ЛАВСАИК: Авва Јован Ликополски

Авва Јован ми рече: „Сакаш ли да бидеш епископ?“ Јас му одговорив: „Јас веќе сум“. Тој ме запраша: „Каде?“ Му одговорив: „Јас ги надгледувам кујните, работилниците, трпезите, садовите и ако виното е кисело, јас го ставам на страна, ако, пак, е добро, тогаш го пијам. Исто така ги надгледувам тенџерињата, и ако во нив има малку сол, или други мирудии, тогаш дотурам во нив и потоа јадам. Ете, тоа е моето епископство, а ме ракоположи стомакоугодувањето“. Блажениот со насмевка ми рече: „Остави ја шегата. ти ќе бидеш ракоположен за епископ и многу маки и тага ќе поднесеш. Ако, пак, сакаш да ги избегнеш, тогаш не излегувај од пустината, бидејќи во пустината никој не може да те ракоположи за епископ“.

Од книгата „Лавсаик“, Паладиј Епископ Еленополски

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *