Ватиканската служба за информирање ја објави програмата на еднодневната посета на папата Фрањо во италијанскиот град Бари по повод Ден на молитва за мир на Блискиот Исток.
Утрото на 7 јули, понтифот ќе го напушти Ватикан со хеликоптер, а во 8 часот и 15 минути ќе допатува во престолнината Апулија. На локалниот плоштад „Кристофор Колумбо“ ќе се одржи поздравна церемонија со учество на црковните и цивилни власти. Потоа, „Епископот на Рим“ ќе се упати во базиликата Св. Николај Чудотворец каде што ќе се сретне со патријарсите – поглавари на Источните христијански цркви, кои папата лично ќе ги пречека на влезот на светилиштето.
Според програмата, во 8 часот и 45 минути папата Фрањо и патријарсите ќе се помолат кај моштите на Св. Николај во криптата на базиликата и ќе запалат кандило со маслиново масло кое се состои од два резервоара а еден фитил: ова кандило направено е во вид на брод што го симболизира единството на источната и западната традиција.
Во 9 часот и 15 минути, иерарсите ќе учествуваат во екуменистички молебен на градскиот брег на Јадранското море. По молитвата, христијанските лидери ќе се врата во базиликата Св. Николај за приватен разговор. Во 13 часот и 30 минути планиран е ручек во резиденцијата на надбискупот на Бари.
Средбата со патријарсите ќе биде завршена во 15 часот и 30 минути, а во 16 часот папата ќе биде на прослава со граѓанските власти.
Враќањето во Ватикан планирано е за во 17 часот и 15 минути, соопшти vaticannews.
Превод: СВЕТА РЕВНОСТ.
Превземено од „Борба за веру“.