Иеромонах Харитон од Света Гора за еретичките одлуки на Крит и неспомнувањето на епископите

Сакаш ли свет царе да дознаеш за тоа дека тие отстапиле од божествениот пат? Синот  (Божји) и Владика децидно му го говори тоа на народот: Јас сум вратата,(Јн.10.7) патот, вистината и животот (Јн.14.6) кој ќе влезе преку Мене ќе се спаси (Јн.10.9), а кој ќе влезе поинаку, тој е крадец и разбојник (Јн.10.2). (од Посланието на Света Гора против Лионската унија од 1274 год.)

Прво морам да кажам неколку зборови за тоа што навистина е екуменизмот и за каква ерес станува збор. Екуменизмот настана во световните кругови. Од историска перспектива можеме да кажеме дека екуменизмот е движење кое настанало по Втората светска војна – 1948 год. Со цел да ги обедини различните протестантски групи. Несреќата е во тоа што уште од самиот почеток во ова движење била вклучена и Вселенската Патријаршија во Цариград, сакајки така да стапи во Светскиот сојуз на црквите и таму да го оствари правото на рамноправно членство. Со целата должна почит, љубов и чувства на припадност кои ги имаме во срцата кон православните грци, во однос на патријаршијата и патријархот, кога говориме за екуменизмот, гледаме дека уште од самиот почеток Патријаршијата направила голема грешка: си дозволила себеси да отстапи од светоотечката традиција за да се присоедини со световен систем.

Се знае дека ние сме – една Црква, Православна, една вистинска Црква која постои во светот, а Патријаршијата се согласи да учествува во Светскиот сојуз на црквите како рамноправна членка со секакви протестантски групи. Односно, дали и е таму местото во тој таканаречен Светски сојуз на црквите, каде ересите имаат еднакви права какви што има и Патријаршијата не само на Вселенската патријаршија туку и на сите други Православни Цркви кои членуваат во таа организација? Она што го привлекува нашето внимание уште од самиот почеток е тоа што тие се нарекуваат “цркви”, што значи дека Вселенската Патријаршија со самото членство во организацијата под тоа име, токму како што се и сите останати Православни Цркви кои се членови на Сојузот, во старт (со самото зачленување), ги признале протестантските деноминации како “цркви”.

Гледајки низ историјата гледаме дека сиве овие децении Вселенската патријаршија само го следи екуменистичкиот курс кој започнал во 1902 година кога бил првиот обид да се стапи во контакт со протестантскиот свет, англиканскиот, на запад.

Во 1948 г. таа станува рамноправен член на Светскиот сојуз на црквите, а од тогаш до денес имаше многу обиди тој однос да се институционализира, со кајна цел унија. Сојузот како што обично велат, служи за развивање тн. теолошки дијалог. Во овие теолошки дијалози во 1960 год., ако не се лажам, се вклучуваат и папистите.

Значи, уште од самиот почеток екуменизмот е движење кое отстапува од Традицијата на Отците. Нам тоа значи, ни докажува дека екуменизмот е ерес, што многу јаснокажал уште пред неколку децении св. Јустин Поповиќ од Србија, бидејки според него, екуменизмот не само што е ерес, туку сеерес бидејки во себе ги соединува сите ереси.

Прашањето кое не загрижува е тоа каков став треба да имаме кон екуменизмот. Светите Отци ни говорат дека најголемиот непријател на Црквата не се гонителите на христијанството, туку ересите и еретиците. Црквата ништо не ја загрозувало повеќе од ересите и еретиците. Прогонителите биле поклоници на царевите кои исто така се бореле против верата Христова во првите векови на христијанството, но прогонот на христољубивиот народ го одвел тој народ во мачеништво. Ѓаволот видел дека преку мачеништвото се раѓаат светители и веднаш почнал со понапредни обиди да го растури христијанството и вистинската вера, и затоа ја создава ереста.

За жал, ересите се појавиле уште со самото појавување на христијанството. Првата позната ерес именувана како гностицизам наликува на денешната ерес екуменизам. И тие го поддржувале синкретизмот. Она што денес се случува е обид преку екуменизмот да се обединат сите еретички групи тн. “цркви” во една “црква” Да се разбереме, не можеме да бидеме рамнодушни ниту на самото постоење на ереста, а уште повеќе кога ереста се следи. Ереста според учењето на Светите Отци не одделува од Христа, а со самото тоа ни го одзема и вечното спасение на нашите души.

Реалноста е таква што живееме во тешки времиња, бидејки екуменизмот го достигна својот врв, можеме да кажеме, особено по одржувањето на Соборот во Крит во јуни. Тука за жал присуствуваа десет Афтокефални Православни Цркви, потпишаа и договорија некои работи кои не одговараат ниту на догмите (учењето на Црквата), ниту на еклисиологијата на Православната Црква, ниту на нејзината историја. По сите теолози, епископи и учители кои се посветија на анализирање на одлуките на Соборот на Крит, јасно е дека овој Собор не е православен собор и дека неговите одлуки не се православни. Затоа и ние сега треба да завземеме став. Православните христијани не можат да ги одобрат и да ги прифатат одлуките на овој собор бидејки не се православни.

Врвот на безумието на овој собор се огледа во тоа дека со неговите одлуки се прифаќа дека папата и сите еретици се “црква” како ние, со прифаќањето на валидноста на „таинствата“ кај еретиците, свештенството, Светата Тајна Крштение за крајна цел се има обединувањето на сите заедно во една црква. Ова никогаш не може да го прифати никој православен.

    Сево ова не води до прашањето: “Што да правиме, и каков став треба да заземеме?” Како православникои сакаат да ги последуват Отците на Црквата, должни сме да ги отфрлиме одлуките од овој собор кои се еретички. Исправноста на ваквиот став ќе ја поткрепиме со богословски толкувања. Првиот чекор еда се прекине молитвеното заедништво со оние кои ги прифаќаат одлуките на овој еретички собор. Не можеме ние како православни да останеме во заедница со оние кои се во заедница со еретиците. Првиот чекор кој не засега е спомнувањето на епископот.

Во нашата црква, во нашиот литургиски живот, спомнувањето на епископот е дирекно поврзан со нашето спасение и учевствување со таинствата на Црквата. Ако епископот е православен, тогаш сме во послушание на тој епископ, го спомнуваме неговото име во сите таинства и добиваме благослов и благодат Божја. Меѓутоа, кога епископот не се управува според “словото на вистината” тогаш мораме да следиме што ни велат светите канони. Деенес, конкретно, поради одлуките на Критскиот Собор т.н.”Велик и Свет”, кој ниту е велик, ниту е свет, не можеме да ги спомнуваме епископите кои ги потпишале и прифатиле одлуките на овој собор. Така не учат Светите Отци.

    Ние не зборуваме ништо напамет, ниту го излагаме нашето мислење, ниту некои свои ‘учења’ за тоа нема потреба, нашата обврска е да исповедаме според учењето на Светите Отци, кои ние оставено и во однос на тоа учење не смее да има ниту намало застранување. Кога зборуваме за спомнувањето на епископите, тука не смее да има забуна, Светите канони се сосема јасни. Петнаесетто правило на Двократниот собор во Константинопол јасно вели, дека, кога владиката ќе одлучи да не се раководи според “словото на вистината”, тогаш мораме да престанеме со неговото спомнување. Главната најважна смисла на правилото е дека ако го спомнуваме епископот кој исповеда ерес, ние стануваме соучесници на ереста во своето верување.

На спомнувањето на епископот не смееме да гледаме како на некој формален чин туку како на нешто што е од суштинско значење за нашето спасение. За тоа учат и Светите Отци од Света Гора во своето послание до Императорот Михаил VIII Палеолог во која велат: “Бидејки и во петнаесетто правило на светиот и велик таканаречен Прво-Втор Собор, се вели дека, не само што не се криви туку и дека се достојни за пофалба оние кои се одделуваат и пред соборската осуда од оние кои сенародно проповедаат еретички измислици и од отворените еретици, затоа што тие не се одвоиле од епископите туку од лажи-епископите и лажи-учителите. И нивната постапка е достојна да се одобрува и им доликува на православните христијани, затоа што тоа не е раскол во црквата туку напротив, отстранување на расколот и чување на вистината.”

Понатаму, во истото послание светогорските отци велат: “Како да го истрпи тоа православната душа, и во истиот миг да не се оттргне од општење со оние кои го спом нуваат како да не ги смета за предавници на светињата?  Затоа што Православната Црква Божја, изговарањето на имињата на архиереите при свештенодејствието првобитно го сметала за општење во полнота. Бидејки во Објаснувањето на Божествената Литургија (св.Герман) напишал: “свештеникот го изговара името на архиерејот, покажувајки ја со тоа својата потчинетост кон повисокиот од себе, и општењето со него, и приемството на неговата вера и свештенодејствие”.

Тогаш следи прашањето: Ако владиката кого го спомнуваме не го исповеда словото на вистината, што да правиме? Отците јасно ќе ни речат дури и да не го спомнуваме неговото име бидејки со спомнувањето на неговото име ја исповедаме истата вера која тој ја исповеда. Тука говориме за нешто што на многумина денес им бега од внимание, бидејки постои заблудата на многу свештеници, монаси и мирјани кои велат “не се согласуваме со епископите кои исповедаат ерес но мораме да ги спомнуваме, бидејки сме принудени да го правиме тоа”.

-Оче, денес многумина велат дека е подобро да се држиме до некои грешки и да останеме во црквата, одошто да бидеме надвор од црквата и во вистината. Како ги разбирате вие овие зборови?

Прв пат слушам. Мислам, сега слушам и тоа ми е неверојатно… како е возможмо еден епископ да каже такво нешто. Тоа значи дека не разбрале што е Црква. Можно ли е Црквата да е без вистината или вистината да е вон Црквата? Вистината и Црквата се идентични, тие се едно. Ги имаме Господовите зборови. Што вели Господ? Тој вели: “Ако останете со Мене, тогаш треба да ја познавате вистината, и вистината ќе ве ослободи”. “Јас сум вистината”, рекол Христос, Христос се идентификува со вистината, никаде во Евангелието не рекол:”Јас сум црква”. Тој рекол :”Јас сум Вистината”. И сега постојат епископи кои велат дека е подобро да се биде во Црквата а не во вистината? Што значи тоа? Неразумно е.

-Во ова ситуација можеме ли да имаме грешки во Црквата или пак зборуваме за ереси во Црквата? Тоа се две различни работи.

-Еве за жал, се гледа една од најголемите штети на екуменизмот. Мислам на тоа што денес многу епископи и теолози екуменисти веруваат во т.н. епископоцентрична теорија, и тоа за жал проаѓа и меѓу народот. Што значи тоа? За нив епископот е Црква, што очигледно е папистичка теорија, бидејки и самиот папа вели: “Јас сум Црква.” Оваа идеја заживеала и кај православните епископи. Секој епископ смета “Јас сум Црква”, како римскиот папа, а за жал потоа тоа го прифаќаат и свештениците, па секој свештеник вели “Јас сум Црква, бидејки јас така велам.”

Секако во склад со Евангелието, Светото Писмо, со Отците на Црквата кои ги следиме не можеме да поддржиме некого кој се дрзнува да каже такво нешто. Од каде му тоа право? Проблемот се состои во тоа дека секоја личност го идентификува епископот со Црквата. Тоа е богохулење. Црквата е Христова. Глава на Црквата е самиот Христос. Ние сме делови од Телото Христово. Главата е само една, никој не може да ја замени главата на црквата, бидејки глава е самиот Исус Христос. Ете зошто некои луѓе велат дека повеќе сакат да бидат во Црквата и да се борат внатре во Црквата, да не бидат надвор од Црквата дури и ако е таму вистината, и говорат против Отците на Црквата, кои велат дека Црквата се идентификува со вистината, со Христос.

Сето тоа се плодови на екуменизмот, ереста на екуменизмот. Мораме да бидеме мошне претпазливи и многу да внимаваме постојано да останеме во вистината Христова. И затоа да ги проучуваме богословските извори, списите на Отците, да останем цврсти во нашата вера, бидејки без вера нема спасение. Она што денес го доживуваме не би требало да не изненадува бидејки Светите Апостоли ни го најавиле тоа на почетокот на Евангелието. Апостолите не учат да се чуваме од лагите и измамите. Да погледнеме што напишал Свети Јован Богослов апостолот и евангелист на љубовта, во своите писма и да споредиме со рационалната љубов кон екуменистите. Во четвртата глава во првото послание не предупредува да не му веруваме на секој дух, туку, да ги испитуваме духовите дали се од Бога; бидејки многу лажни пророци излегле на светов. По ова да го распознаеме Духот Божји: Секој дух кој признава дека Исус Христос дошол во тело, од Бога е; а секој дух што не признава дека Исус Христос дошол во тело, не е од Бога; и тоа е духот на Антихристот, за кого сме слушнале , и сега е веќе во светот.

Да не должиме премногу, учењето на нашата Црква е дека мораме да бидеме мошне претпазливи со ересите, бидејки ереста не одделува од телото на Црквата и од нашето спасение. Особено ереста на нашето време, екуменизмот, е голема стапица која се спомнува и во зборовите на Светото Писмо, за кое говореле и Светите Отци, која се деформира и на крајот го менува духот и не одделува од Светите Отци.

На крајот мораме да кажеме од многу љубов кон оние кои ќе ги чујат овие зборови, дека немаме желба да излагаме некое свое мислење, ние само го искажуваме мислењето на Светите Отци на Црквата. Мораме да имаме повеќе вера и доверба во Бога бидејки живееме во тешки времиња. Не треба да очајуваме, туку преку радост, мир, оптимизам и надеж да проаѓаме преку сите тешкотии особено по прашањето на верата, Бог ни дава можност да ја покажеме својата љубов кон Исуса Христа во православната вера. Секое време имало своја ерес и еретици и секогаш биле опасност која и се заканува на Црквата. И кога е во опасност Црквата се бори, но не бидува поразена – “Црквата потклекнува но нема да потоне”, вели свети Јован Златоуст. Црквата Христова е карпа во која удирале брановите на ереста и прогонувачите, но секогаш останала стабилна. Надеж во Црквата секогаш имаме, и ние денес Му благодариме на Бога што ни дава можност да ја исповедаме својата вера, да ја покажеме својата љубов кон Христа и православната вера сред сеереста на екуменизмот кој се заканува на сите.

Ова искушение треба да го поднесуваме со смирение и голема понизност и треба да бидеме свесни дека ние сме само луѓе, слаби и склони кон грев, и дека затоа што сме грешни не треба да се потпираме на своите сили, туку свесни за своите слабости и огревовеност да му ја принесеме  нашата вера како жртва на Бога. И да се молиме Бог да ни даде силада го понесеме овој голем Крст на исповедањето на верата, знаејки дека Бог ќе биде со секого од нас.

Немаме што да Му понудиме на Бога освен нашето исповедање и нашата вера во Христа. Затоа христос во Евангелието вели:”Кога Синот човечки ќе дојде на земјата ќе најде ли вера?” Тоа е многу важно, бидејки сите Отци велат дека во овие последни времиња единствено што бара од нас Христос, пред се е нашата вера, да останеме цврсти во нашата вера. И секој ден молејки се, да бараме од Господа да не просветли нас и епископите, за сите да останеме цврсти во верата, и да се подражаваме едни со други, да бидеме во заедница и љубов сите ние православни, и да се обединеме, и да имаме вера дека Бог нема да не напушти.

Кога е со нас Бог никој не може да не порази. Исус Христос и Црквата победуваат. Оној кој верува секогаш е победник. Да останеме цврсти во она за што нашите Отци рекле дека е Црква. И како што вели синодикот кој се чита во Неделата на Православието: Како што видоа Пророците, како што апостолите не научија, како што Црквата прими, како што учителите одогматија, вселената како што се согласи, како што Благодатта заблеска, како што Вистината се докажа, лагата како што е избркана, Премудроста како смело се искажа, Христос преку награда како потврди – така мислиме, така говориме, така проповедаме: Христа Вистинскиот Бог наш и Неговите светители како чествуваат преку зборови, списи, мисли, жртви,храмови, икони; Него како Бог и Владика почитувајки и поклонувајки Му се, а заради нив нашиот заеднички Господ и како Негови верни служители чествувајки ги и одавајки им ја должната почит и поклонение (την κατά σχέσιν προσκύνησιν) . Ова е верата на Апостолите. Ова е верата на Отците. Ова е верата на Православните. Ова вера ја утврди вселената. – придржувајте се до она што ни го дадоа Отците без немир и страв во душата. Бог и Богородица ќе средат за нашето спасение кое го пожелуваме.

 

Се е можно во Светата Црква на Христа Бога, и тоа е само Светата православна Црква, и само во неа има спасение, преку Господа нашиот Исус Христос.

Ви посакувам на сите да имате сила, радост и мир во душата и доверба во Светиот Дух преку кого секогаш сме водени и кој никогаш не ја напушта Неговата Црква. Црквата е е Света и да Го следиме Исуса Христа понизно, по патот по кој оделе Светите Отци. Тоа го сакам со целата своја душа, да останеме цврсти во нашата вера.

Тие, владико свет, ни најважните членови на Верата не ги оставиле без измени и расипување. Затоа не само што се отсекуваат насекаде од рамномерниот и прекрасен изглед на доличното Тело Христово (Еф.4.16), туку се предаваат и на сатаната. Од посланието на Света Гора против Лионската унија во 1274 година.

Превод: Р.К.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *