Од житието на свети Јован Шангајски и Сан Франциски Чудотворец
Еднаш се случи некој од болните да ги исплука светите дарови. И тогаш повторно се пројави непоколебливата вера на човекот Божји:
„Госпоѓа Мешников ја касна бесно куче. Одбила да ги прими пропишаните инекции или тоа немарно го направила… и од страшната болест се разболе. Штом дозна за тоа, владиката Јован со Светите Дарови побрза кај жената која умираше. Кога ја причести таа веднаш имаше напад: почна да и пени устата и ја исплука светата Причест која што ја прими. Меѓутоа, Светите Тајни не можат да се фрлат и владиката ги собра и ги употреби, иако ги исплука болната жена. Помошниците кои беа со неа извикаа: „Што правите владико?! Беснилото е многу заразна болест!“ Меѓутоа, владиката мирно одговори: „Ништо нема да се случи – тоа се Свети Дарови“. И навистина, ништо не се случи[1].“
Монахиња Августа ни остави уште едно сведоштво. Таа се запознала со владиката Јован 1939 година. Ќерка и’ и испратила писмо полно со очајание бидејќи нејзиниот брак и бил на ивица на распаѓање. И еве, мајка и’ доаѓајќи на Литургија на која служел владиката Јован станала сведок на едно чудо. Еве го нејзиното кажување: „Секој ден одев во Црквата во Шангај, но мојата вера почна да се колеба. Решив повеќе да не одам во црква, туку да отидам кај познаниците, и затоа не се брзав да станам порано. Патот ме водеше покрај соборната црква и во храмот слушнав црковно пеење. Влегов во храмот. Служеше владиката Јован. Олтарот беше отворен. Владиката ја изговараше молитвата: „Примете јадете ова е Моето Тело… и… Оваа е Мојата Крв… за простување на гревовите“ и потоа клекна на колена и длабоко се поклони. Во тоа време го видов непокриениот путир со Светите Дарови и баш во тој час, по зборовите на владиката, одозгора се симна пламен и се спушти во путирот… Никогаш во мојот живот немав ни помислено дека дека ќе го видам вистинското осветување на Даровите со оган. Во мене повторно се распламти верата.“[2]
Подготовка: СВЕТА РЕВНОСТ
Превод: СВЕТА РЕВНОСТ
[1] Свети Јован Шангајски – Чудотворац последњих времена, Београд 2013, стр. 73.
[2] Исто, стр. 50.