Екуменизам – еклисиолошка ерес (9)

patr. dimitrij                           

   ПАТРИЈАРХОТ ДИМИТРИЈ – ПО СТАПКИТЕ НА СВОЈОТ ПРЕТХОДНИК

Престолот на Цриградската Црква по патријархот Атинагора го наследил патријархот Димитриј во 1972 г. Многумина се надевале дека наследникот на Атинагора ќе го напушти дотогашниот курс, бидејки се работело за човек кој меѓу останатите кандидати (како што е инфамниот екуменист архиепископот Јаков американски), не ја истакнувал претерано својата екуменистичка настроеност. Меѓутоа, врз основа на неговата беседа на самото устоличување било јасно дека тој го продолжува курсот на својот претходник. Еве ги неговите зборови:

“Од ова место како прв меѓу еднаквите на Светата Православна Црква го поздравуваме Најсветиот и Најблажениот Папа Римски Павле VI и првиот меѓу еднаквите во целата Црква Христова, почитуван брат, и постар Епископ на Стариот Рим и Патријарх на Западот најблажените поглавари на древните апостолски Цркви, Неговата Милост Архиепископот Кентербериски, почитуваниот поглавар на Старокатоличката Црква… и ја изразуваме својата решеност во верноста на досегашното дело на Вселенскиот Патријарх го следиме светиот и велик пат на големиот наш претходник блаженоупокоениот патријарх Атинагора I во изградбата на сеправославната слога и меѓухристијанското единство. Никако нема да ја пропуштиме својата обврска да го продолжиме дијалогот најнапред со Исламот, а потоа и со останатите поголеми монотеистички религии…”

Да обрнеме внимание на првите зборови на Патријархот. Тие сосема јасно покажуваат јасен став дека Православната Црква не е единствена Црква Христова и дека Патријархот на Цариград како прв меѓу еднаквите во Православната Црква не е прв меѓу еднаквите во Црквата Христова, бидејки тоа место му припаѓа на Римскиот Папа. Значи повторно идентичен став. Фанар се однесува како да нема раскол, како Римската “црква” пред десет века да не отпаднала од Католичката и Апостолска Црква Божја.

На денот во очи самиот избор на патријархт Димитриј, на 15 јули, на литургија во патријаршискиот храм Св. Георги, свештеникот Панајотис Хинарис во присуство на повеќе митрополити на цариградскиот престол причестил група римокатолички туристи од Белгија. Набргу потоа уследиле првите реакции на овој скандал. Orqo,doxoj tu,poj меѓу другото заклучува дека ако Неговата Светост молчејки прејде преку оваа случка “тоа ке значи дека новиот патријарх Димитриј планира да го продолжи еретичкиот пат на својот претходник, што ке значи вистинска пропаст за Великата Црква Христова”[1]

Во своите ставови кон различните христијански конфесии како и кон нехристијанските религии Патријархот го користи  вообичаениот екуменистички вокабулар. За него еретичките монофизити Коптите и православните “не се туѓи едни на други туку едноставно се “разделени”. Папистите се браќа во Христа на кои им е дозволено да влегуваат во олтарот за време на литургијата (како што било случај со папистичкиот свештеник Едмунд Вутсин кој во моментот на хиротонијата на помошниот епископ, митрополитот Халкидонски, според сведоштвото на римокатоличкото грчко списание Католик, стоел до самата чесна трпеза во патријаршискиот храм Св. Георгиј.)

