Исмевајќи се со нашиот Господ: За спомнувањето на Вселенскиот Патријарх Вартоломеј

 

Причината за да ја напишам оваа статија произлегува од тагата што ја чувствувам кога ќе ги слушнам епископите на таканаречените “нови земји”[1] на Грчката Црква кои го спомнуваат Цариградскиот патријарх Вартоломеј, особено кога тој се почитува како оној  „кој правилно раководи со словото на Твојата Вистина”, обраќајки се кон Бога, без страв и без срам, за време на најсветиот моментот на Божествената Литургија.

 

Свештеникот (возгласува): Најнапред спомни го Господи, нашот Владика (име), и дарувај го на Твоите свети цркви во мир, цел, чесен, здрав, долговечен, правилно да раководи со словото на Твојата Вистина.

Зарем стравот кон Господа ги напушти срцата на тие владици? Зар не сфаќаат дека кога ги изговараат тие зборови му се потсмеваат на Господа, а тоа е  “страшно да се падне во рацете на живиот Бог” (Св.Јован Златоуст).

Тие го спомнуваат најголемиот хулител и најголемиот еретик од сите векови на христијанството како “оној кој правилно раководи со словото на Вистината!” Кој? – Оној кој што не остави ништо од православното уење! Но, ајде да спомнеме неколку специфични „неискажливи зборови“ од оној „кој правилно раководи со словото на Вистината“, за никој да не рече дека сме неправедни кон него.

Во својата порака на “Светскиот Конгрес Против Расизам“ одржан во 2001 година во Дурбан, Јужна Африка, под покровителство на Обединетите Нации, тој ги напиша следните страшни зборови: Православната Црква не се обидува да ги убеди другите за одредена перцепција на вистината или откровение, ниту пак се обидува да ги преобрати во конкретен начин на размислување”!  Тоа е, “Ваша Светост”, кога Христос им нареди на своите ученици, за време на Неговото Вознесување на Небесата: “Одете и и поучете ги сите народи… учејте ги да следат се што ви заповедав,” Он не сакаше „да ги преобрати во конкретен начин на размислување“, отфрлајќи ги нивните лажни религии, и да ја прифатат проповедта на апостолите?

“Господ рече: „Вистина ви велам, кој не влегува низ вратата во овчото трло, а прескокнува од другата страна, ајдук е и разбојник” (Јован 10:1)

Како може “оној кој правилно раководи со словото на Вистината ” да учи спротивно на Христовото учење? Или можеби, зборовите Христови: “Јас сум Патот, Вистината и Животот“, не се вистинити, а лажните зборови на г-дин Вартоломеј се вистинити?

Но, најверојатно, “оној кој правилно раководи со словото на Вистината“, мора да е во право, затоа што е наречен “сесвет”, додека Христос е наречен едноставно, “Свет“, иако Он е Господ! Видете “Неговата Сесветост“, има се во суперлативи!

Од една страна, титулата “Неговата Сесветост“ е стекната без труд, на сметка на неговата позиција (Патријарх на Константинопол), додека пак од друга, тој ги доби останатите титули со голем напор и тешка мака (со хулење и ерес), бидејки патува во голема луксуз низ светот!

Но да се вратиме кон “неискажаните зборови“ од “оној што правилно раководи со словото на Вистината.”  Господ вели: „Никој не доага до Отецот освен преку Мене…”

Во неговата порака кон муслиманите низ светот, по повод на нивниот религиозен празник Рамазан, во 2001 г., тој напиша: “Господ е задоволен од мирната коегзистенција на луѓето и, од оние што Го обожуваат, без оглед на разликите кои постојат во верата меѓу три големи монотеистички религии “! Сега кој ја зборува вистината? Христос,кој вели Никој не доага до Отецот освен преку Мене…” или “оној кој правилно раководи со словото на Вистината”?! Кој вели дека Господ е задоволен со молитвите на муслиманите (и евреите)?

Се прашувам како Господ го толерира овој богохулител и еретик да се нарекува ”оној кој правилно раководи со словото на Вистината” и не пушта оган да ги изгори-тие што го спомнуваат, и нас кои кога ке ги слушнеме овие зборови не се противеме!

А што да кажеме за неговата посета на Синагогата на Евреите во Њу Јорк во 2009 г., и за “неискажливите зборови“, кој ги изрече таму, иако светите канони на

Црквата ни забрануваат нас Христијаните – со тешки епитимии – дури и едноставно да се влезе во еврејска синагога! Покрај тоа што тој зборуваше доста време, ниеднаш не го спомна Христовото Име, иако тој требаше да вика гласно  “Нека Евреите кажаат како на војниците им исчезна нивниот крал, кога го пазеа? И зошто каменот не остана во карпата на животот? Нека го или створат оној кој беше погребен, или го обожуваат оној кој воскресна, воскликнувајки со нас: Слава на изобилното Твое милосрдие, о наш Спасителу, слава Ти! ” (Неделата на Мироносците)

Исто така, ќе го поврзам богохулното обракање на Вселенскиот Патријарх за време на патрониот празник на патријаршијата, на 30 ноември 1998 г. на папската делегација : “Вашо Високопреосвештенство, Кардинал Вилиам Келер и наши браќа во Христа, во состав на делегацијата на Црквата од Рим…Не треба да губиме време во потрага на одговорността. Нашите предци кои ни го оставија расколот (Големата Шизма) беа несреќни жртви на злото и тие веке се во рацете на праведнот Бог.  Ние ја Бараме Божјата милост за нив, но е наша должност пред Него да ги поправиме нивните грешки!”

Па,  “Ваша Сесветост, “ светителите кои не заштитија од “мерзоста на пустошот“-Папата – во чија антихристијанска кола се обидуваш да не седнеш, се инструменти на ѓаволот? Погледни го лицемерието на “оној кој правилно раководи со словото на Вистината”! Додека тој ги нарекува тие светители “жртви на злото”, кога ќе дојде денот на нивната слава, тој торжесрвено ќе го прослави нивниот празник! Во нашиот регион тој основа и манастир на Свети Козма Етолски, нај строгиот светител против Папата, кој папата го нарече “антихрист“!  Но “оној кој правилно раководисо словото на Вистината” е толку милостив, што дури и се моли на Господ да го помилува.

Конечно, да спомнам како тој му го даде “Светиот Куран“, како подарок на претседателот на Кока Кола, Мухтар Кент, во Атланта, Соединетите Американски Држави во 2009. Изгледа дека ”Најсветиот” најчесто ги збунува зборовите ”свето” и ”осквернето”, така да го нарекува несветиот Коран ”свет” без страв кон Господа и без срам!

Од сето тоа и многу други зборови и дела ”Неговата Сесветост”, очигледно е дека “оној кој правилно раководи со словото на Вистината” е најголемиот богохулник и еретик на нашето време!

И покрај сето тоа, од сесрце се молам на нашиот мил Господ, да ни даде нас а и нему покајание и правилно исповедање на името на Троичниот Бог – Отецот, Синот и Светиот Дух – за спасение на сите луге и вечна наслада, амин.

 

Архимандит Максимос Каравас

Светиот Манастир на Света Параскева

Милохори, 25 Окт 2016

Превод од англиски: И.Гогова

 

[1] Се мисли на Егејска Македонија, – заб. на СВЕТА РЕВНОСТ.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *