сериозни семејни проблеми. Некои од нив, кои се навикнале цел живот да се “пробиваат” и “да сметат само на себе”, во личен разговор со болка признаваа: “Па што можам јас тука да сторам. Не умема да сакам. Немам чувство за благодарност. Не знам што е тоа мајчинска љубов. Не можам ништо да им дадам на своите деца и на мажот. Едноставно ми е тешко!”. Страшно и болно! Во домот без љубов и благодарност секогаш се чувствува гробно студенило. А излезот е само еден – Бог да биде пуштен во срцето и во својот дом, да се отпочне живот според Неговите заповеди, а не спротивно на нив.

Современите поборници за еманципација треба да се замислат над тоа дека животот посветен во борба со Создателот, со она што Тој им го заповедал на своте созданија, повеќе наликува на смрт. Тоа е пат кон самоуништување. Господ говори:”Ете, јас денес ти предложив живот и смрт. Избери живот”(5Moj.30.15).

Монахиња НИНА КРИГИНА

Превод: И. К.

Преземено од: православнапородица.орг.срб

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *