Житие на Светата Нова Руска Маченичка Лидијa

Во спомен на одбележувањето на нејзиното мачеништво, Јули 20, 1928

 

sv. Lidija RuskaСвета Лидија беше родена во Русија на 20ти Март, 1901. Нејзиниот татко беше свештеник во градот Уфа. Уште од нејзината младост беше истакната за нејзината осетливост, нејзината мила нежнотија, и нејзината одбојност кон демонот, поради тоа и секој ја сакаше.

По средното училиште, кога имаше деветнаесет години, таа се омажи, но набргу го изгуби нејзиниот маж во граѓанската војна.

Во 1922 г., против нејзината волја, нејзиниот татко-свештеник се придружи кон расколничката “Жива Црква” која беше основана од болшевиците. Младата вдовица сакаше да се придружи кон маченичката Катакомбна Црква. Таа падна пред нозете на нејзиниот татко, и го молеше: “ Дај ми го твојот благослов да заминам, за да се спасам“.
Стариот свештеник беше свесен дека грешеше со тоа што припаѓаше на “Живата Црква“. Тој и даде благослов да живее независно, велејки и пророчки : “Ќерко моја, кога ке ја добиеш круната, кажи му на Господа дека, јас се покажав многу слаб за тој подвиг, сепак јас не те спречив, но те благословив“.

Лидија успеа да најде работа како службеничка во Шумарско оделение. На тој начин таа беше во  контакт со обичниот Руски народ, кој таа многу го љубеше. Наивните луге ја сакаа и ја почитуваа. Дрварите и возачите, кои работеа под макотрпни услови, кажуваа со чудење дека, кога ке ја сретнеа Лидија во канцеларија, тие чувствуваа нешто слично како што чувствуваа кога беа да ја осветат црквата во чест на една чудотворна икона на Богородица близу нивното село, пред револуцијата во 1917 година.

Во канцеларијата, пцовките, навредите и караниците не се слушаа повеке. Секој го примети тоа, се разбира и Партиските водачи. Тие почнаа да ја следат Лидија, но не најдоа ништо сомнително. Блажената Лидија никогаш не посети црква која што беше легализирана од болшевиците, и ретко и со многу внимателност таа ги посетуваше службите во Катакомбната Црква.

Тајната Полиција знаеше дека има мрежа на Катакомбни Цркви во тој регион, и со цел да ја открие, тие го повикаа Влдиката Андреј (Ухтомски), кој беше почитуван од лугето кои беа во прогонство. По таен налог од Владиката Андреј, иако само една Црква во Уфа го имаше официјално примено, сите жители на епархијата стапија во контакт со него тајно. Полицијата се научи дека нивниот план пропадна, и го уапсија и повторно го протераа. Владиката Андреј беше измачуван на 26ти Декември 1937.

Лидија имаше можност да зборува со Светиот Светомаченик Андреј само еден час. За што имаат разговарано мегу себе не се знае, но кога еден млад и ревносен свештеник го критикуваше татко и на Лидија пред Владиката Андреј, тој одговори: “Свештеникот има голем посредник пред Господа, а тоа е Света Лидија“ и така се заврши разговорот.

Благодатната Лидија беше конечно уапсена на 9ти Јули 1928 кога тајната полиција откри дека таа беше позади циркулацијата на испечатени книшки кои го содржеа животот на Светителите, молитви, беседи и учења од старите и новите Владици. Тие забележија дека машината за пишување, буквата К беше расипана и така ја фатија.

Полицијата сфати дека во нејзината рака држи клуч кој ја открива целата Катакомбна Црква во тој регион. Цели десет дена, полицијата постојано ја мачеше да признае, но Лидија одби да изусти збор. На 20ти Јули 1928 , испитувачот изгуби трпение и ја пушти кај „специјалната управа„ лоцирана во подрумот.

Истоштена, блажената Лидија немаше сили да оди по скалите. Му беше наредено на еден млад чувар кој беше на стража, Кирил Атаев (23 год.) да и помогне да слезе. „Господ да те благослови„- му рече Лидија со благодарност.

Тие зборови и нејзините очи, исполнети со тага и безпомошност, длабоко го потресоа Кирил.Тој не можеше рамнодушно да ги слуша непрекинатите крикови и плачења кои доаѓаа од ќелијата каде што ја мачеа Лидија веке над час и половина.

“Зар не те боли”? – прашуваа исцрпените мачители. “Ти пушташ крикови и плачеш, што значи те боли“.

“Боли, Господи, колку боли“ – офкаше Лидија.

“Тогаш зошто не признаеш? Мачењето ке стане уште поболно“!

“ Јас не можам да признаам… не можам.. Он не допушта“ – одговори таа.

“Кој не допушта?“

„Бог не допушта“ – одговори таа.

Мачителите конечно решија да ја силуваат, и го викнаа младиот стражар Кирил Атаев за да им помогне. Кога Кирил влезе, тој ги разбра нивните намери.  Исполнет со презир, тој ги уби двајцата мачители на лице место. Додека тој го држеше за врат третиот мачител, четвртиот го застрела.

Кирил падна долу до Лидија, која беше врзана со јаже и гледајки ја директно во очите и рече:  “Светителке земи ме со тебе! “ Тогаш се случи нешто чудно: Божествена светлина излегуваше од Светата Маченичка Лидија, и со небесна насмевка му рече: “ Ке те земам“.

Останатите двајца мачители беа исполнети со страв кога ги слушнаа тие зборови. Тие почнаа да пукаат во двајцата маченици. И тие што дојдоа да помогнат да ги извадат и тие беа исплашени.

Еден од двајцата мачители се скрена со умот, другиот умре од мозочен удар. Пред да почине, тој се раскажа на неговиот пријател, Полковник Алексеј Иконов. Полковникот беше убиен заради неговото ревносно раскажување на оваа чудесна сторија, тој беше уапсен и пострада маченички.

Сите тројца, Лидија, Кирил и Алексеј, секогаш се сметаа за Светители во Катакомбната црква.

Превод: И. Г.

Извор: Презвитер Михаел Полски, Новите Руски маченици, Џорданвил 1957 и И. М. Андрејев Руските катакомбни маченици ( Платина, Свети Герман Аљаски, 1982, глава 20).

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *