Мироточива икона на Св.Николај Мирликијски Чудотворец

Оваа икона замироточи на самиот ден на св.Николај Мирликијски Чудотворец на 06/19.12. 1996 год. О. Илија Вамке  е чувар на оваа мироточива икона во храмот Св. Николај Чудотворец во Невада, Лас Вегас кој е под омофорот на Блаженејшиот Димитриј, Архиепископ на Америка.

Оваа икона неколку години патуваше по целата Руска Православна Црква Задгранична носејќи им на верните благослов Господов преку светото миро. По молитвите на св. Николај, неверојатни чуда се случуваат по упатените молитви пред оваа икона, како и од светото миро кое што патува низ целиот свет.

Утрото на 06/19 Декември 1996 година, јас о. Илија Вамке заедно со чтецот Тимотеј Тадрос, дојдов во храмот Св. Великомаченик Георгиј во Мичиген Сити, држава Индијана. Тој ден беше ден на св. Никола кого нашиот храм особено го почитува. Царот-маченик Николај,чиј што тој беше небесен покровител, го поддржа благоустројството на нашиот храм уште од самиот почеток на неговото градење. Тој на нашата црква и ги подари првите икони за иконостасот (вклучувајќи една на св. Никола) и златен крст за настојателот о. Антониј Абу-Алам Тарра, кој е мој вујко. 

Тоа снежно утро околу 6.30 часот, кога ја отворивме вратата на храмот и влеговме внатре, чтец Тимотеј и јас почувствувавме сладок мирис на рози. Јас се обидов да го пронајдам изворот на тој мириској што беше насекаде. Одејќи повнатре во храмот, ние почувствувавме дека мирисот е посилен но ненаметлив, буквално беше внатре во нас. Што е уште почудно, мојот сопатник и јас бевме настинати и затнатиот нос не ни дозволуваше да го почувствуваме тој мирис како што може здрав човек. Ние го запаливме светлото и почнавме да го бараме изворот на овој мирис.

Погледнав покрај царските двери и видов на иконата на св. Николај,која лежеше на аналој, три сјајни поточиња. Тоа што го видов го возбуди сето мое битие и мислев дека срцето ќе ми пропаднеше преку подот. Низ солзи реков: „Тоа е свети Никола“ и застанав како скаменет, немајќи сили да и пријдам на иконата.

По неколку минути, кои ми изгледаа како часови, успеав да му пријдам на Тимотеј кој веќе правеше поклони пред светата икона…“

Многу чуда се случуваат од светото миро кое до ден денес обилно тече од иконата.

Еден парохијанин му се обратил на о. Илија и му рекол дека жена-страдалница која неодамна ја погребала својата сестра и го зела нејзиниот син за да го воспитува, сака да ја види иконата и да се помаза од неа, бидејќи поминува низ многу тешко време. Кога жената влегла кај иконата заплакала и рекла дека одамна не е била во црква. Со непрестајни солзи долго време стоела пред иконата и о. Илија ја помазал со светото миро, притоа, молејќи се на св. Николај да и помогне. Оваа несреќница, добила старателство над нејзиниот син, но била болна од рак и мислела само на тоа да проживее уште неколку години за да може да го израсне детето кое што имало седум години. Веќе и биле отстранети двете дојки и примала хемотерапија поради ракот кој продолжил да се развива во неа. По две недели оваа жена била повикана од државата Охајо каде што и живеела, да прими нова хемотерапија, но по нејзиното пристигнување во болницата, докторите констатирале дека ракот целосно исчезнал од нејзиното тело. Лекарите биле толку поразени од тоа, што неколку дена ја задржале во болницата за испитување. Откако не нашле ништо ја прогласиле за целосно здрава.

Еден човек зел од светото миро за својата жена која веќе неколку години боледувала од рак, а во последно време неможела да стане од постелата. Таа веќе одамна ја изгубила својата вера, и тоа многу го мачело. Кога отишол дома, влегол во собата на сопругата за да и даде икона и свето миро. Но, уште пред да почне да и објаснува, таа ја зела иконата на св. Никола и со солзи ја приклонила кон своите гради. Следниот ден, кога се разбудил и влегол во собата очекувајќи да ја најде својата жена како немоќно лежи во постелата, таа не била таму. Почнал да ја бара низ целата куќа и ја нашол како подготвува доручок. Рекла дека се чувствува добро и по лекарскиот преглед им соопштиле дека ракот го напуштил нејзиното тело.

„Еднаш еден парохијанин ме праша дали може да земе малку памук со миро за својата другарка која што страдала од страста на алкохолизам и пиела по неколку шишиња жесток пијалок секој ден. Страдалницата беше помазана и од тој миг страста ја напушти. Таа беше многу благодарна за своето ослободување од гревовното ропство и ми предложи помош за реновирање на храмот – да го замени 50 годишниот под. И реков дека не е обврзана да го прави тоа, но таа не се сложи и со нејзина помош во црквата е ставен нов дрвен под.

Многу луѓе се исцелени од болести преку зајакнување на својата вера… Секогаш се трудам на сите да им напоменам, дека сето тоа доаѓа од Бога, како и се што се случува со нас…“

nikolamiro0     

 

 

nikolamiro1

nikolamiro6

 

 

nikolamiro9

 

nikolamiro4

Мисија Св.Николај

6433 Брукс

Las Vegas, NV 89108

702/789-0427

702/927-7730

frelias@delja.net

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *