Свештениот Синод на Константинополската патриаршија на свештениците и ѓаконите на својата црква им разреши повторно стапување во брак во неколку случаи: ако свештеникот е вдовец или ако неговата сопруга сама заминала од него, на 3 Септември соопшти „Интерфакс“ со линк од грчката новинарска агенција за црковни вести „Ромфеа“.
Во синодалниот документ особено е подвлечено, дека дозвола за втор брак нема да биде дадена доколку свештеникот сам ја остави својата сопруга и сака да се ожени со друга. Секој случај на втор брак на клириците поединечно ќе се разгледува од страна на епархискиот архиереј.
Чинот за вториот брак на свештенството ќе биде различно, со обична молитва и во многу тесен семеен круг.
Решението за второбрачно свештенство, Константинополскиот патриархат предложил да се имплементира уште во 2016 година на Сеправославниот Собор на Крит.
„СВЕТА РЕВНОСТ“ како единствено антиекуменистичко гласило во Р. Македонија неможе а да не реагира на оваа скандалозна екуменистичка одлука на Фанар која што е спротивна на црковните канони и правила, и светото Предание на Православната Црква. Ова е уште еден јасен доказ и показател за тоа до каде стигнаа екуменистите и колку се тие далеку од Православната Црква. Всушност, оваа одлука на Цариград е дел од еден екуменистички проект наречен „Осми Вселенски Собор“. Великото светило на Руската Православна Црква Задгранична (РПЦЗ) Архиепоскоп Аверкиј Џорданвилски вели:„Патријархот Мелетиј енергично се зазема за спроведувањето на реформите на “живата црква” во Целата Православна Црква, па со таа цел во 1923 година свика “Сеправославен Собор“, со следните предложени реформи:
* Воведување на оженет епископат во Православната Црква;
* Воведување на второбрачно свештенство;
* Скратување на богослужбите;
* Скратување на постовите;
* Поедноставување на свештеничките одежди со напуштање на носењето брада и долги коси и дозволување на свештенството да води световен начин на живот;
* Воведување на новиот календар.
Очигледно е дека овој проект активно се спроведува во екуменистичките црковни јурисдикции!
Скандалозна е и реакцијата на главниот во Оделот за внатрешни црковни работи на Украинската Православна Црква – Московска Патријаршија (УПЦ – МП), протоиереи Николај Данилевич, кој иако оваа одлука ја нарече „многу спорна“ и „противречна на црковните канони“, меѓутоа ПРИЗНА дека веќе подолго време се спроведува во Руската Православна Црква – Московска Патријаршија. Тој вели: „Секако, секогаш во животот се случуваат и исклучоци од правилата, и понекогаш архиереите заради полза на Црквата (ако свештеникот е добар и активен), или по снисходливост на оделни свештеници, архиереите им разрешуваат втор брак, но да се стави во рамка на правило е премногу“, – тој напиша на својот блог.
Оваа одлука на Цариградска патриаршија е скандалозна, неправославна и спротивна на Светото Предание и животот на Православната Црква.
Според црковните правила, свештеникот може да се ожени само еднаш, и доколку тој остане без својата сопруга тогаш тој треба да прими завет на безбрачност и да продолжи да служи, или да стане монах, или да го остави свештенството и да се ожени по втор пат.
Подготви: СВЕТА РЕВНОСТ.
Извор: internetsobor.org, trueorthodox.eu, dveri.bg.