Во своето послание до муслиманите на нивниот празник Бајрам, патријархот Димитриј им порачува: “Еден Велик Бог, чии деца сме сите ние, сите кои веруваме и Му се поклонуваме, сака сите да се спасиме и да бидеме браќа”. Навистина е тешко да се разбере како можат да бидат деца Божји оние кои не го прифаќаат Неговиот Син Единороден и како е можно братство и заедница со лагата и невистината.[2] Бог навистина сака сите да се спасиме, но само едно е името во кое се спасуваме – името на Исуса Христа. Секако, екуменистите сметаат дека е наша должност и обврска  да ги просветлиме заблудените со вистината на Православието и дека е неопходно да ја проповедаме на муслиманите, будистите и на др. Но дали ги просветлуваме честитајки им го Бајрам и со мирни зборови говорејки им дека сите ние сме браќа и дека треба да вршиме добрина, премолчувајки ја вистината дека нивната вреа е од “таткото на лагата”. Дали светите новомаченици им ги честитале на Турците нивните безбожни празници? Дали тоа го правел светиот Козма Етолски или било кој светител на Црквата Христова? Дали Светите Отци им праќале честитки на еретиците за нивните празници и доаѓале на нивното ракополагање и возвикнувале “Аксиос”-достоен? На крајот на краиштата, дали сите Свети Отци биле во заблуда и без Божја љубов кога вистината Божја ја сведочеле исповедајки ја како единствена спасоносна под небесната шапка.  Идејата дека со учествувањето во екуменистичкото движење помагамен на неправославните да ја спознаат вистината на Православието е само празен изговор или во краен случај знак на целосна наивност и заблуда. Колку за овие неколку децении сведочење на Православието успеавме да ги “просветлиме” англиканците, лутераните и другите протестанти кои сега пред очите на православните епископи дрско ракополагаат жени за свештеници, отворено ја оправдуваат хомосексуалноста, развиваат краен верски синкретизам или колку ги просветливме папистите кои нескриено ги поддржуваат разбојничките активности на унијатите во Украина, Романија и на други места ниту во една јота не одстапувајки од богохулните учења за “божествената институција на папскиот примат”, неправилното триадолошко учење и другите ереси. Како, учествувајки во “дијалогот на љубовта” дојдовме до такви импозантни резултати? Само така што проповедавме лажна љубов, љубов незаснована на вистина. Се определивме за лицемерна сентименталност. Свети Максим Исповедник отворено вели: “Советувам еретиците, како на еретици не треба да им се помага пружајки им поддршка на нивното безумно верување, бидејки јас не го нарекувам тоа љубов туку ЧОВЕКООМРАЗА и отпадништво од божествената љубов кога некој помага на еретичката заблуда за ушто поголема пропаст на оние кои се придржуваат до таа заблуда.” Некој можеби ќе рече дека екуменистите не ја поддржуваат ереста, туку ја сведочат единствената вистина на Православието. Без сомнеж, има многу православни екуменисти кои учествуваат во оваа движење со искрени намери, меѓутоа го поставуваме прашањето: Колку еден папист или протестант е убеден и уверен дека Православната црква е единствена и целовита Црква Христова и дека другите “црковни заедници” се еретички, кога православните епископи со почит присуствуваат на службите на еретиците, заедно со нивните бискупи го благословуваат народот, учествуваат во поединечни делови  од “богослуженијата”, а да не ги спомнуваме крајните примери за забрана на крстување на еретици, отвореното признание на нивните “свети тајни” и причестувањето со нив. Сите овие активности токму ги поттикнуваат еретиците во убедувањето дека сите ние сме едно исто и дека еден римокатолик нема потреба да преоѓа во Православие туку да си остане во своето “локално црковно предание” и така да се спаси. Во тој контекст можеме да разбереме зошто за унионистите прашањето за воведување на западниот календар е толку важно. Тешко е имено, да се убеди простиот народ кој се придржува до својата вера и до своите празници дека се исти со Латините, меѓутоа кога ги славиме празниците во исто време со еретиците, аргументите се многу посилни. Западот за Православието во суштина се интересира археолошки и естетски, наоѓајки во него големо духовно богатство на изрази, но не и суштината на богочовечката вистина. Веројатно некои во одбрана на своите ставови ќе наведат дека не би имало обратници кон  папизмот во Православието, ако нашата Црква не учествуваше во екуменистичките активности. Меѓутоа, факт е дека оние кои се обрнале од папизам или протестантизам во Православието не ги обрнале ниту за Православието се воодушевиле од нашите екуменисти на Запад, туку пред се оние кои својата Православна вера светоотечки ја живеат и ја мислат (а меѓу таквите големи духовници нема ниту еден единствен поборник за екуменизмот). Најмногу од тие што се обрнале  решиле да прејдат во православие токму на Света Гора каде е најголемиот бастион на православниот традиционализам и антиекуменизам. Но, мораме да напоменеме дека многумина од нив имале големи маки да најдат епископи кои ќе ги примат во Православната Црква бидејки се плашеле да не ги нарушат своите добри односи со Рим. И ден денес Светогорците тајно ги крштеваат еретиците, бидејки тоа официјално е забрането од Цариград, бидејки нивното крштение за Цариград е сосема полноважно. Тоа е вистинското лице на екуменизмот.

 

[1] Orqo,doxoj tu,poj год. II 167-168, 1. i 15. август

[2] Во врска со братството со муслиманите ги повторуваме зборовите на св. Владика Николај: “Бог е творец на сите луѓе. А Бог е Отец само на оние луѓе кои веруваат во Синот Божји и во синовството.” Кој и да е кој се одрекува од Синот тој нема ни Отец, а кој го признава Синот тој има и Отец”(1 Јов. 2, 23) – Сите луѓе се созданија Божји и потенцијално се синови Божји. Но, вистински синови Божји се “оние кои Го примија и на кои им се даде власт да се наречат синови Божји, кои веруваат во името Негово, кои не се родија од крв.. туку од Бога”(Јован1, 12-13). Оваа разлика помеѓу христијаните и нехристијаните, те. помеѓу родените и создадените мора особено да се истакне во нашето време на вулгарна пропаганда дека сите вери се еднакви, снижувајки ги планините во долини, а не дигајки ги долините во висините на планините.”

Продолжува…

Превод: Р. К.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *