Заштита на правата на децата – Гулаг на XXI век

 

Shot of Scared Child with Hand over her Mouth

Shot of Scared Child with Hand over her Mouth

ЗАПАД ДОЗВОЛУВА ОДЗИМАЊЕ НА ДЕЦАТА БЕЗ ОДЛУКА НА СУДОТ, ДУРИ И БЕЗ НИКАКВО ОБРАЗЛОЖЕНИЕ

…Никој не го знае точниот број на деца кои што стигнаа во „детските логори“ во Европа, во какви услови тие живеат, и колку воопшто постојат приватни домoви за деца. Родителите и децата често не можат да разберат зошто нивните деца воопшто стигнале во тие приватни затвори. Во многу земји социјалните служби имаат право да доаѓаат во не најавена посета во секој миг и без налог или одлука на судот да ги одземат децата од семејството. Обично доаѓаат со полиција. При тоа, секој отпор на родителот се квалификува како тешко кривично дело. Родителите немат право да ги заштитат своите деца…

Ако со децата живеете на Запад или со нив само патувате таму, тогаш, немате никаква гаранција дека вас нема да ве прогонуваат органите за старателство.

Најкарактеристично и најстрашно во заштитата на правата на децата е нивното одзимање. Бидејќи социјалните служби декларативно тврдат дека главната цел на нивното дејствување е благосостојбата на децата, а изолирањето на децата од можните закани треба да се направи максимално брзо, и во многу земји е дозволено одзимањето на малолетните деца од родителите без одлука на судот, врз основа на субјективните проценки на претставниците на органите за старателство. На пример, во Финска во законот за заштита на децата пишува дека основа за одзимање на детето може да биде „загриженоста на социјалниот работник“, односно, повторно неговото субјективно мислење. А тоа може да биде било какво, бидејќи различни луѓе, различни ситуации можат да ги проценат сосема различно. Така, ако родителите не работат, тоа може да ги загрижи социјалните служби, бидејќи родителите кои што не работат не се во состојба на соодветен начин да ги издржуваат своите деца. Но, доколку родителите работат, тоа исто така може да биде повод за загриженост на социјалниот работник, бидејќи родителите кои што работат немаат можност на своите деца да им посветат доволно време.

Во центарот на внимание често се наоѓаат руските семејства кои што живеат на Запад. Сите се сеќаваме на случајот со Александра Фомина од Хелсинки: нејзината ќерка исчезнала – таа едноставно од училиште не се вратила дома. Според верзијата на социјалните служби кои што донеле одлука за одзимање, тие добиле информација од комшивката дека мама наводно не премногу силно и удрила шамар на својата ќерка.

Заштитата на правата на децата е демоклов меч. Во многу земји социјалните служби имаат право да доаѓаат во ненајавени посети во секој миг, и притоа, без налог и одлука на судот да ги одзимаат децата од семејството. Обично доаѓаат со полиција. При тоа, секој отпор на родителот се квалификува како тешко кривично дело. Родителите немаат право да ги заштитат своите деца.

Неодамна финскиот татко Јан-Ерик Курхела на интернет објави снимка од одзимањето на своите деца: полицијата и социјалниот работник влегуваат во неговата куќа и присилно ги одзимаат неговите седумгодишни синови-близнаци. Додека ги носат децата, тие гласно викаат дека сакаат да живеат дома. Сето тоа се случува пред очите на сестрите и браќата кои останале да живеат со родителите.

  Ужасното видео за насилното одзимање на децата предизвика меѓународен скандал. Има милиони прегледи на сите континенти. На крајот финскиот омбудсман за детски прашања, Марија Кајса Аула мораше да поднесе оставка.

Меѓутоа, наскоро Јан-Ерик Курхела од обвинителството доби известување дека против него е покренета кривична постапка по неколку основи, поради тоа што го снимал одзимањето на своите деца и подоцна таа снимка ја објавил. Како прво, според мислењето на социјалната работничка која ја донела одлуката за одзимање на децата, наводно, видео снимката е насилство врз неа, бидејќи во тој момент таа била многу вознемирена и не била подготвена да стане „ѕвезда на Јутјуб“. Како второ, таткото наводно немал право да ги снима своите деца во сопствената куќа, што е кривично дело врз основа на членот за објавување на лични информации. Секако, во „букетот“ уште се додадени и членовите за навредување на честа и достоинството на финските социјални служби. Кривичната постапка сеуште трае, но таткото кој го снимаше одземањето на своите деца му се заканува затворска казна.

Покренатата кривична постапка во овој случај, најверојатно е обид да се прекине праксата на снимање на работата на социјалните служби.

Во Финска е основана организација за заштита на човековите права – Октомвриско движење. Првиот потег на оваа организација е испраќањето на писмо до Павле Астахов за пружење помош. Рускиот детски омудсман и неговите соработници веќе неколку години ги пратат случувањата во Финска и реагираат на нив во склад со руските закони и меѓународните договори.

Уште една страна на ова прашање е, и така да кажеме, феноменот на приватизација на заштитата на правата на децата. Во Финска, на пример, повеќето домови за згрижување на децата се приватни. За едно дете старателите или фирмите можат да добијат по неколку илјади евра месечно. Заштитата на правата на децата е огромен бизнис со годишен износ кој се мери на стотици милиони евра. Децата кои се одземени од семејството практично стануваат затвореници на приватните домови за незгрижени деца, и е исклучително тешко да се извлечат од таму.

Социјалните служби често носат одлука за забрана на комуницирање на децата со семејството, и тогаш децата немаат право да ги повикаат своите родители, да им напишат писмо, и да одржуваат било каков контакт со нив. Таа пракса често се користи „во интерес на детето“: доколку детето живее вон семејството до полнолетството, тоа на приватните фирми им носи стотици илјади евра.

Ситуацијата е апсурдна: социјалните служби можат во секој миг врз децата да применат максимално насилство, вклучувајќи потполна изолација од општеството – без никаква основа, објаснување и принесување докази за „вината“ на родителите. При тоа, секој потег на родителот насочен кон заштита на своите деца може да се интепретира како однесување кое „го загрозува здравјето на децата“. Многу е тешка борбата против заштитата на правата на децата. Имаше неколку случаи на казнување на социјалните служби, но тие сепак продолжуваат со работа.

„Заштитата“ на правата на децата е Гулаг на XXI век. Никој точно не го знае бројот на децата кои што се наоѓаат во „детските логори“ во Европа, во какви услови тие живеат, колку воопшто постојат приватни домови за деца. Родителите и децата често не можат да сфатат зошто децата воопшто се наоѓаат во тие приватни затвори.

Постојат неколку причини за постоењето на таквиот систем. Како прво, постои либерален закон кој дозволува одзимање на децата од семејството без објаснување и без одлука на судот. Освен тоа, на власт е доминантна анти-семејна идеологија, која нормалното семејство го дефинира како средина која е штетна за децата. Екстремните „заштитници на правата на децата“ ги сметаат зе непожелни дури и хетеросексуалните односи.

Но, постојат и економски причини. Во индустријата за заштита на децата секое одземено дете на старателите им носи по неколку стотини илјади евра. И никој не е подготвен да се откаже од тој доходовен бизнис.

Јохан Бекман, фински политиколог

Превземено од: православнапородица.орг.срб

Подготви:СВЕТА РЕВНОСТ. 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *